Селисма (грчки: Διασελλάκι, Дјаселаки, до 1927 година (грчки: Σέλισμα, Селисма)[2]) – село во Република Грција, во општината Дескати, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 2 жители.

Селисма
Διασελλάκι
Селисма is located in Грција
Селисма
Селисма
Местоположба во областа
Селисма во рамките на Дескати (општина)
Селисма
Местоположба на Селисма во Општина Дескати и областа Западна Македонија
Координати: 39°53′N 21°43′E / 39.883° СГШ; 21.717° ИГД / 39.883; 21.717
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругГребенски Округ
ОпштинаОпштина Дескати
Надм. вис.&10000000000000750000000750 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно2
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.51200
Повик. бр.+30 24620
Рег. таб.РНх-ххх

Географија

уреди

Селото се наоѓа на околу 7 км југозападно од градот Дескати, 70 км југоисточно од Гребен на надморска височина од 750 м. Земјиштето се наоѓа меѓу македонската река Бистрица и тесалиската Пенеј.

Историја

уреди

За време на Османлиското Царство

уреди

Селисма се појавува како село во документ на манастир од Метеора во 1613-1614 година.[3] По присоединувањето на Тесалија на Кралството Грција во 1881 година, Селисма останува под власта на Османлиското Царство во рамките на Еласонската Каза. Новата османлиско-грчка граница минува на неколку километри јужно од селото. Според грчката атинска статистика од 1910 година во Селисма (Σέλισμα) живееле 34 Грци христијани.[4]

Во Грција

уреди

За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Селисма станува дел на Кралството Грција. Во 1927 година името на селото е променето во Дјаселаки.

Демографија

уреди

Пописи

уреди

Движењето на населението по години е следното[5]:

  • 1913 – 51 жител
  • 1920 – не е регистрирано
  • 1928 – 33 жители

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 63 123 28 напуштена населба напуштена населба 11 8 2
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σέλισμα -- Διασελάκι
  3. Официјално семрежно место на општината Дескати
  4. Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος. Η Μακεδονία : εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι,1910, σ. 114.
  5. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 1. Скопје. стр. 129.