Спанчово
Спанчово или Спанчево (грчки: Λατομείο, Латомио; до 1927 г. Σπάντσοβο, Спанцово[2]) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на областа Централна Македонија, Грција. Има само 1 жител (2011), а атарот зафаќа површина од 25 км2.[3]
Спанчово Λατομείο | |
---|---|
Одбележување на пробивот на Македонскиот фронт во I светска војна пред Сојузничкиот воен споменик, 2012 г. | |
Координати: 41°1.51′N 22°36.7′E / 41.02517° СГШ; 22.6117° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки |
Општина | Пајонија |
Општ. единица | Ругуновец |
Надм. вис. | 90 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 1 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 61200 |
Повик. бр. | +30 23430 |
Географија
уредиСелото се наоѓа на околу 4 км североисточно од градот Ругуновец, во традиционалната област Солунско Поле.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX век Спанчово била мала македонска чифлигарска населба. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Спанчово (Spantchiovo) е село во Авретхисарската (Кукушка) каза со 12 домаќинства, со вкупно 54 жители Македонци.[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Спанчево имало 78 жители, сите Македонци.[5][6]
На почетокот на XX век целото население на Спанчово било под врховенството на Бугарската егзархија. Според податоцитена егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Спанчово (Spantchovo) имало 64 Македонци, сите под егзархијата.[6][7]
Потпаѓање под Грција
уредиВо Првата балканска војна е заземено од грчките единици, а летото 1913 г. за време на Втората балканска војна Спанчово е запалено од грчката војска, а македонското население се спасило пребегнувајќи преку граница. Атарот на селото го откупиле велепоседничките семејства Аркудеос и Каратодорос.
Население
уредиИстата 1913 г. во селото е попишано 21 лице, од кои повеќето биле од сточарските семејства доведени како наемници на велепоседите. Ви 1920 г. местото имало 69, а во 1928 г. — 63 жители.[3] Во 1927 г. селото е преименувано во Латомио. Во 1940 г. е заведено дека селото има само 1 жител, поради тоа што велепоседничките семејства се преселиле во Солун. Сепак, во 1951 г. во Спанчово се попишани 172 жители, што значи дека земјопоседниците повторно довеле жители од околните села ги работат имотите.[3] Во претстојниот период бројот на жители почнал да опаѓа, па така во 1961 г. имало 57 лица, во 1971 г. се намалил на 25, а во 1981 г. — 9 жители. Во 1991 г. селото се свело на населба без жители.[3] Во текот на следното десетлетие Спанчово повторно станува населено, со 12 лица во 2001, но само 1 лице во 2011 г.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1 | 172 | 57 | 25 | 9 | 0 | 12 | 1 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σπάντσοβο - Λατόμι
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 123–124.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 168-169.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 151. ISBN 954430424X.
- ↑ 6,0 6,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 194-195.