Сињак
Сињак или Снежник (грчки: Άσκιο, Аскио) — планински венец во северозападниот дел на Кожанскиот округ и источниот дел на Костурскиот округ во Егејска Македонија. Највисок врв е Сињак со 2.111 м.[1] Северниот дел е шумовит. Се протега од селото Клисура на северозапад до Сахинлар на југоисток, во должина од околу 30 км. Најблиски други планини се Нередска Планина на северозапад, Црвена Гора на југ и Каракамен на североисток. Реките по западните и јужните падини на планината планината извираат се влеваат во Бистрица, а оние на североисток завршуваат во Островското Езеро.
Сињак Άσκιο | |
---|---|
Највисока точка | |
Врв | Сињак |
Надм. височина | 2.111 м [1] |
Координати | 40°24′23″N 21°33′24″E / 40.40639° СГШ; 21.55667° ИГД |
Величина | |
Должина | 30 км СЗ-ЈИ |
Ширина | 20 км СИ-ЈЗ |
Географија | |
Земји | Грција |
Окрузи | Кокжани и Костур |
Населени места
уредиПоголеми населени места во околината на Сињак се: Сачишта на југ, Кајлар на североисток и Кожани на југоисток. На самата планина се среќаваат селата Влашка Блаца (во средиштето), Селица и Деделер во јужниот и Ланга, Дебрец, Мокрени и Клисура на северниот дел. Јужно од венецот минува автопатот „Егнатија“ (Игуменица - Јанина - Кожани - Солун) низ малата област Карајанија, вгнездена во јужните падини и обиколена со разни други планини.
Поврзано
уреди- Карајанија
- Сињак — управна единица на Општина Горуша
- Црвена Гора
- Каракамен
- Костур (округ)
- Кожани (округ)
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Oreivatein.com“. Архивирано од изворникот на 2013-10-16. Посетено на 2014-03-26.