Самуел Илинг-Џуниор

Самуел Илинг-Џуниор (роден на 4 октомври 2003 година, во Ислингтон) — англиски фудбалер, крило или напаѓач на Јувентус и на англиската репрезентација под 21 година.

Самуел Илинг-Џуниор
Лични податоци
Роден на 4 октомври 2003(2003-10-04)(21 г.)
Роден во Ислингтон, Англија
Држава Англија Англија
Висина &100000000000001820000001,82 м
Позиција крило, напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
Број 17
Младинска кариера
Челси Челси
Јувентус Јувентус
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2021-2023 Јувентус Јувентус Некст Џен 9 (3)
2022- Јувентус Јувентус 34 (2)
Репрезентација
2018 Англија Англија 15 1 (0)
2018-2019 Англија Англија 16 13 (2)
2019 Англија Англија 17 5 (0)
2021-2022 Англија Англија 19 7 (1)
2023- Англија Англија 21 5 (2)
* Ажурирано на: 11 август 2022
** Ажурирано на: 11 август 2022

Технички карактeристики

уреди

Тој првенствено игра како крило и може да настапува на двете страни, но неговата разноврсност му овозможува да се користи и на различни други позиции, вклучувајќи лев бек, офанзивен играч од средниот ред или мецала.[1][2][3] Како левак обдарен со одлични атлетски вештини, тој има одличен дриблинг и центаршут,[3] и покажал дека има добро чувство за гол.[2][4]

Во 2020 година, бил вклучен во листата на најдобрите шеесет фудбалери родени во 2003 година, составена од англискиот весник The Guardian.[5]

Клупска кариера

уреди

Почетоци

уреди

Роден во Ислингтон,[6] Лондон, Илинг-Џуниор се приклучил на академијата на Челси во 2011 година на осумгодишна возраст,[7][8] и поминал девет години во клубот.[9] Напредувајќи брзо низ младинските категории во клубот, во 2019 година, на возраст од само 16 години, тој бил промовиран во тимот на сините под 19 години.[10] Во 2020 година, тој одлучил да го напушти Челси, отфрлајќи ја опцијата за договор со атлетска стипендија,[11] приклучувајќи му се на Јувентус со кој го потпишал првиот професионален договор во својата кариера во септември истата година.[12][13]

Јувентус

уреди

2020-2022: Јувентус У19, У23 и Некст Џен

уреди

По приклучувањето на Јувентус, Илинг-Џуниор играл за младинските тимови на клубот: најпрво во Примавера (под 19 години), а потоа на 2 април 2021 година, го добил и својот прв повик во Јувентус У23, заедно со соиграчот од Примавера Габриеле Мулаци, за натпреварот од Серија Ц против Алесандрија.[14] Тој ја заврши сезоната 2020-2021, со четири гола и седум асистенции во 28 натпревари за тимот под 19 години.[10]

На 22 август, тој го направил своето деби за Јувентус У23 во победата со 3–2 против Про Сесто во Купот на Италија Серија Ц. Неговото деби во Серија Ц дошло на 3 октомври, заменувајќи го Никола Секулов во второто полувреме од натпреварот против Мантова.[15] Тоа бил неговиот единствени настапи за У23 тимот, бидејќи остатокот од сезоната ја поминал играјќи за тимот под 19 години, поправајќи ја својата статистика во однос на претходната сезона, играјќи 36 натпревари на кој постигнал 13 гола.[10] Тој исто така, му помогнал на У19 тимот да стигне до полуфиналето на Младинската лига на УЕФА, нивно најдобро достигнување во натпреварувањето дотогаш.[16]

Пред почетокот на сезоната 2022-2023, Илинг-Џуниор бил промовиран во У23 тимот, сега преименуван во Јувентус Некст Џен. На 3 септември 2022 година, тој го постигнал својот прв гол во професионалната кариера, правејќи го во 13-тата минута од натпреварот против Тренто во Серија Ц, кој завршил со победа на Јувентус Некст Џен од 2-0.[17] Десет дена подоцна, тој постигнал уште еден погодок во поразот со 1-2 на домашен терен од Падова, а на 9 октомври во ремито 3-3 на гостувањето кај Пјаченца, тој го постигнал својот трет погодок за сезоната и забележал асистенција за првиот гол на неговиот тим кој го постигнал Алесандро Серсанти. Одличната форма, со три постигнати гола во шест натпревари за Некст Џен, наскоро му носи повик и деби за првиот тим на Јувентус.

