Селиште (Оризари)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Селиште


Местоположба 41°55′21″N 22°26′46″E / 41.92250° СГШ; 22.44611° ИГД / 41.92250; 22.44611Координати: 41°55′21″N 22°26′46″E / 41.92250° СГШ; 22.44611° ИГД / 41.92250; 22.44611
Основни податоци
Место Оризари
Општина Кочани
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба


Период железно време
римско време
Портал „Археологија“

Селиште археолошко наоѓалиште во кочанската населба Оризари.

Претставува населба од железно време и римско време.

Лежи јужно од селото, над Долно маало, на мала височинка што се спушта кон север. Северозападно од неа тече Оризарска Река, а на околу 100 м западно е наоѓалиштето Куново -Чуки. Уште во првата половина на педесеттите години оттука е вадена земја што овозможило да се констатира културен слој дебел 1 м и во него да се забележат фрагменти од керамички садови карактеристични за железното време II, како и за III i IV век. Оттука потекнува и една бронзена држалка во облик на делфин, што се чува во Заводот и музеј во Штип.[1]

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 180, ISBN 9789989101069