Калтенордхајм

град во Германија

Калтенордхајм (германски: Kaltennordheim) — мал град во округот Шмалкалден-Мајнинген, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа на подрачјето на планините Рен, 22 километри југозападно од Бад Залцунген и 35 километри источно од Фулда.

Калтенордхајм

Kaltennordheim

Градското собрание на Калтенордхајм
Градското собрание на Калтенордхајм
Градското собрание на Калтенордхајм
Грб на Калтенордхајм
Калтенордхајм во рамките на Германија
Калтенордхајм
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Шмалкалден-Мајнинген
Општ. заед. Хое Рен
Градски единици 12
Градоначалник Ерик Тирмер (ДХС)
Основни податоци
Површина 94,41 км2
Надм. височина 440 м
Население 5.773 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 61 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SM
Пошт. бр. 36452
Повик. бр. 036966
Портал www.kaltennordheim.de
Местоположба на градот Калтенордхајм во рамките на округот Шмалкалден-Мајнинген
Карта
Карта
Координати 50°38′0″N 10°10′0″E / 50.63333° СГШ; 10.16667° ИГД / 50.63333; 10.16667

Градот претставува административно седиште на општинската заедница Хое Рен.

Географија уреди

 
Градските единици од 1 јануари 2019 г.

Калтенордхајм се наоѓа во југозападниот дел на Тирингија, во горниот тек на реката Фелда, во областа на биосферниот резерват Рен. Висината на општината се движи од 400 до 800 метри.

Соседни општини уреди

Градот на север се граничи со општините Шлајд, Дермбах, Емпфертсхаузен и Визентал во округот Вартбург, на исток со општините Вазунген и Фриделсхаузен, на југоисток со општината Ренблик, на југ со општините Ербенхаузен и Обервајд и на запад со градот Тан (Рен) во Хесен. Местото Мелперс се смета за ексклава јужно од Ербенхаузен и непосредно со сојузната граница со Баварија.

Градски единици уреди

Градот се дели на местата Анденхаузен, Ашенхаузен, Фишбах/Рен, Калтенленгсфелд, Калтенордхајм, Калтензундхајм, Калтенвестхајм, Клингс, Мелперс, Мителсдорф, Оберкац и Унтервајд.

Клима уреди

Климата е релативно свежа.

Историја уреди

Во рамките на Германското Царство (1871-1918), Калтенордхајм бил дел од Големото Војводство Саксо-Вајмар-Ајзенах.

Политика уреди

Градски совет уреди

Градскиот совет се состои од 20 избрани членови.

  • CDU/Граѓани за Горен Рен: 5 места
  • FWG Калтенленгсфелд: 1 место
  • FWGF (Слободно изборно друштво Фишбах/Рен): 2 места
  • FWG Клингс: 1 место
  • Независни граѓани (UB): 5 места
  • Спортско и стрелачко друштво: 1 место
  • Изборно друштво „Хое Рен“: 5 места

(состојба: локални избори на 26 мај 2019 г.)[2]

Градоначалник уреди

Градоначалник на Хицакер е Ерик Тирмер (CDU).

Збратимени градови уреди

Калтенордхајм е збратимен со следниве градови:

Наводи уреди

  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2021. (германски)
  2. „Gemeinderatswahl 2019 in Thüringen – endgültiges Ergebnis“. wahlen.thueringen.de. Der Landeswahlleiter. Посетено на 2019-08-29.

Надворешни врски уреди