Бокенем (германски: Bockenem) — мал град во округот Хилдесхајм, сојузната покраина Долна Саксонија, Германија, основан во 1154 година. Градот се наоѓа на германскиот пат на фахверкот.

Бокенем

Bockenem

Црквата „Св. Панкратиј“ во Бокенем
Црквата „Св. Панкратиј“ во Бокенем
Црквата „Св. Панкратиј“ во Бокенем
Грб на Бокенем
Бокенем во рамките на Германија
Бокенем
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Хилдесхајм
Градоначалник Рајнер Блок (независен)
Основни податоци
Површина 109,04 км2
Надм. височина 110 м
Население 9.780 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 90 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HI
Пошт. бр. 31167
Повик. бр. 05067
Портал www.bockenem.de
Местоположба на градот Бокенем во рамките на округот Хилдесхајм
Карта
Карта
Координати 52°00′42″N 10°07′55″E / 52.01167° СГШ; 10.13194° ИГД / 52.01167; 10.13194

Географија уреди

Местоположба уреди

 
Бокенем

Бокенем се наоѓа на десет километри северозападно од подножјето на Харц.

Градски единици уреди

Градот настанал на 1 март 1974 година кога кон него биле припоени некогашни општини. Денес, кон градот припаѓаат следниве места (во заградите нивниот број на жители според 1 јануари 2015 г.): Бениен (472), Борнум (1161), Билтум (136), Грос Илде (196), Хари (339), Јерце (175), Клајн Илде (61), Кенигсдалум (372), Малум (493), Нете (421), Ортсхаузен (236), Шлевеке (562), Штери (230), Упштет (217), Фолкерсхајм (853), Вердер (118) и Воленхаузен (86).

Соседни општини уреди

Бокенем се граничи со Холе на север, со Зезен на југ, со Ламшпринге на запад, со Бад Залцдетфурт на северозапад, а на исток со Лутер на Баренберге.

Знаменитости уреди

  • Селото Штери било познато по својот музеј на мали автомобили во светот, кој бил најголем од таков вид. Музејот бил затворен во 2005 година.
  • Наосот на протестантската црква во Бокенем бил изграден во 1403 година.
  • Друга интересна црква е во селото Нете. Романескната кула била користена како тврдина во воени услови. Наосот потекнува од 1731 година.

Меѓународни односи уреди

Бокенем е збратимен со следниве градови:

Познати луѓе уреди

Наводи уреди

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)

Надворешни врски уреди