Бела Црква (Оризари)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Бела Црква


Местоположба 41°55′21″N 22°26′46″E / 41.92250° СГШ; 22.44611° ИГД / 41.92250; 22.44611
Основни податоци
Место Оризари
Општина Кочани
Тип

 црква


Период доцен среден век
Портал „Археологија“

Бела Црква археолошко наоѓалиште во кочанската населба Оризари.

Претставува црква од доцен среден век.

Сместена е североисточно од селото, на оддалеченост од неколку километри. Се смета дека била подигната врз темели од малку поголема црква. Како источен - апсидален ѕид е искористена карпата, во која сеиздлабени ниши и жлебови за прицврстување на покривната конструкција. Во нишите има зачуван малтер со траги од живопис.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 180, ISBN 9789989101069