Свети Јован (Сер)

источно предградие на Сер, Егејска Македонија

Свети Јован (грчки: Άγιος Ιωάννης, Агиос Јоанис) — источно преградие на градот Сер, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ, Грција. Населението брои 598 жители (2021).

Свети Јован
Άγιος Ιωάννης
Свети Јован is located in Грција
Свети Јован
Свети Јован
Местоположба во областа
Свети Јован во рамките на Сер (општина)
Свети Јован
Местоположба на Свети Јован во општината Сер и областа Централна Македонија
Координати: 41°6′N 23°35′E / 41.100° СГШ; 23.583° ИГД / 41.100; 23.583
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСер
Општ. единицаСер
Надм. вис.&1000000000000006000000060 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно598
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Предградието се наоѓа во Серското Поле, на 2 км североисточно од Сер, покрај патот кој води од градот до Геди Дермен, на надморска височина од 60 м.[2]

Историја

уреди

Населабата е основана во 1924 г. од Грци преселени од Турција согласно Лозанскиот договор. Во неа биле сместени 51 бегалско семејство со вкупно 218 бегалци, чиј број во пописот од 1940 г. се накачил на 270.[2]

Стопанство

уреди

Населението произведува жито, компири, многу тутун и други земјоделски производи, а внимание му се посветува и на краварството.[2] Предградието поседува голем број на угостителски објекти и ресторани.[3]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 270 303 326 703 761 637 719 598
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Сер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Сер, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Сер, во кој е влегуваат истоимениот град и селата Заба, Мертатово и Метох.

Културни и природни знаменитости

уреди

Цркви

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 245.
  3. „Πόλη Σερρών“. hotelgalayserres.gr. Hotel Galaxy Serres. Посетено на 16 август 2024.
  4. 4,0 4,1 4,2 „Ιερός Ναός Κοιμήσεως της Θεοτόκου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 16 август 2024.