Сланец (Оризари)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Сланец


Местоположба 41°55′21″N 22°26′46″E / 41.92250° СГШ; 22.44611° ИГД / 41.92250; 22.44611
Основни податоци
Место Оризари
Општина Кочани
Тип

 населба


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Сланец археолошко наоѓалиште во кочанската населба Оризари.

Претставува населба од доцната антика.

На 1 км источно од селото и лево од патот за Истибања, на простор од 200 × 200 м се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Најдени се и неколку римски монети од кои една е кована во Филипополис во времето на Антонин Пиј. Монетата се чува кај Т. Симов од Кочани.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 180, ISBN 9789989101069