Средновековна филозофија

Средновековната филозофијафилозофијата за време на средниот век, период кој грубо се протега од паѓањето на Западното Римско Царство во V век од нашата ера па сè до ренесансата во XVI век. Средновековната филозофија се сфаќа како проект на независнo филозофскo истражување, започнат во Багдад, во средината на VIII век и во Франција, во последната четвртина на VIII век.[1] Таа се сфаќа во главно како процес на повторно откривање на античката култура развиена во Грција и Рим во класичниот период и како алатка за решавање на теолошките проблеми.

Историјата на средновековната филозофија е традиционално поделена на два главни периоди: периодот во латинскиот запад проследен со раниот среден век сè до XII век, кога делата на Аристотел и Платон биле зачувани и култивирани и „златното доба“ на XII, XIII и XIV век во латинскиот запад, кои сведочат за кулминацијата на враќањето на античката филозофија, заедно со значајните развивања во полињата на: филозофијата на религијата, логиката и метафизиката.

Средниот век бил омаловажуван од страна на ренесансните хуманисти, кои го гледале како варварски ‘среден’ период помеѓу класичното време на грчката и римската култура и преродувањето или ренесансата на класичната култура. Современите историчари го сметаат средниот век за период на значителен филозофски развој, иако бил под влијание на христијанската теологија. Еден од најзначајните мислители на овој период, Тома Аквински, никогаш не се сметал себе за филозоф.[2]

Проблемите за коишто се зборувало во овој период се односот на верата и разумот, расправите околу божјото постоење, целта на теологијата и метафизиката, а особено важен проблем е расправата за онтолошкиот статус на универзалиите или општите поими.[3]

Карактерот на средновековната филозофија

уреди
 
Филозофијата седната помеѓу седумте либерални уметности – Слика од (12 век)

Средновековната филозофија е особено теолошка: со можни исклучоци на Авицена и Авероес, средновековните мислители не се сметале себеси за филозофи воопшто. Нивните интереси се теолошки: за нив, филозофите биле антички пагански писатели како што се Платон и Аристотел.[4] Сепак, во теолошките дела на средновековните писатели се употребуваат идеи и логички техники од античките филозофи за да се решат тешките теолошки прашања и поентите на доктрината. Тома Аквински, следејќи го Петар Дамијан, тврдел дека филозофијата е слуга на теологијата (ancilla theologiae).[5]

Трите принципи кои лежат во основата на сите нивни дела се употребата на логиката, дијалектиката и анализата да се открие вистината, позната како ratio, почитување на увидот на античките филозофи, особено Арисотел и почитување на нивниот авторитет (auctoritas) и обврската да се координираат увидите на филозофијата со теолошките учења и откровение (concordia).[6]

Една од најтешките дебатирани точки на периодот е верата наспроти разумот. Авицена и Авероес, двајцата биле на страната на разумот. Августин навел дека тој никогаш не би дозволил неговите филозофски истражувања да одат подалеку од авторитетот на Бог.[7] Анселм се обидел да го одбрани она што го видел како делумен напад на верата, со пристап овозможувајќи и за верата и за разумот.[8] Августиновото решение за вера/разум проблемот е да (1) се верува и потоа (2) да се обиде да се разбере.

Историја

уреди

Раната средновековна христијанска филозофија

уреди
 

Границите на раниот средновековен период се предмет на дискусија.[9] Генерално е прифатено дека започнува со Августин (354-430) кој строго припаѓа на класичниот период и завршува со трајното оживување на учењето во доцниот 11 век, на почетокот на високиот средновековен период.

По паѓањето на Римското Царство, Западна Европа западнала во т.н. темни години. Манастирите биле меѓу лимитираниот број на фокусни точки на формалното академско учење, кои може да се претпостави дека се резултат од владеењето на Св. Бенедикт во 525, кој барал монасите да ја читаат Библијата секој ден и неговиот предлог дека до почетокот на Големиот пост, книга да биде дадена на секој монах.Во подцнежните периоди, монасите биле употребувани за обука на администраторите и свештениците.[10]

Раната христијанска мисла, особено во патристичкиот период, настојува да биде интуитивна и мистична и е помалку зависна од разумот и логичниот аргумент.Исто така става повеќе акцент на понекогаш-мистичните доктрини на Платон и помалку врз систематичните размислувања на Аристотел.[11] Многу од делата на Аристотел биле непознати на Западот во овој период. Научниците се потпирале на преведувањата на Ботеиус на латински на Аристотеловите Категории, логичките дела On Interpretation и неговиот латински превод на Isagoge од Порфири, кои претставуваат вовед во Категориите на Аристотел.[12]

