Стеван Поповски
Стеван Поповски (Скопје, 7 март 1933 - Варшава, Полска, 14 мај 2016) — македонски и полски сликар, еден од најпознатите македонски претставници на наивата.
Стеван Поповски | ||
Роден | 7 март 1933 Скопје, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 14 мај 2016 Варшава, Полска | |
Занимање | сликар |
Животопис
уредиПоповски е роден на 7 март 1933 година во Скопје. По образование бил педагог и новинар, а негова страст била сликарството. Татко е на две ќерки. Бил женет трипати. Мајка му е по потекло Македонка, татко му е Србин. Во текот на Втората светска војна заедно со баба му бил во Кочани, каде меѓу другото тајно им пренесувал писма на партизаните. По војната се вратил во Скопје и на петнаесетгодишна возраст се запишал на вонредните курсеви за педагози, кои ги завршил. Неколку години работел како учител, најпрво на село, а потоа во Скопје. Во текот на работењето во Скопје почнал да студира новинарство. Тоа му овозможило да се откаже од педагошката кариера во која не се гледал себеси. Во шеесеттите години работел како новинар. Во 1971 година заминал на стипендија во Париз односно Монмартр каде живеел 5-6 години. Таму работел во телевизија и се развивал како уметник. Се оженил со Полјачка и во 1976 година почнале да живеат заедно во Варшава. Во тој период направил една од неговите најубави слики. Во 1993 година го добил полското државјанство. По разводот со третата жена почнал пак да живее во Скопје но контактите со Полска цело време биле интензивни. Подоцна повторно се вратил во Полска за постојано и планирал да отвори ателје. Цело време работел како уметник, сè до неговата смрт на 14 мај 2016 година која го затекнала во Варшава.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Почина сликарот Стеван Поповски“. Архивирано од изворникот на 2016-05-17. Посетено на 2016-05-14.