The Animals

англиска рок-група

The Animals (транскрипција: Енималс; понекогаш наведени и како Animals & Friends и Eric Burdon and the Animals) ― англиска рок-група основана во Њукасл во раните 1960-ти. The Animals биле препознатливи по нивниот блуз-звук и длабокиот глас на пејачот на групата Ерик Брдон, а исто така и по нивниот огромен хит-сингл „The House of the Rising Sun“. Групата била дел од британската инвазија на САД.

The Animals
Слика за публицитет во 1964 година: (од лево кон десно) Ерик Брдон (пејач), Алан Прајс (клавијатури), Час Чендлер (бас), Хилтон Валентин (гитара), Џон Стил (тапани)
Животописни податоци
Познат(а) и како
  • The Alan Price Combo[1]
  • Eric Burdon and the Animals (1966–1969, 2003–2008, 2016–денес)
  • Valentine's Animals
  • Animals II
  • Animals & Friends
ПотеклоЊукасл на Тајн, Англија
Жанрови
Период на активност
  • 1963–1969
  • 1975–1976
  • 1983
  • 1992–денес
Издавачи

The Animals имале чести промени во составот кон средината на 1960-тите, што во 1966 година довело до разделување на оригиналната постава. Брдон составил претежно нова постава на музичари под името Eric Burdon and The Animals; таа група се преселила во Калифорнија и забележала успех како психоделична и прогресивна рок-група, пред да се распадне кон крајот на деценијата.[3] Севкупно, групата имала 10 топ-20 хитови на британската топ-листа за синглови и на американскиот Билборд Хот 100.

Оригиналната постава со Брдон, Алан Прајс, Час Чендлер, Хилтон Валентајн и Џон Стил се обединиле за еден хуманитарен концерт во Њукасл во 1968 година и во текот на седумдесеттите и осумдесеттите спорадично се собирале и настапувале во различни состави. The Animals биле примени во Куќата на славните на рокенролот во 1994 година.

Историја

уреди

The Animals (1962–1966)

уреди

The Animals биле основани во Њукасл на Тајн во текот на 1962 и 1963 година. Оригиналната постава се состоела од: Брдон (пејач), Прајс (оргули и клавијатури), Хилтон Валентин (гитара), Џон Стил (тапани) и Брајан „Час“ Чендлер (бас).[4][5]

Првото име на групата било Alan Price Combo, а потоа го смениле своето име во The Animals. Успехот на Animals во нивниот роден град и врската со менаџерот од Yardbirds, Џорџо Гомелски, во 1964 година ги мотивирало да се преселат во Лондон, токму на време за да одиграат важна улога во Британската инвазија на американските музички листи.

The Animals изведувале жестоки преработки на песните од ритам и блуз репертоарот од музичари како: Џими Рид, Џон Ли Хукер и Нина Симон. Откако потпишале со издавачката куќа Колумбија, тие го објавиле нивниот прв сингл кој бил рок-верзија на песната „Baby Let Me Follow You Down“ (насловена „Baby Let Me Take You Home“).[6]

Во јуни 1964 година бил објавен трансатлантскиот хит „The House of the Rising Sun“. Гласот на Брдон и аранжманот на песната, придружуван со оргулите на Прајс, го создале можеби првиот фолк-рок хит.[7][8]

Во декември 1964 година, бил објавен филмот на МГМ, Најди си девојка од факултет (Get Yourself a College Girl), во кој себеси се глумеле The Animals. Во филмот The Animals ја пееле песната „Around and Around“ од Чак Бери.[9]

Во мај 1965 година, групата почнала да чувствува внатрешен притисок. Прајс ја напуштил групата поради лични и музички разлики, како и поради стравот од летање додека е на турнеја.[10] Мик Галагер кратко време го заменил на клавијатури[11] до доаѓањето на Дејв Робери.[12]

Кон крајот од 1965 година, групата потпишала нов договор со нивната американска издавачка куќа MGM Records за САД и Канада и се префрлила на Decca Records за остатокот од светот. Тие, исто така, ја прекинаа соработката со Мост и почнале да работат со продуцентот од MGM Records, Том Вилсон, кој им овозможил поголема уметничка слобода.[13] На почетокот од 1966 година, МГМ го објавила компилацискиот албум The Best of The Animals, а тој станал нивен најпродаван албум во САД. Во февруари 1966 година, Стил ја напуштил групата. Преработката на песната „Don't Bring Me Down “ од Кинг бил последен хит на групата под името The Animals. Следниот сингл, „See See Rider", бил објавен под името Eric Burdon and The Animals. До септември 1966 година, првобитната постава на групата се распаднала.[14] Нивната последни снимени песни биле објавени на албумот Animalism во ноември 1966 година.

