Филозофија на науката

(Пренасочено од Филозофијата на науката)

Филозофијата на науката — гранка на филозофијата која се занимава со претпоставките, основите, методите, следствата на науката, како и со употребата и заслугите на науката. Оваа дисциплина понекогаш се преклопува со метафизиката и епистемологијата, на пример кога истражува дали научните резултати сочинуваат истражување или се некаква вистина. Кон овие централни проблеми на науката во целина, многу филозофи ги придодаваат и проблемите кои се однесуваат на одредени науки (на пример, филозофија на биологијата или филозофија на физиката). Некои филозофи на науката исто така ги користат современите резултати во науката за да дојдат до заклучоци за филозофијата.

Историски, филозофијата на науката се среќавала со различен степен на прифаќање од страна на научната јавност. Иако научниците често придонесуваат во оваа област, многу познати научници почувствувале дека практичниот ефект од нивната работа е ограничен; еден популарен цитат од физичарот Ричард Фајнман гласи: „Филозофијата на науката е исто толку корисна за научниците колку што е орнитологијата за птиците“. Одредени филозофи (како Крег Календер) како одговор велат дека познавањето на орнитологијата би било од голема корист за птиците ако тие се способни да ја разберат.

Карл Попер за време на 1980-те

Разликување на науката од ненауката се нарекува со проблем на разграничување. На пример, треба ли Психоанализа да се смета за наука? Слични разгледувања се врзани на наука за созадавње, хипотеза за инфлаторна мултивселена или Макроекономија. Карл Попер ова го нарекол како централно прашање во филозофијата на науката.

Поврзано

уреди

Литература

уреди
  • Кохановский, В. П. и др. Основы филозофии науки.— М.: Феникс, 2007.— 608 с.— ISBN 978-5-222-11009-6.
  • Куликов, С. Б. Перспективы развития прогрессивистского образа науки.— Saarbrücken: LAP LAMBERT Academic Publishing, 2011.— 140 с.— ISBN 978-3-8433-1877-8.
  • Лебедев С. А., Ильин В. В., Лазарев Ф. В., Лесков Л. В. Введение в историю и филозофию науки. — 2-е издание. — М.: Академический проект, 2007. — ISBN 978-5-8291-0840-3.
  • Липкин А. И. (ред.) Филозофия науки.— М.: ЭКСМО, 2007.— 608 с.— ISBN 978-5-699-18350-0.
  • Никифоров А. Л. Филозофия науки: история и методология.— М.: Дом интеллектуальной книги, 1998.— 276 с.— ISBN 5-7333-0127-9.
  • Стёпин В. С. Филозофия науки. Общие проблемы.— М.: Гардарики, 2006. — 384 c.— ISBN 5-8297-0148-0.
  • Челышев П. В. Очерки по истории и филозофии науки.— М.: Московский государственный горный университет, 2009.— 218 с.