Скримин Џеј Хокинс
Скримин Џеј Хокинс (анг: Screamin’ Jay Hawkins; вистинско име: Џеласи Џеј Хокинс;[8] 18 јули 1929 – 12 февруари 2000) ― американски кантавтор, музичар, глумец, филмски продуцент и боксер. Познат е претежно по неговиот моќен оперски глас и театралните изведби на неговите песни како „I Put a Spell on You“, а понекогаш при сценските настапи користел реквизити кои предизвикуваат ужас, со што се смета за пионер на шок рокот.[9][10] За улогата во независниот филм Мистериозен воз (анг: Мystery Train, 1989) бил номиниран за наградата Independent Spirit за најдобра споредна машка улога.
Скримин Џеј Хокинс | |
---|---|
Хокинс на концерт, 1995 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Џеласи Џеј Хокинс |
Познат(а) и како | Џеј Хокинс |
Роден(а) | 18 јули 1929 Кливленд, Охајо, САД |
Починал(а) | 12 февруари 2000 Неји на Сена, Франција | (возр. 70)
Жанрови | |
Занимања |
|
Инструменти |
|
Период на активност | 1951–2000[7] |
Издавачи |
Живот и кариера
уредиХокинс е роден и пораснал во Кливленд, Охајо.[8] На 18-годишна возраст, Хокинс бил даден на посвојување и набргу потоа бил посвоен од Blackfoot Confederacy.[11] Хокинс како дете студирал класично пијано, а гитара научил да свири во своите 20-ти.[12]
Во Конзерваториумот за музика во Охајо студирал оперско пеење.[13] Тој прво сакал да стане оперски пејач (Хокинс ги навел Пол Робесон и Енрико Карузо како негови музички идоли),[14] но откако не успеал тој започнал кариера како традиционален блуз пејач и пијанист.
За време на Втората светска војна служел во американската армија во Тихиот Океан.[15] Во војската, тој исто така ги забавувал војниците како дел од неговата служба.[16] Во 1944 година, се пријавил во воздухопловните сили на Армијата на САД, почесно бил отпуштен во 1952 година. Хокинс бил страствен и исклучително добар боксер за време годините поминати во американската армија (а подоцна и во воздухопловните сили). Во 1949 година, тој бил боксерски шампион во среднотешка категорија на Алјаска.[17]
Во 1951 година, Скримин Џеј Хокинс снимил неколку песни за гитаристот од Филаделфија, Тајни Грајмс објавени за Atlantic Records.[14] Кога почнал да настапува како солист, неговиот прв сингл „Why Did You Waste My Time“ бил изведен со придружба на бендот од Грајмс. Во 1956 година, Хокинс потпиша со OKeh Records .[18] Кога Хокинс станал соло изведувач, тој често настапувал облечен во стилска гардероба која вклучувала: кожи од леопард, црвена кожа и капи со широк обод. Неговите настапи на кои на сцената носел запален ковчег станале легендарни. Другите реквизити и сценски ефекти, кои ги користел биле пример за неколку генерации „шок рокери“; користел стапови за одење, (пластични) змии, но и „Хенри“, череп што пуши и зборува, како и многу други револуционерни пиротехнички ефекти.
"I Put a Spell on You"
уредиНегово најуспешно издание било, „I Put a Spell on You“ (1956). Песната била ставена на списокот од 500 песни што го обликуваа рокенролот според Куќата на славата на рокенролот. Според AllMusic Guide to the Blues, „Хокинс мелодијата прво ја замислил како балада“.[19] За време на снимањето на песната целата група била пијана, а „Хокинс врескал, грофтал и рикал низ мелодијата“.[19] Како резултат на ова не добил балада, туку „сурова, грлена песна“ која станала негов најголем комерцијален успех и се смета дека се продала во над еден милион копии,[20][21] иако не успеала да се пласира на Билбордовите поп или R&B топ-листи.[22][23]
„I Put a Spell On You“ станала класика, преработена од многу други музичари како: Creedence Clearwater Revival, Нина Симон, Алан Прајс, The Animals, Тhem со Ван Морисон, Артур Браун, Брајан Фери, Бади Гај, Карлос Сантана, Тим Кари, Леон Расел, Џо Кокер, Ник Кејв, Мерилин Менсон, Мика Парис, Дејвид Гилмор, Џеф Бек, Џос Стоун, Дијаманда Галас и Ени Ленокс. Оригиналната верзија на Хокинс била прикажана епизодата од Симпсонови од 2003 година, „Спелувам најбрзо што можам“.
Подоцнежна кариера
уредиПодоцнежните изданија на Хокинс вклучуваат „Constipation Blues“, „Orange Colored Sky“ и „Feast of the Mau Mau“. Но, ниедно негово издание не го надминал монументалниот успех на „I Put a Spell on You“. Во Париз во 1999 година и на фестивалот „Вкусот на Чикаго“, тој ја извел „Constipation Blues“ на тоалет школка на сцената.[24]
Во текот на 60-тите и 70-тите години тој продолжил да снима, а бил на турнеи претежно низ Европа, каде бил многу популарен. Немал успех во САД сѐ додека режисерот Џим Џармуш не ја ставил „I Put a Spell on You“ на саундтракот - и длабоко во заплетот - на неговиот филм Почудно од рај (Stranger Than Paradise, 1983), а потоа на самиот Хокинс му дал улога на ноќен службеник во хотел во неговиот Мистериозен воз (Mystery Train). По оваа улога имал уште неколку филмски појавувања како: Пердита Дуранго (шп. Perdita Durango) и Бес во Харлем (A Rage in Harlem).
Во јули 1991 година, Хокинс го издал албумот Black Music for White People.[25] На албумот има преработки на две композиции од Том Вејтс: „Heart Attack and Vine“[26] и „Ice Cream Man“.[27] Во 1993 година, Хокинс се преселил во Франција.[28]
Во 1992 година, бил на турнеја со Клеш и Ник Кејв, и не само што станал дел од блуз фестивалите, туку се појавил и на многу филмски фестивали.
Личен живот
уредиОд 1962 до 1971 година, Хокинс живеел во самонаметнат егзил на Хаваи. Хокинс имал шест брака; неговата последна сопруга имала 31 година кога тој починал.[29] Неговата партнерка во пеењето Шаутин Пет Њуборн од љубомора го избодела со нож кога тој се оженил со Вирџинија Сабелона.[29] Имал три деца со неговата прва сопруга, а тврдел дека има вкупно 57 или 75 деца.[29] По неговата смрт, неговиот пријател и биограф Марал Ниголијан отворил веб-страница за да ги прати овие деца,[30] тој идентификувал 33, од кои најмалку 12 се сретнале меѓусебно во 2001 година.[29][31]
Смрт
уредиХокинс починал по итна операција од аневризма на 12 февруари 2000 година, во Неји на Сена, Франција, во близина на Париз,[32] на 70-годишна возраст.
Дискографија
уредиСтудиски албуми
уреди- 1958 At Home with Screamin' Jay Hawkins (Okeh/Epic) – другите изданија се насловени како Screamin' Jay Hawkins and I Put a Spell on You
- 1965 The Night and Day of Screamin' Jay Hawkins (Planet/52e Rue Est) – исто така насловен како In the Night and Day of Screamin' Jay Hawkins
- 1969 ...What That Is! (Philips)
- 1970 Because Is in Your Mind (Armpitrubber) (Philips)
- 1972 A Portrait of a Man and His Woman (Hotline) – реиздаден како I Put a Spell on You and Blues Shouter
- 1977 I Put a Spell on You (Versatile – снимки од 1966 to 1976)
- 1979 Screamin' the Blues (Red Lightnin' – снимки од 1953 to 1970)
- 1979 Lawdy Miss Clawdy (Koala)
- 1983 Real Life (Zeta)
- 1990 The Art of Screamin' Jay Hawkins (Spivey)
- 1991 Black Music for White People (Bizarre/Straight Records/Planet Records)
- 1991 I Shake My Stick at You (Aim)
- 1993 Stone Crazy (Bizarre/Straight/Planet)
- 1994 Somethin' Funny Goin' On (Bizarre/Straight/Planet)
- 1998 At Last (Last Call)
Албуми во живо
уреди- 1984 Screamin' Jay Hawkins and the Fuzztones Live (Midnight Records)
- 1988 At Home with Jay in the Wee Wee Hours (Midnight Records)
- 1988 Live & Crazy (Blue Phoenix)
- 1991 Screamin' Jay Hawkins and the Chikenhawks: Dr. Macabre (Trade Service)