Интересно, иако веќе добил договор и бил промовиран во првиот тим на Јувентус, во март 2023, Илинг-Џуниор се вратил да настапува за Некст Џен со цел да му помогне на клубот во финалето на Купот на Италија за екипи од Серија Ц против Виченца. Во првиот натпревар тој го постигнал единствениот гол за Јувентус Некст Џен во поразот на домашен терен со 1-2,[18][19] додека во реваншот тој промашил пенал кој самиот го изнудил шутирајќи високо над голот во поразот со 3-2.[20][21]

2022-денес: Со првиот тим

уреди

Илинг-Џуниор првпат бил повикан во првиот тим на Јувентус од тренерот Масимилијано Алегри, на 21 мај 2022 година, за натпреварот против Фјорентина од последното коло на првенството.[22]

Своето деби за првиот тим на Јувентус го направил следната сезона, во натпреварот против Емполи во Серија А, на 21 октомври, влегувајќи како замена за Филип Костиќ во 84-тата минута.[10] На 25 октомври, дебитирал во Лигата на шампионите против Бенфика, влегувајќи повторно на местото на Костиќ во 70-тата минута, кога Јувентус заостанувал со 4–1;[23] по влегувањето во игра тој асистирал за голот на Аркадиуш Милик за 4–2 шест минути подоцна, и обезбедил клучно додавање за голот на Вестон Мекени две минути подоцна.[23] Четири дена подоцна, во натпреварот на гостински терен против Лече, Илинг-Џуниор му асистирал на Николо Фаџоли, кој по само 41 секунда од влегувањето на теренот го постигнал победничкиот гол во победата со 0-1.[24] Сепак, во текот на натпреварот тој доживеал извртување на глуждот откако бил фаулиран од Федерико Ди Франческо, што го извадило од акција за 20 дена.[25]

На 19 декември 2022, Јувентус објавил дека Илинг-Џуниор го обновил договорот до 2025 година, а потоа бил трајно промовиран во првиот тим.[26] На 19 јануари 2023, го имал првиот старт во почетната постава на Јувентус, во натпреварот на домашен терен против Монца во Купот на Италија.[27] На 7 мај, за време на гостувањето кај Аталанта, тој го забележал својот прв старт за Јувентус во Серија А и во истиот натпревар го постигнал својот прв гол, отворајќи го резултатот во успехот на бјанконерите со 0-2.[28] Првата сезона со првиот тим на Јувентус ја затворил со 18 настапи во сите конкуренции и еден постигнат погодок.

Во првиот дел од сезоната 2023-2024, Илинг-Џуниор се соочува со значително намалена минутажа, поради конкуренцијата на неговата позиција од Костиќ и новото засилување Андреа Камбјазо.[29] На 7 јануари 2024 година, го постигнал својот прв гол за сезоната, за моментално израмнување на резултатот во првенствениот натпревар на гостувањето против Салернитана, кој подоцна бјанконерите го добиле со 1-2.[30] На 15 мај 2024, го освоил својот прв трофеј со Јувентус, Купот на Италија, со победата од 1-0 над Аталанта во финалето кое Илинг-Џуниор го одиграл целосно.[31]

Репрезентативна кариера

уреди

Илинг-Џуниор ја претставувал Англија во различни младински категории.

Во септември 2019 година, тој учествувал со репрезентацијата под 17 години на Сиренка купот во Полска, освојувајќи го турнирот.

