Кучица

село во Општина Карбинци

Кучица — село во областа Јуруклак, во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.

Кучица

Поглед кон селото

Кучица во рамките на Македонија
Кучица
Местоположба на Кучица во Македонија
Кучица на карта

Карта

Координати 41°44′32″N 22°22′54″E / 41.74222° СГШ; 22.38167° ИГД / 41.74222; 22.38167
Регион  Источен
Општина  Карбинци
Област Јуруклак
Население 140 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2207
Повик. бр. 032
Шифра на КО 30031
Надм. вис. 770 м
Кучица на општинската карта

Атарот на Кучица во рамките на општината
Кучица на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Ова мало село се наоѓа во областа Јуруклак, во крајниот југоисточен дел на територијата на Општина Карбинци, а на северозападните ограноци на планината Плачковица, припаѓајќи на групата потпланински села.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 770 метри.[2] Од градот Штип е оддалечено околу 30 километри.

Историја уреди

Во XIX век, Кучица било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Стопанство уреди

Атарот зафаќа простор од 12,1 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 585 хектари, на пасиштата отпаѓаат 230 хектари, а на обработливото земјиште 189 хектари.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948322—    
1953303−5.9%
196184−72.3%
197197+15.5%
1981119+22.7%
ГодинаНас.±%
1991136+14.3%
1994125−8.1%
2002119−4.8%
2021140+17.6%

Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 86 жители, сите Турци.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Турци.[4]

Селото е мало, но со пораст на населението. Така, во 1961 година броело 84 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 125 жители, турско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Кучица живееле 119 жители, сите Турци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 140 жители, од кои 128 Турци и 12 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 322 303 84 97 119 136 125 119 140
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]


Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

 
Поглед на селото

Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година селото се наоѓало во рамките на тогашната општина Радање.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Радање, во која покрај селото Кучица, се наоѓале и селата Вртешка, Голем Габер, Ебеплија, Јунузлија, Калапетровци, Калаузлија, Кепекчелија, Кошево, Курфалија, Кучилат, Кучица, Мал Габер, Мичак, Муратлија, Никоман, Оџалија, Почивало, Прналија, Радање и Шашаварлија. Селото било седиште на некогашната Општина Кучица во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Вртешка, Ебеплија, Кучица, Мичак, Муратлија и Прналија.

Избирачко место уреди

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 2331 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 140 гласачи.[12]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 136 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости уреди

Џамии[14]
  • Џамија — главна џамија во селото
Реки[15]
  • Козјачка Река — реката настанува со спојување на реката Вртешка и непостојаниот водотек во самото село, каде е позната како Кучишка Река

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 171. Посетено на 10 февруари 2021.
  3. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 240.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 10 февруари 2021.
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 10 февруари 2021.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 10 февруари 2021.
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  15. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 37. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди