Спатово (Серско)

село во Валовишко, Егејска Македонија

Спатово (грчки: Κοίμηση, Кимиси; до 1927 г. Σπάτοβον, Спатовон) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано.[2]

Спатово
Κοίμηση
Спатово is located in Грција
Спатово
Спатово
Местоположба во областа
Спатово во рамките на Долна Џумаја (општина)
Спатово
Местоположба на Спатово во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°12.46′N 23°18.1′E / 41.20767° СГШ; 23.3017° ИГД / 41.20767; 23.3017
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаДолна Џумаја
Општ. единицаДолна Џумаја
Надм. вис.&1000000000000003800000038 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно1.148
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа во Серското Поле, северозападно од градот Сер и северно од Долна Џумаја. Лежи близу источниот брег на Бутковското Езеро. Денес е споено со Ерниќој.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX г. Спатово било чисто македонско село во Демирхисарската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Спатово (Spatovo) било село со 185 домаќинства сочинети од 630 Македонци.[3][4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото броело 1.350 жители, сите Македонци христијани.[3][5]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Спатово, село и чифлик на ЈЗ од Демир Хисар, сред патот за Џумаја. Блатеста и многу плодна почва; тераат свињи. Грчка црква, навремени, и училиште.[6]

По Илинденското востание во 1904 г. поголем дел од селото прешол под врхвеноството на Бугарската егархија.[7] Во селото сепак продолжиле да работат двете пропаганди — и грчката и бугарската. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Спатово се остоело од 2.000 жители, од кои 1.280 Македонци егзархисти и 720 Македонци патријашристи.[3] Во селото работело бугарско основно училиште со 1 учител и 100 ученици и грчко училиште со 2 учители и 5 ученици.[8] Но според Христо Силјанов, по Илинденското востание на почетокот на 1904 г. целото село прешоло под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

Во Грција

уреди

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година селото имало 1.167 жители.[2] Голем дел од населението било приморано да се исели во Пиринска македонија — претежно во Петрич, Свети Врач и околината. Така, на пописот од 1920 г. Спатово спаднало на 709 жители.[2] Иселувањата продолжиле и во 1920-тите, а власта во селото довела грчки колонисти од Мала Азија. На пописот од 1928 г. Спатово се води како етнички мешано село со вкупно 1.145 жители,[2] од кои 483 лица (120 семејства) биле грчки дојденци, а остатокот Македонци.[9]

Во 1927 г. селото е преименувано во Кимисис, во превод успение.[10]

Доселувањето на грчки семејства продолжило и понатаму, поради што во 1940 г. селото пораснало на 1.711 жители.[2] Растот продолжил и понатаму, овојпат поради доселување на жители од планинските села, привлечени од плодната земја. Во поновиот период бројот на жители сепак бележи пад поради иселување во градовите.[2]

Месности во Спатово преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Турлино[11] или Турлин[12] Τουρλίν Мескион Μεσκίον[13] месност на С од Спатово;[12]
Буница[12] Μπουνίτσα Ксиногало Ξινόγαλο[13] месност на СИ од Спатово[12]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.711 2.470 2.561 2.087 2.008 1.653 1.539 1.414
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности

уреди
  • Давко Спатовали — револуционер, четник на Коста Мухчината, брат на Илија Спатовали[14]
  • Димитар Мазнејков (1926 – 2011) — стопански деец во Бугарија, агроном
  • Дине Спатовали, — револуционер, фатен во 1897 г. и во 1904 г. сè уште бил во Серскиот затвор[14]
  • Илија Спатовали — револуционер, брат на Давко Спатовали, четник на Коста Мухчината[14]
  • Лазар Гајдаров — револуционер, деец на ВМОРО, загинал пред 1918 г.[15]
  • Тома Џанкушев — револуционер, деец на ВМОРО, загинал пред 1918 г.[15]
  • Христо Лазаров — револуционер , деец на ВМОРО, загинал пред 1918 г.[15]

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 208. ISBN 9989-9819-6-5.
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 136–137. ISBN 954-8187-21-3.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 185. ISBN 954430424X.
  6. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 859.
  7. 7,0 7,1 Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 126.
  8. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 188–189.
  9. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  10. Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 20 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  11. Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 208.
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  13. 13,0 13,1 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1045. 1968. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  14. 14,0 14,1 14,2 Гоце Делчев: Спомени, документи, материали. София: Наука и изкуство. 1978. стр. 392.
  15. 15,0 15,1 15,2 Македонцитѣ въ културно-политическия животъ на България: Анкета отъ Изпълнителния комитетъ на Македонскитѣ братства (PDF). София: Книгоиздателство Ал. Паскалевъ и С-ие, Държавна печатница. 1918. стр. 106.