Eric Burdon and The Animals (1966-1968)

уреди
Податотека:Animals ABKCO.jpg
Ерик Брдон и The Animals во 1967 година

Во 1967 година, Ерик Брдон ја продолжил кариерата со изменета постава и ново име на групата, Eric Burdon & The Animals. Со оваа група го снимил албумот Eric Is Here, а подоцна истата година го издале албумот Winds of Change, на кој доминирала психоделична музика како резултат искуствата кои Брдон ги имал со ЛСД. Албумот содржел неколку популарни песни како: „Paint It Black“, „San Franciscans Nights“ и „Yes I Am Experienced“. Новите „Animals“ имале успех на двете страни од Атлантикот, но албумите The Twain Shall Meet (1968) и Every One of Us (1968) не го достигнале поранешниот успех на групата. Во Сан Франциско во 1970 година, со албумот Eric Burdon Declares War, започнува соработката со фанк-групата „War“. Нивниот сингл „Spill The Wine“ стигнал до топ-5 во САД. Брдон ја продолжил својата кариера во 1974 година со низа проекти под свое име или како „Eric Burdon Band“, но ниту еден од нив не успеал да го врати вниманието на публиката, ниту поддршката од музичките критичари. Исклучок бил повратниот албум на оригиналните „Animals“ од 1976 година, насловен како Before We Were So Rudely Interrupted.

Обединување на оригиналната постава на The Animals

уреди

Оригиналната постава на Animals со: Бардон, Прајс, Валентин, Чендлер и Стил се обединила за да настапи на хуманитарен концерт во Њукасл во декември 1968 година и кон крајот на 1975 година се обединиле за повторно снимање.[15] Издале албум во 1977 година под наслов Before We Were So Rudely Interrupted.[16]

Сите пет оригинални членови на групата повторно се обединиле во 1983 година за да го снимат албумот Ark, а потоа биле на светска концертна турнеја.

Чендлер починал од аневризма во 1996 година, ставајќи крај на можноста за повторно обединување на целосната оригинална постава.[17]

Дискографија

уреди
  • The Animals (1964; САД) / The Animals (1964; ОК)
  • The Animals on Tour (1965; САД)
  • Animal Tracks (1965; ОК) / Animal Tracks (1965; САД)
  • Animalisms (1966; ОК) / Animalization (1966; САД)
  • Animalism (1966; САД)

Како Eric Burdon and the Animals

  • Eric Is Here (1967; САД)
  • Winds of Change (1967)
  • The Twain Shall Meet (1968)
  • Every One of Us (1968; САД)
  • Love Is (1968)

Како The Animals

  • Before We Were So Rudely Interrupted (1977)
  • Ark (1983)

Членови

уреди

Оригинални членови

уреди
  • Ерик Брдон – вокал (1963–1968, 1975–1976, 1983)
  • Хилтон Валентин – гитара, придружен вокал (1963–1966, 1975–1976, 1983; починал 2021)
  • Час Чендлер – бас, вокал (1963–1966, 1975–1976, 1983; починал 1996)
  • Алан Прајс – клавијатури, придружни вокали (1963–1965, 1975–1976, 1983)
  • Џон Стил – тапани (1963–1966, 1975–1976, 1983)

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Fontenot, Robert (30 January 2019). „The Animals as the British Invasion's Blues-Rock Band“. LiveAbout. Посетено на 2023-03-01.
  2. Hoffman, Frank. „Eric Burdon and the Animals“. Survey of American Popular Music. Посетено на 2023-06-02. The band was also one of the few First Wave acts to make a successful transition from mainstream pop to progressive rock in the late 1960s.
  3. Празен навод (help)
  4. The Animals Rock and Roll Hall of Fame, 1994.
  5. The Animals: Biography AllMusic Retrieved 28 February 2011.
  6. David Hatch; Stephen Millward (1987). From Blues to Rock: An Analytical History of Pop Music. Manchester University Press. стр. 102. ISBN 978-0-7190-2349-1.
  7. Marsh, Dave The Heart of Rock & Soul: The 1001 Greatest Singles Ever Made, NAL, 1989.
  8. Ralph McLean, "Stories Behind the Song: 'House of the Rising Sun'", BBC, undated.
  9. Get Yourself a College Girl (1964) Retrieved 28 February 2011.
  10. Making Time The Animals.
  11. „INTERVIEW: Mick Gallagher - the Animals“. 25 November 2019.
  12. „Dave Rowberry“. Independent.co.uk. 8 June 2003.
  13. Animals to Switch to MGM Billboard (25 September 1965).
  14. „The Making Of… the Animals' the House of the Rising Sun“. 25 March 2013.
  15. Rolling Stone Encyclopedia of Rock & Roll. Rolling Stone Touchstone. 2001. стр. 22.
  16. „The Animals Biography | The Rock and Roll Hall of Fame and Museum“. Rockhall.com. Посетено на 18 August 2015.
  17. Welch, Chris (17 July 1996). „Obituaries: Chas Chandler“. The Independent. Посетено на 28 February 2011.

Надворешни врски

уреди