Волшебниот лифт

книга за деца на македонската писателка Славка Манева

„Волшебниот лифт“ — книга за деца на македонската писателка Славка Манева, првично објавена во 1985 година од издавачката куќа Детска радост, како 40. книга од библиотеката „Другарче“.[1]

Содржина

уреди

Книгата се состои од два прозни текста: „Волшебниот лифт“ и „Мони и Зуза“.

Волшебниот лифт

уреди

Новелата „Волшебниот лифт“ се состои од следниве делови:[2]

  • Пролог
  • Кај кадифените врапци
  • Кај горските самовилчиња
  • Кај старата желка
  • Големата тага
  • Кај гулабите
  • Кај орлите
  • Кај ветрот
  • Во прегратките на мама

Мони и Зуза

уреди

Текстот „Мони и Зуза“ се состои од следниве делови:[3]

  • Пролог
  • На патот кон Соналија
  • Средбата со постариот брат на плачко
  • Средбата со најстариот брат
  • Дедо Мрак
  • Во Соналија
  • Царицата Данка-Спанка

Технички податоци

уреди

Книгата, со обем од 72 страници и со димензии од 24 сантиметри, е испечатена во ООЗТ Печатница при РО НИП „Нова Македонија“ во тираж од 2 050 примероци. Автор на илустрациите во книгата е Доне милјановски, ликовното и графичкото уредување го направил Франц Кулеванов, а лектурата — Евтим Манев. Книгата е каталогизирана во НУБ „Климент Охридски“, но не ја поседува меѓународната изнака ISBN.[4]

Наводи

уреди
  1. Славка Манева, Волшебниот лифт. Скопје: Детска радост, 1985, стр. 2.
  2. Славка Манева, Волшебниот лифт. Скопје: Детска радост, 1985, стр. 5-39.
  3. Славка Манева, Волшебниот лифт. Скопје: Детска радост, 1985, стр. 41-68.
  4. Славка Манева, Волшебниот лифт. Скопје: Детска радост, 1985, стр. 71-72.