Карајанија

мала област во Кожанско, Егејска Македонија

Карајанија (грчки: Καραγιάννια) — мала географска област во Кожанско, Егејска Македонија.

Карта
Местоположба на Карајанија

Областа лежи 25 км западно од градот Кожани и има облик на зарамнета вдлабнатина, вгнездена во јужните падини на планината Сињак. Непристапна е од север, запад и исток, бидејќи е обиколена со високи планини, и до неа се доаѓа само од југ. Претставува широка клисура образувана со ерозија на водите кои се слеваат од Сињак од северозападен правец.

Населени места

уреди

Карајанија била традиционална населено со Турци, што се гледа од изворните имиња на местата. Ова се променило во 1920-тите, кога сето население е иселено во Турција, а на негово место се доведени Грци-бегалци согласно размената утврдена според Лозанскиот договор.[1] Набргу потоа, грчката држава ги сменила имињата на селата. Денес областа има вкупно 1.465 жители, распоредени во следниве села, сите во денешната Општина Кожани:

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

40°19′03″N 21°39′58″E / 40.3175° СГШ; 21.6660° ИГД / 40.3175; 21.6660