- 1993 Rated X (Sting S) — recorded in 1970
- 1999 Live at the Olympia, Paris (Last Call) — live with one new studio recording
Синглови
уреди- 1953 "Not Anymore" / "Baptize Me in Wine" [Timely 1004]
- 1954 "I Found My Way to Wine" / "Please Try to Understand Me" [Timely 1005]
- 1955 "You're All of Life to Me" / "Well I Tried" [Wing 90005]
- 1955 "This Is All" / "(She Put The) Whammee (On Me)" [Mercury 70549]
- 1956 "Even Though" / "Talk About Me" [Wing 90055]
- 1956 "I Put a Spell on You" / "Little Demon" [OKeh 7072]
- 1957 "You Made Me Love You" / "Darling, Please Forgive Me" [OKeh 7084]
- 1957 "Frenzy" / "Person to Person" [OKeh 7087]
- 1958 "Alligator Wine" / "There's Something Wrong with You" [OKeh 7101]
- 1960 "I'm So Glad (To Be Back)" / "The Pass" [Red Top 126]
- 1962 "I Hear Voices" / "Just Don't Care" [Enrica 1010]
- 1962 "Ashes" / "Nitty Gritty" w/ Shoutin' Pat (Newborn) [Chancellor 1117]
- 1966 "Poor Folks" / "Your Kind of Love" [Providence 411]
- 1970 "Do You Really Love Me" / "Constipation Blues" [Philips 40645]
- 1973 "Monkberry Moon Delight" / "Sweet Ginny" [Queen Bee 1313]
- 1993 "Heartattack and Vine" / "I Put a Spell on You" / "On the Job" [Columbia 6591092]
Филмографија
уредиФилм
уредигодина | Наслов | Оригинален наслов | Улога | Белешки |
---|---|---|---|---|
1957 година | Господин рокенрол | Mister Rock and Roll | Самиот | |
1966 година | Дневен патник | Композитор; краток филм | ||
1978 година | Американски топол восок | American Hot Wax | Самиот | |
1986 година | Џои | Joey | Самиот | |
1988 година | Спој на две месечини | Two Moon Junction | Блуз клуб пејач | |
1989 година | Таинствен воз | Mystery Train | Ноќен службеник | |
1991 година | Бес во Харлем | A Rage in Harlem | Самиот | |
1994 година | De Serge Gainsbourg à Gainsbarre de 1958 – 1991 | Самиот | Документарен филм; директно на видео | |
1997 година | Пердита Дуранго | Perdita Durango | Адолфо | |
1999 година | Peut-être | Chanteur Bouge | ||
2001 година | Screamin' Jay Hawkins: I Put a Spell on Me [33] | Самиот | Документарец |
Наводи
уреди- ↑ Screamin' Jay Hawkins: NPR National Public Radio. January 1, 2001
- ↑ „Screamin' Jay Still Crazy After All These Years“. The Los Angeles Times. May 29, 1990.
- ↑ Naughton, Michael P. (25 July 2014). Deathryde: Rebel Without a Corpse. Gilded Hearse Press. стр. 36. GGKEY:1FBQJDJPWS2.
- ↑ Stegall, Tim (December 9, 2018). „Book Review: Rock & Roll Books – Screamin' Jay Hawkins' All-Time Greatest Hits: A Novel“. The Austin Chronicle. Посетено на July 2, 2019.
Rock & roll pioneer Screamin' Jay Hawkins had only one hit, the voodoo blues funeral march "I Put a Spell on You".
- ↑ McPadden, Mike (May 1, 2012). If You Like Metallica ... : Here Are Over 200 Bands, CDs, Movies, and Other Oddities That You Will Love. New York City: Backbeat Books. стр. 37. ISBN 978-1-4768-1357-8. Посетено на July 2, 2019.
- ↑ „Screamin' Jay Hawkins Biography“. Oldies.com.
- ↑ Bergsman, Steve (July 2, 2019). I Put a Spell on You: The Bizarre Life of Screamin' Jay Hawkins. Vancouver, Washington: Feral House. стр. 197. ISBN 9781627310918 – преку Google Books.
- ↑ 8,0 8,1 Thurber, Jon (February 13, 2000). „Screamin' Jay Hawkins; Rhythm and Blues Singer“. Los Angeles Times. Посетено на July 6, 2022.
- ↑ Gillespie, Paula, and Neal Lerner.