Во јуни 2022 година, тој бил вклучен во составот на репрезентацијата под 19 години која учествувала на Европското првенство во Словачка,[32] каде „Трите лавови“ се покажале способни да ја освојат титулата, откако го совладале Израел со 3-1 (по продолженија) во финалето.[33][34][35]

Статистика

уреди

Клупска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 4 јуни 2023.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2021-2022   Јувентус У23 Ц 1 0 КИ-Ц 1 0 - - - - - - 2 0
2022-2023 Ц 8 3 КИ-Ц 3 2 - - - - - - 11 5
Вкупно Јувентус У23 9 3 4 2 - - - - 13 5
2022-2023   Јувентус А 12 1 КИ 1 0 ЛШ+ЛЕ 1+4 0 - - - 18 1
2023-2024 А 22 1 КИ 3 0 - - - - - - 25 1
Вкупно Јувентус 34 2 4 0 5 0 - - 43 2
Вкупно во кариерата 43 5 8 2 5 0 - - 56 7

Титули

уреди

Клупски

уреди
Јувентус
2023-2024

Наводи

уреди
  1. U19 | Alla scoperta di Iling: «Essere alla Juve è un sogno». Juventus TV. 11 февруари 2022. Archived from the original on 2022-02-11. https://web.archive.org/web/20220211173035/https://www.juventus.com/it/juventus-tv/u19-alla-scoperta-di-iling-essere-alla-juve-e-un-sogno. 
  2. 2,0 2,1 Romeo Agresti (26 октомври 2022). „Samuel Iling-Junior: l'esordio in A con la Juve, poi l'assist per Milik alla prima in Champions“.
  3. 3,0 3,1 Marco D'Ottavi (26 октомври 2022). „Da dove sbuca fuori Iling-Junior“.
  4. Alfredo Pedullà (22 октомври 2022). „Iling Junior, l'esordiente che ha affascinato Allegri“. Посетено на 25 декември 2022.
  5. Marcus Christenson; Jim Powell; Garry Blight (8 октомври 2020). „Next Generation 2020: 60 of the best young talents in world football“ (англиски).
  6. Kinsella, Nizaar (12 December 2022). „The next John Terry? Five starlets who could shine for England in 2026“. Evening Standard (англиски). Архивирано од изворникот 21 December 2022. Посетено на 22 December 2022.
  7. Brewin, John (27 June 2022). „England youngsters reaping rewards of pathway at Under-19 Euros“. The Guardian. Архивирано од изворникот 13 January 2023. Посетено на 8 February 2023.
  8. Kinsella, Nizaar (1 November 2022). „Chelsea tinged with regret as Samuel Iling-Junior rises to Juventus challenge“. Evening Standard. Архивирано од изворникот 9 February 2023. Посетено на 9 February 2023.
  9. Albanese, Giovanni. „Chi è Iling-Junior, l'esterno che la Juve ha pescato giovanissimo dal Chelsea“ [Who is Iling-Junior, the winger that Juve brought in from Chelsea at a very young age]. La Gazzetta dello Sport (италијански). Архивирано од изворникот 22 October 2022. Посетено на 22 October 2022.
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 Agresti, Romeo (26 October 2022). „Samuel Iling-Junior: l'ex Chelsea che ha esordito in Serie A con la Juventus“. Goal.com (италијански). Архивирано од изворникот 1 November 2022. Посетено на 26 October 2022.
  11. „U19 | Alla scoperta di Iling: «Essere alla Juve è un sogno»“. Juventus F.C. (италијански). 11 February 2022. Архивирано од изворникот 11 February 2022. Посетено на 11 January 2022.
  12. Giovanni Albanese (23 ноември 2022). „Chi è Iling-Junior, l'esterno che la Juve ha pescato giovanissimo dal Chelsea“.
  13. „Tutte le operazioni di mercato“. 6 октомври 2020.
  14. Baridon, Marco (3 April 2021). „Juve Primavera, Zauli pesca per la sua Under 23: in due alla prima chiamata“. Juventus News 24 (италијански). Архивирано од изворникот 3 November 2022. Посетено на 13 May 2022.
