Главовица

село во Општина Кочани

Главовица — село во Општина Кочани, во областа Осоговија, во околината на градот Кочани.

Главовица

Поглед на Главовица

Главовица во рамките на Македонија
Главовица
Местоположба на Главовица во Македонија
Главовица на карта

Карта

Координати 42°02′51″N 22°30′23″E / 42.04750° СГШ; 22.50639° ИГД / 42.04750; 22.50639
Регион  Источен
Општина  Кочани
Област Осоговија
Население 24 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2300
Повик. бр. 033
Шифра на КО 13008
Надм. вис. 980-1.200 м
Главовица на општинската карта

Атарот на Главовица во рамките на општината
Главовица на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Главовица се наоѓа северно од Кочанската Котлина, на падините на планината Осогово. Селото е планинсо и од разбиен тип, а неговите маала се издигаат на надморска височина од 980-1.200 м. Селскиот атар зафаќа површина од 8,7 км2. Од Кочани е оддалечено 23 км.[2]

Маалата во селото се познати како Чукарска Маала и Милевска Маала.

Стопанство уреди

Селото има главно земјоделска функција. Во рамките на неговиот атар, шумите зафаќаат површина од 309,8 ха, на пасиштата отпаѓаат 221,7 ха, а обработливото земјиште е на површина од 174 ха.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948238—    
1953252+5.9%
1961265+5.2%
1971262−1.1%
1981199−24.0%
ГодинаНас.±%
1991138−30.7%
1994134−2.9%
200259−56.0%
202124−59.3%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Главовица живееле 154 жители, сите Македонци.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Главовица живеат 59 жители, сите Македонци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 24 жители, од кои 16 Македонци и 8 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 154 / 238 252 265 262 199 138 134 59 24
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Општествени установи уреди

Во селото има основно училиште во коешто повеќе не се одржува настава.

Самоуправа и политика уреди

Селото влегува во рамките на Општина Кочани од 2004 година.

Во периодот 1996-2004, селото било дел од Општина Оризари.

Во периодот 1955-1996, селото било дел од Општина Кочани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Полаки.

Во XIX век, Главовица било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 896 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[11]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 38 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта[13]
  • Преслап — населба од доцноантичко време.
Реки
Споменици
  • Споменик на НОБ.

Личности уреди

Починати во Главовица

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 68-69.
  3. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 229.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2021.
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 26 март 2021.
  12. „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 1 април 2021.
  13. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 9989649286.

Надворешни врски уреди