Славка Манева (Скопје, 2 февруари 1934 - Скопје, 8 јануари 2010[1]) — македонска писателка.[2]

Славка Манева
Родена 2 февруари 1934
Скопје
Починала 8 јануари 2010(2010-01-08) (возр. 75)
Скопје
Националност Македонка
Занимање писателка

Животопис уреди

Родена во Скопје на 2 февруари 1934. Завршила студии по книжевност на скопскиот Философски факултет. Работела како професор по македонски јазик и литература во гимназиите „Цветан Димов“ и „Јосип Броз Тито“ во Скопје. Пишува поезија и проза за деца подолг период. Досега се објавени книгите:

  • „Свирипиле“,
  • „Џиџа“,
  • „Камчето на сакањето“,
  • Волшебниот лифт“,
  • „Готварски сказни“,
  • „Виножитото што пее“,
  • „Од дедо Марковото торбуле“,
  • „Приказни без крај“,
  • „Куќата на божилакот“.

Во библиотеката „Јунаци и јунаштва“ печатени се книгите „Кирил Пејчиновиќ“ и „Климент Охридски“. Има подготвено и преведено антологија на детскиот расказ „Децата на светот“. Преведувана е на српски, турски, албански, руски, бугарски, полски, ерменски, грузиски и литвански јазик. Застапена е во повеќе антологиски избори кај нас.

За книгата сказни „Ѕвездени перничиња“ добитник е на награда „Ванчо Николески“ за 1996 година, што ја доделува друштвото на писатели во Македонија. Починала во Скопје на 8 јануари 2010 година[1].

Творештво уреди

  • Свирипиле
  • Џиџ
  • Камчето на сакањето
  • Волшебниот лифт
  • Готварски сказни
  • Виножитото што пее
  • Од дедо Марковото торбуле
  • Приказни без крај
  • Куќата на божилакот

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Последен збор Славка Манева“. Утрински Весник. 9 јануари 2010. Посетено на 2010-01-10.
  2. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 149.