Џон Томас Гордон Руди (роден на 24 октомври 1986) е англиски фудбалер кој игра за Норич Сити и репрезентацијата на Англија како голман.

Џон Руди
John Ruddy[1]
Лични податоци
Роден на 24 октомври 1986(1986-10-24)(37 г.)[1]
Роден во Сеинт Аивс, Кембриџшир, Англија
Висина &100000000000001930000001,93 м[1]
Позиција голман
Клупски податоци
Сегашен клуб Норич Сити Норич Сити
Број 1
Младинска кариера
Кембриџ Јунајтед
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2004–2005 Кембриџ Јунајтед 39 (0)
2005-2010 Евертон 1 (0)
2005Волсол (позајмен) 5 (0)
2005Рашден и Дајамондс (позајмен) 3 (0)
2005-2006Честер Сити (позајмен) 4 (0)
2006Стокпорт (позајмен) 11 (0)
2007Рексам (позајмен) 5 (0)
2007Бристол Сити (позајмен) 1 (0)
2008Стокпорт (позајмен) 12 (0)
2009Кру Александра (позајмен) 19 (0)
2009-2010Мадервел (позајмен) 34 (0)
2010- Норич Сити 124 (0)
Репрезентација
2012- Англија 1 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Технички карактеристики уреди

Покрај тоа што има добар рефлекс и е одличен во бранењето на ударите што се нанесени кон неговиот гол, тој исто така има репутација да биде доминантен чувар на мрежата; господар во својот шеснаесетник, нема проблем со нафрчувања и одлично ги командува одбранбените играчи пред себе.

Клупска кариера уреди

Руди ја започнал својата кариера во екипата на Кембриџ Јунајтед, каде бил прв избор во сезоната 2004-05 и направил 38 настапи во Лига Два, но неговиот клуб испаднал како последен со освоени само 30 бодови. Напорите на Руди и неговите 9 сув мрежи и во онака слаб тим како Кембиџ Јунајтед не останале незабележани и тој потпишал за премиерлигашот Евертон, веќе летото во 2005 на 19-годишна возраст.

Тој бил четврти избор на голот на Евертон, бидејќи немал многу голема минутажа морал да оди на многубројни позајмици како би стекнал неопходно искуство. Неговиот прв и единствен настап за Еветон дошол во февруари 2006 во невообичаени околности. После девет минути од натпреварот против Блекбурн Роверс, голманот Јан Тарнер бил исклучен од игра поради играње со рака надвор од својот шеснаесетник. Откако претходно Тарнер морал да ги менува на голот повредените први два избора на менаџерот Дејвид Мојс, Најџел Мартин и Ричард Рајт, Руди останал единствениот голман кој бил во опција да игра. Тој застанал на голот по исклучувањето на Тарнер и успеал да ја сочува својата мрежа во победата со 1-0. Тој бил на заем во девет различни клубови, а при последната во шкотскиот Мадервел ги покажал својте квалитети сочувајќи ја својата мрежа во 15 натпревари од 34 настапи.

Тоа го натерало менаџерот на Норич Сити, Пол Ламберт, да го доведе во клубот во 2010 година. Во својата прва сезона Руди забележал 45 настапи, а тимот завршил како втор во Чемпионшип, со што стекнал промоција во Премиер лигата. Тој останал прв избор на голманската позиција во Норич и во Премиер и започнал во 37 натпревари, пропуштајќи само еден поради суспензија заработена во натпреварот против Челзи на 27 август 2011 кога заработил директен црвен картон за прекршок над Рамирес. Следната сезона се мачел со повреди поради што бројот на настапи драстично се намалил на само 15 во кој успеал да ја сочува својата мрежа 6 пати (вклучувајќи ги победите дома над Манчестер Јунајтед и Арсенал со 1-0). Тој исто така бил на голот и во последниот натпревар од сезоната во кој Норич како гостин го совладал Манчестер Сити со 3-2. Почетокот на следната сезона за Руди бил тежок бидејќи тој имал неколку грешки кој што го чинеле неговиот клуб губење на бодови. Сепак, тој имал фантастичен перформанс во победата на гости против Вест Бромвич Албион со 2-0, натпревар во кој Руди имал 8 одбрани.[2]

Репрезентативна кариера уреди

На 16 мај 2012 година, Руди го добил својот прв повик за сениорската репрезентација, откако селекторот Рој Хоџсон го избрал него да биде член во тимот на Англија за Европското првенство 2012.[3] Сепак, скршен прст го отфрли од турнирот, па Џек Батланд бил повикан на негово место. Руди бил повикан за пријателскиот натпревар против Италија во Берн, Швајцарија на 10 август 2012 година, заедно со Батланд и Џо Харт. Тој влегол на полувремето работно време на местото на Батланд за да го направи неговото деби за Англија, и имал некои клучни одбрани со кој продонесол за победата на Англија во натпреварот со 2-1, сочувајќи ја својата мрежа празна во својот прв настап откако Батланд претходно примил гол во првото полувреме.[4]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Англија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
15-08-2012 Берн Англија   2 – 1   Италија Пријателска -   46'
Вкупно Настапи 1 Голови 0

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Hugman, Barry J., уред. (2009). The PFA Footballers' Who's Who 2009–10. Mainstream Publishing. стр. 362. ISBN 9781845964740.
  2.  BBC Sport Home Page Football
  3. „Norwich City's John Ruddy named in England's Euro 2012 squad, but Grant Holt misses out“. EDP 24. 16 May 2012. Архивирано од изворникот на 2012-05-18. Посетено на 16 May 2012.
  4. "England 2-1 Italy" BBC Sport. 15 August 2012. Retrieved 18 August 2012.