Шишани
Шишани или Сисани (грчки: Σισάνι; книжевно: Σισάνιον) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 173 жители (2021).
Шишани Σισάνι | |
---|---|
Координати: 40°26′N 21°30′E / 40.433° СГШ; 21.500° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Кожански |
Општина | Горуша |
Општ. единица | Сињак |
Надм. вис. | 850 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 173 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото е сместено високо на превојот меѓу планините Мурик и Сињак. Се наоѓа на 4 км југозападно од Влашка Блаца, на 15 км северно од Селица и на 30 км северно од Сачишта. Во Шишани се наоѓа Шишанскиот манастир „Успение на пресв. Богородица“.
Историја
уредиПотекло на името
уредиЈордан Заимов смета дека првичното македонско име на селото било Сешане.[2][3]
Средновековие
уредиВо средновековието Шишани било епископско седиште во рамките на Охридската архиепископија чија катедрала била посветена на Богородица и датира од XI – XII век.[4]
Во Отоманското Царство
уредиНа крајот од XVII век арпхиепископот Зосим II го преместил епархиското седиште од Шишани во Сачишта.[5]
Според Тодор Симовски, населението потекнува од влашки доселеници од Епир кое со време силно се погрчило.[6]
Во 1889 г. Стефан Верковиќ напишал за Шишани:
„ | Оттука [Емборе] на 1 час југозападно се наоѓа христијанското село Себан или Сисан. ова село во византиско време било град, наречен Алифус. Тогаш овде била резиденцијата на Шишанскиот и Сачишки митрополит, на кој тоа денес е потчинето во црковен поглед. Во селото и денес има неколку църкви. Сместено е на доста плодна рамница и оградено е со шуми. Во него има 20 куќи со 25 семејни двојни и 46 нуфузи, кои плаќаат 2300 пјастри данок и 1380 пјастри [инание-аскерие]. Во селото има много потоци и воопшто многу вода. Жителите се занимаават со земјоделство... Селото Сисан е оддалечено на 5 часа од Сачиста, на час и половина од Блаца и на пет и половина часа од Кајлар.[7] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Сисани (Шишани, Шајни) имало 400 жители Грци и 400 жители Власи.[8]
Според грчка статистика од 1904 г. во селото живееле 250 гркојазични „Грци“.[9]
Во Грција
уредиВо Првата балканска војна (1912) селото е окупирано од грчка војска, а по Втората (1913) тоа е припоено кон Грција. Таа година во Шишани живееле 454 лица. Во 1920 г. населението пораснало на 487 лица, а во 1928 г. селото имало 463 жители.[6] Населението порано се занимавало исклучиво со сточарство, а подоцна и со други занимања.
Гробишниот храм на селото е посветен на Свети Никола.[10]
Име | Грчки | Ново име | Грчки | Опис |
---|---|---|---|---|
Цифликиотика Ливадија | Τσιφλικιώτικα Λιβάδια | Ливадија | Λιβάδια[11] |
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 569 | 565 | 600 | 419 | 507 | 414 | 348 | 254 | 173 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Заимов, Йордан (1967). Заселване на българските Славяни на Балканския полуостров : проучване на жителските имена в българската топонимия. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 54.
- ↑ Καραγιάννη, Φλώρα. „Επισκοπικός Ναός Σισανίου“. Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Посетено на 24 мај 2014.
- ↑ Снегаров, Иван (1995) [1932]. История на Охридската архиепископия-патриаршия, т.2 (Второ фототипно. изд.). София: Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 247–248. ISBN 954-430-345-6. no-break space character во
|pages=
во положба 4 (help) - ↑ 6,0 6,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 347. ISBN 9989-9819-5-7.
- ↑ Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 169–170. no-break space character во
|pages=
во положба 4 (help) - ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 269. ISBN 954430424X.
- ↑ Σπανός, Κωνσταντίνος. „Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων“, in: „Ελιμειακά“, 48 – 49, 2001.
- ↑ „Ιεροί Ναοί του Αγίου Νικολάου στο Βόιο“. Το Βόιον. Архивирано од изворникот на 2013 јануари 5. Посетено на 3 јануари 2015. Проверете ги датумските вредности во:
|archivedate=
(help) - ↑ „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 483. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 147): 1051. 1969. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help)