Двајца римски филозофи имале големо влијание врз развивањето на средновековната филозофија: Агустин и Ботеиус. Августин се смета за најголемиот од црковните отци. Тој првенствено е теолог и побожен писател, но повеќето од неговото пишување е филозофско. Неговите теми се вистината, Бог, човечката душа, значењето на историјата, гревот и спасот. Повеќе од илјада години, не постоело латинско дело на теологијата или филоzофијата, кое не го цитирало неговото пишување или го повикува неговиот авторитет. Неговото пишување имало влијание врз развивањето на раната модерна филозофија, како кај Декарт.[13] Анициус Манлиус Северинус Ботеиус бил христијански филозоф роден во Рим на античко и влијателно семејство. Тој станал конзул во 510 во царството на Остроготите. Неговото влијание на раниот средновековен период бил исто така забележан (толку многу што понекогаш се нарекува Ботеиски период ).[14] Тој планирал да ги преведе сите дела на Аристотел и Платон од оригиналниот грчки на латински и превел многу од Аристотеловите логички дела, како За толкувањата и Категориите. Напишал коментари на тие дела и на Isagoge од Порфириј. Ова го воведува проблемот на универзалиите во средновековниот свет.[15]

 

Првото значајно обновување на учењето било кога Карло Велики, советуван од Питер од Пиза и Алкуин од Јорк, ги привлекол научниците од Англија и Ирска и со кралска одлука во 787 н.е основа училишта во секоја опатија во неговата империја.Овие школи, од кои името Схоластизам е извлечено, стануваат центар на средновековното учење.

Јован Скот Ериугена, наследник на Алкуин од Јорк, бил ирски теолог и неоплатоновски филозоф. Тој е познат по преведувањето и пишувањето коментари на делата на Псевдо-Дионисиј, за кој првенствено се мислело дека се од апостолското време. Околу овој период се појавиле неколку научни дискусии, како прашањето дали Бог е предодреден за некои за спас, а за некои за проколкување. Ериугена бил викнат да ја смири оваа дебата.

Развиениот среден век

уреди

Периодот од средината на XI век до средината на XIV век е познат како „развиен средновековен“ или 'схоластички' период. Генерално е прифатено дека започнува со Анселм, италијански филозоф, теолог и основоположник на онтолошкиот аргумент за постоењето на Бог.

 

XIII и раниот XIV век генерално се сметаат за најразвиен период во схоластиката. Раниот XIII век сведочи за кулминацијата на враќањето на грчката филозофија. Училиштата за превод израснале во Италија и Сицилија и на крајот во останатиот дел од Европа. Научници како Аделар од Бат патувале до Сицилија и Арапските земји, преведувајќи дела од астрономија и математика, вклучувајќи го првиот комплетен превод на Евклидовите елементи.[16] Моќните Нормански кралеви собрале мажи со знаење од Италија и други области во нивните палати како знак на нивниот углед.[17] Преводите на Вилијам од Моербак на грчките филозофски текстови во средината на 13 век помогнале во формирањето појасна слика за грчката филозофија, особено за Аристотел, потоа дадени наместо Арапските верзии на кои претходно се потпирале, кои го имаат нарушено односот помеѓу Платновските и Аристотеловските системи на филозофијата.[18] Неговите дела ги формирале основите на главните забелешки кои следеле.

 
Тома Аквински

Универзитетите се развиле во големите градови на Европа во текот на овој период и соперничките свештеници даваат наредба во рамките на Црквата да се почне битка за политичка и интелектуална контрола врз овие центри за образовен живот. Двата главни сталежа во овој период биле Фрањевците и Доминиканците. Фрањевците биле пронајдени од Фрањо Асишки во 1209. Нивниот водач во средината на векот бил Бонавентура, традиционалист кој ја бранел теологијата на Августин и филозофијата на Платон, вметнувајќи само малку од Аристотел со повеќе неоплатоновски елементи.[19] Следејќи го Анселм, Бонавентура претпоставувал дека разумот може да ја открие вистината тогаш кога филозофијата ќе биде осветлена од религиозна вера. Други важни фрањевски писатели биле Дунс Скот, Вилијам Окам.

Од друга страна, Доминиканскиот сталеж, пронајден од Св. Доминк во 1215 ставил повеќе акцент на употребата на разумот и направи голема употреба на новите Аристотелови извори извлечени од Истокот. Најдобрите претставници на Доминиканското размислување во тој период биле Алберт Магнус и особено Тома Аквински, чии вешти синтези на грчкиот рационализам и Христијанска доктрина на крајот ја дефинирале Католичката филозофија. Аквински поставил акцент на разумот и аргументацијата и биле еден од првите кои употребил нов превод на Аристотеловите метафизика и епистемологија. Ова било значајно заминување од [[неоплатонизмотѓѓ и Августиновото размислување кое доминирало во раната схоластика. Аквински покажал како е можно да се соедини многу од филозофијата на Аристотел без да се западне во “грешки” на критичарот Авероес.

Во почетокот на 20 век историчарот и филозоф Мартин Грабман бил првиот схоластик кој работел надвор од рамките на тековниот развој на мислата во схоластиката и гледал во Тома Аквински одговор и развој на мислата подобро отколку единечен, појавување кохерентно и структурирано единство. Иако Грабмановите дела на германски се бројни само Тома Аквински е достапен на англиски.

