Аневризма
Аневризма претставува проширување на артерија, кое настанува поради последица од слабост на ѕидот на крвниот сад.
Аневризмите можат да настанат на сите артерии, но најчесто настануваат на аортата.
Ризични фактори
уреди- Воспаление (од околното ткиво или по крвен пат)
- Дијабетес
- Атеросклероза
- Пушење
- Хипертензија
- Алкохолизам
- Дебелина, итн.
Последици
уредиАневризмите се место каде лесно може да дојде до прскање на артеријата и да доведе до тешки и незапирливи крвавења, хеморагичен шок и смрт (доколку е на голема артрерија, како аорта). Исто така може да настане тромбоза со тромбоемболизам поради неправилно струење на крвта и измената на ѕидот на крвниот сад.