  15. JuventusNews24, Redazione (3 October 2021). „Esordio Iling-Junior con la Juventus U23: prima presenza in Serie C“. Juventus News 24 (италијански). Архивирано од изворникот 1 November 2022. Посетено на 11 May 2022.
  16. „Il Benfica in finale grazie ai calci di rigore. Non basta la gran rimonta della Juve“. La Gazzetta dello Sport (италијански). Архивирано од изворникот 9 June 2022. Посетено на 28 May 2022.
  17. „Juventus Next Gen, Iling Junior segna il primo gol della stagione“. La Casa di C (италијански). 3 September 2022. Архивирано од изворникот 9 October 2022. Посетено на 9 October 2022.
  18. Baridon, Marco (2 March 2023). „Juventus Next Gen Vicenza 1-2: ai veneti il primo atto, Iling non basta“. Juventus News 24 (италијански). Архивирано од изворникот 2 March 2023. Посетено на 3 March 2023.
  19. JuventusNews24, Redazione (2 March 2023). „Soulé e Iling-Junior guidano la Juventus Next Gen: titolari nella finale col Vicenza“. Juventus News 24 (италијански). Архивирано од изворникот 13 March 2023. Посетено на 3 March 2023.
  20. Baridon, Marco (2023-04-11). „Vicenza Juventus Next Gen 3-2: bianconeri sconfitti in finale, vincono i veneti!“. Juventus News 24 (италијански). Посетено на 2023-04-11.
  21. JuventusNews24, Redazione (2023-04-11). „Iling-Junior si procura e sbaglia il rigore: il Vicenza conduce 3-2 – VIDEO“. Juventus News 24 (италијански). Посетено на 2023-04-11.
  22. JuventusNews24, Redazione (21 May 2022). „Convocati Juve per la Fiorentina, UFFICIALE: riecco McKennie. Sei assenti“. Juventus News 24 (италијански). Архивирано од изворникот 1 November 2022. Посетено на 21 May 2022.
  23. 23,0 23,1 „Juventus Next Gen, esordio da sogno in Champions League per Iling Junior contro il Benfica“. La Casa di C (италијански). 25 October 2022. Архивирано од изворникот 26 October 2022. Посетено на 26 October 2022.
  24. „Iling-Junior fa assist, Fagioli segna: i giovani alleviano la crisi della Juventus | Goal.com“. www.goal.com. Архивирано од изворникот 31 October 2022. Посетено на 31 October 2022.
  25. „Iling ko, la Juventus perde anche lui dopo il fallaccio di Di Francesco: il comunicato“. tuttosport.com (италијански). Архивирано од изворникот 31 October 2022. Посетено на 31 October 2022.
  26. „Samuel Iling-Junior renews until 2025! – Juventus“. Juventus F.C. (англиски). 19 December 2022. Архивирано од изворникот 19 December 2022. Посетено на 19 December 2022.
  27. JuventusNews24, Redazione (2023-01-19). „Iling-Junior, prima da titolare! Esordio dal primo minuto in Juve Monza“. Juventus News 24 (италијански). Посетено на 2023-05-07.
  28. „Atalanta - Juventus | La Sintesi“. 7 мај 2023.
  29. Simone Negri (11 декември 2023). „Juventus, sacrificio Iling Junior? Gli scenari per gennaio“.
  30. „Salernitana-Juventus | La sintesi“. 2024-01-07.
  31. „Vlahovic sinks Atalanta in Coppa Italia final to end Juventus' trophy drought“. The Guardian. 15 May 2024. Посетено на 15 May 2024.
  32. Frank Smith (17 јуни 2022). „England MU19s squad named for EUROs“ (англиски).
  33. „Israel 1-3 England (aet): Chukwuemeka and Ramsey the extra-time heroes as Young Lions fight back“ (англиски). 1 јули 2022.
  34. Nicholas Veevers (1º luglio 2022). „England U19s 3-1 Israel“ (англиски). Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  35. „Europei U19, trionfa l'Inghilterra: Israele si arrende nei supplementari“. 1 јули 2022.

Надворешни врски

уреди