- ↑ Hoops, Jessica (November 2, 2015). „The Evolution Of Shock Rock“. Worcester, Massachusetts: Clark University. Посетено на July 2, 2019.
- ↑ Sweeney, Phillip (January 2, 1999). „Arts: Here comes the crazy man“. Посетено на August 8, 2019.
- ↑ Simmonds, Jeremy (2008). The Encyclopedia of Dead Rock Stars: Heroin, Handguns, and Ham Sandwiches. Chicago, Illinois: Chicago Review Press. стр. 427–428. ISBN 9781556527548. Посетено на December 4, 2008.
- ↑ Pareles, Jon (February 14, 2000). „Screamin' Jay Hawkins, 70, Rock's Wild Man“. The New York Times. стр. 10 (Section B). Посетено на October 17, 2023.
- ↑ 14,0 14,1 Bogdanov, Vladimir; Woodstra, Chris; Erlewine, Stephen Thomas (2003). All Music Guide to the Blues: The Definitive Guide to the Blues. New York City: Backbeat Books. стр. 226. ISBN 9780415972468. Посетено на December 4, 2008.
- ↑ „SCREAMIN' JAY HAWKINS BIOGRAPHY“. The Great Rock Bible. Архивирано од изворникот на 2020-11-01. Посетено на June 27, 2019.
- ↑ „Screamin' Jay Hawkins“. Biography.com. Архивирано од изворникот на 2019-03-23. Посетено на October 3, 2018.
- ↑ Tosches, Nick (1991). Unsung Heroes of Rock 'n' Roll: The Birth of Rock 'n' Roll in the Wild Years Before Elvis. New York City: Harmony Books. стр. 158. ISBN 0517580527.
- ↑ Jones, Kevin (November 15, 2020), „HAWKINS, JALACY "SCREAMIN JAY"“, Encyclopedia of Cleveland History, Посетено на 22 October 2022
- ↑ 19,0 19,1 Bill Dahl (2001). „Screamin' Jay Hawkins“. Во Vladimir Bogdanov; Chris Woodstra; Stephen Thomas Erlewine (уред.). All Music Guide: The Definitive Guide to Popular Music. Hal Leonard. стр. 156. ISBN 9780879306274.
- ↑ Edward M. Komara (2006). Encyclopedia of the Blues: A-J. Routledge. стр. 415. ISBN 9780415926997. Посетено на December 4, 2008.
- ↑ Ed Sikov (1996). Laughing Hysterically: American Screen Comedy of the 1950s. Columbia University Press. стр. 17. ISBN 9780231079839. Посетено на December 4, 2008.
- ↑ Whitburn, Joel (2003). Top Pop Singles 1955–2002 (1st. изд.). Menomonee Falls, Wisconsin: Record Research Inc. ISBN 0-89820-155-1.
- ↑ Whitburn, Joel (1996). Top R&B/Hip-Hop Singles: 1942–2004. Menomonee Falls, Wisconsin: Record Research. ISBN 0-89820-115-2.
- ↑ Patricia Romanowski Bashe, Holly George-Warren, and Jon Pareles, The Rolling Stone Encyclopedia of Rock & Roll: Revised and Updated for the 21st Century (Fireside, 2001), 419.
- ↑ Edward M. Komara, "Hawkins, Screamin' Jay", Encyclopedia of the Blues (Routledge, 2006), pp. 415–416.
- ↑ Peter Buckley, The Rough Guide to Rock (Rough Guides, 2003), 207.
- ↑ Vladimir Bogdanov, Chris Woodstra, and Stephen Thomas Erlewine.
- ↑ „Hunt for Screamin's offspring“. BBC News. April 28, 2000. Посетено на July 21, 2019.
- ↑ 29,0 29,1 29,2 29,3 Wolf, Buck (February 4, 2001). „Screamin' Jay's Illegitimate Family Reunion“. ABC News. Посетено на November 23, 2014.
- ↑ „Jayskids.com“. Архивирано од изворникот на February 2, 2001. Посетено на November 23, 2014.
- ↑ Feature: Screamin' Jay Hawkins, All Things Considered, January 1, 2001.
- ↑ Henderson, Ashyia N. (2001). Contemporary Black Biography. Farmington Hills, Michigan: Gale Group. стр. 83. ISBN 9780787646189.
- ↑ „Screamin' Jay Hawkins: I Put a Spell on Me (2001)“. IMDb.com. November 2, 2001. Посетено на December 25, 2012.