Предметите на средновековната филозофија

уреди

Сите главни гранки на филозофијата денеска биле дел од средновековната филозофија. Средновековната филозофија вклучувала многу области првично објавени од паганските филозофи на антиката , особено Аристотел. Сепак, дисциплината сега наречена филозофија на религија била, се претпоставува, уникатен развој на средновековната ера и многу од проблемите со кои се дефинира темата прво зеле облик во средниот век, во форми со кои се сè уште препознатливи денес.

Теологија

уреди

Средновековната филозофија е карактеристично теолошка. Темите дискутирани во овој период вклучуваат:

  • Проблемот на согласност на божествените атрибути: Како атрибутите кои традиционално се припишуваат на највисокото постоење, како што се неограничена моќ,знаење на сите ствари, бесконечна добрина, постоење надвор од време итн.се логично доследни едни на други?
  • Проблемот на злото: Класичните филозофи шпекулираат за природата на злото, но проблемот за тоа како семоќниот, сезнаен, крал Бог може да создаде систем од нешта во кој постои злото прво се појавил во средновековниот период.
  • Проблемот на слободна волја: Сличен проблем бил да се објасни како „божественото предзнаење“- Божественото знаење што ќе се случи во иднината – е прифатливо со нашата верба во нашата сопствена слободна волја.

Метафизика

уреди
 

После реоткривањето на Аристотеловата метафизика во средината на 12 век многу схоластици напишале критики на неговото дело(особено Аквински и Скот). Проблемот за универзалиите бил еден од главните проблеми врзани за тој период. Други теми вклучуваат:

  • Хиломорфизам - развиток на Аристотеловата доктрина дека поединечните нешта се составени од материја и форма (статуата е составена од гранит и формата извајана во неа)
  • Постоење - being qua being
  • Каузалност- дискусијата за каузалност се состои најмногу од критиките на Аристотел, главно Физиката и За небото. Доказот на Дунс Скот за постоењето на Бог е заснован на концепцијата на каузалност.
  • Индивидуализација- проблемот на индивидуализацијата е да се објасни како ние поединечно или бројно правиме дистинкција на членовите од било кој вид за кои таа е дадена. Проблемот се појавил кога било потребно да се објасни како поединечните ангели од ист вид се разликуваат едни од други. Ангелите се бестелесни и нивните бројни разлики не може да се објаснат од различната материја од која се направени. Главни претставници на оваа дискусија се Аквински и Скот.

Природна филозофија

уреди

Во природната филозофија и во филозофијата на науката, средновековните филозофи биле главно под влијание на Аристотел. Сепак, од ХIV век па натаму, зголемената потреба на математичките размислувања во природната филоzофија го припремила патот на издигнувањето на науката во раниот модерен период. Претставници: Вилијам Окам, Алберт Саксонски.

Логика

уреди

Големиот историчар на логиката Бохенски[20] го зема предвид средниот век како еден од трите големи периоди во историјата на логиката. Од времето на Абелар до средината на XIV век, схоластичарите ја преработиле и развиле Аристотеловата логика до значаен степен. Во раниот период, писателите како Пјер Абелар пишувале критики на делата на Аристотел. Подоцна, се појавиле нови подрачја на логичкото истражување и нови логички и семантички концепции биле развиени.

Филозофија на умот

уреди

Средновековната филозофија на умот е заснована на Аристотеловата За душата, уште едно дело откриено на запад во ХVII век. Се сметала за дел од филозофијата на природата. Некои од темите дискутирани во ова подрачје вклучуваат:

  • Божествено просветлување - учењето за Божественото осветлување било алтернатива на натурализмот. Се смета дека луѓето имаат специјална помош од Бог во нивното обично размислување. Учењето е најблиску поврзано со Августин и неговите схоластички следбеници.
  • Теории на докажување.

Писатели во оваа област: Св. Августин, Дунс Скот, Тома Аквински и Вилијам Окам.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Pasnau, Robert (2010). „Introduction“. The Cambridge History of Medieval Philosophy. Cambridge, UK: Cambridge University Press. стр. 1. ISBN 978-0-521-76216-8.
  2. Davies, Brian (2004). Aquinas. Continuum International Publishing Group. стр. 14.
  3. Gracia & Noone p1
  4. Gracia & Noone p 1)
  5. Gracia & Noone p.35
  6. Gracia & Noone pp.3-5
  7. Kretzmann & Stump p 27
  8. Gallatin
  9. Gracia & Noone p 1
  10. Gracia & Noone p.45
  11. Russell, Book II, Part i, c. 6
  12. Russell p.353
  13. Hyman & Walsh p. 15
  14. McGavin p. 53
  15. Hyman & Walsh pp.114-117
  16. Clagett (1982), p. 356.
  17. Lindberg (1978), p. 70-72.
  18. Fryde
  19. Hyman & Walsh, 'Bonaventura', p.454
  20. Bochenski 1961, pp. 10-18

Библиографија

уреди

Надворешни врски

уреди