Елмсхорн (германски: Elmshorn) — град во округот Пинеберг, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа 32 километри северно од Хамбург, сместен на малата река Крикау, близу Елба. Претежно индустриски град, Елмсхорн е шести град по големина во сојузната покраина, по Кил, Либек, Фленсбург, Нојминстер и Нордерштет.

Елмсхорн
Црквата Св. Никола во Елмсхорн
Црквата Св. Никола во Елмсхорн
Црквата Св. Никола во Елмсхорн
Грб на Елмсхорн
Елмсхорн во рамките на Германија
Елмсхорн
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Пинеберг
Градоначалник Фолкер Хатје (независен)
Основни податоци
Површина 21,36 км2
Надм. височина 3 м
Население 49.948 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 2.338 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. PI
Пошт. бр. 25335, 25336, 25337
Повик. бр. 04121
Портал www.elmshorn.de
Местоположба на градот Елмсхорн во рамките на округот Пинеберг
Карта
Карта
Координати 53°45′7″N 9°39′4″E / 53.75194° СГШ; 9.65111° ИГД / 53.75194; 9.65111

Првпат бил споменат во 1141 година, а градските права ги добил во 1870 година и денес е седиште на окружниот совет на округот Пинеберг, кој влегува во рамките на метрополитенската област Хамбург. Градот исто така претставува административно седиште на општинската заедница Елмсхорн-Ланд, иако самиот град не е член на заедницата.

Елмсхорн е поделен на пет четврти Калтенвајде, Лангелое/Хајнхолц, Клостерзанде/Лит, Фуксберг и Мите/Фламвег.[2]

Стопанство уреди

Историски, Елмсхорн имал многу претпријатие во прехранбената индустрија, вклучувајќи ја преработката на месо и производството на колбаси, производството на маргарин и житарици. Многу претпријатие постојат и денес, како Делинг-Харајко (обработка на месо/производство на колбаси) и Келн (производство на житарици, главно овес и мусли).

Меѓународни односи уреди

Збратимени градови уреди

Елмсхорн е збратимен со следниве градови:

Познати луѓе уреди

Наводи уреди

  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2020 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2021. (германски)
  2. Elmshorn - zwischen Stadtvierteln, Stadtteilen und Stadtquartieren. во Elmshorner Nachrichten. 12 април 2012.

Надворешни врски уреди