Сабанкаја
Сабанкаја — активен стратовулкан кој се наоѓа на Андите од јужниот дел на Перу, околу 70 километри северозападно од Арекипа. Се смета за дел од Централната Вулканска Зона на Андите, еден од трите различни вулкански појаси на Андите. Вклучува голем број на вулкани, од кои некои како Хуанапутина имале големи ерупции, а други како Сабанкаја и Убинас биле активни во историско време. Сабанкаја формира вулкански комплекс заедно со Хуалка Хуалка на север и Ампато на југ и еруптирал андезит и дацит. Самиот вулкан е покриен со мала ледена капа, што доведува до опасност од лахари за време на ерупции.
Сабанкаја | |
---|---|
Сабанкаја | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | [1] |
Истакнатост | ~500 м (1,640 ст) |
Координати | 15°47′13″S 71°51′25″W / 15.787° ЈГШ; 71.857° ЗГД [1][2] |
Географија | |
Место | Перу |
Матичен венец | Анди |
Геологија | |
Вид | стратовулкан |
Вулкански лак/појас | Централна Вулканска Зона |
Последен избув | ноември 2016 (во тек) |
Вулканот генерирал бројни долги лавини текови, особено за време на раниот Холоцен, додека активноста во подоцнежниот Холоцен била поексплозивна. Историски извештаи укажуваат на ерупции во текот на XVIII век. Вулканот се разбудил започнувајќи од 1986 година и кулминирал во голема ерупција во 1990 година. Оттогаш вулканот е постојано активн со емисија на пепел и гас. Името е потврдено од 1595 година, што укажува на тоа дека вулканската активност била забележана претходно.
Местоположба
уредиСабанкаја се наоѓа северозападно од Арекипа, на растојание од 70 километри[3]. Важната долина на реката Рио Колца е сместена северно од вулканскиот комплекс[4].
Сабанкаја е дел од серија вулкани што се протегаат на југозападниот брег на Перу, на растојание од околу 100 километри од брегот. Од овие вулкани, Сабанкаја, Мисти, Убинас, Хуанапутина, Тикани и Тутупака биле активни во историско време. Други вулкани во плиоценот кои биле активни се Сара Сара, Солимана, Коропуна, Ампато, Чачани, Јукамен, Казири и Такора[5]. Сите овие вулкани се сметаат за дел од Централната Вулканска Зона на Андите. Најпознати меѓу нив се Ампато и Коропуна кои надминуваат височина од 6.000 метри[6].
Геологија
уредиТектонските услови во регионот не биле константни во текот на времето. Во различни временски точки плочите се приближувале едни со други со поголема брзина, што довело до компресивен тектонски режим. Меѓутоа, во Западната Кордиљера, овие појави довеле до појавување на обемниот вулканизам и земјотреси во областа[7].
Сабанкаја се состои од порфиритични[8] андезити и дацити кои формираат калцио-алкална група[9]. Магмите биле формирани на температура од 990-920 °C. Највисоките температури се поврзани со производите од ерупција од 1992 година. Податоците од изотопот покажуваат дека пред-магмите имале контакт со кората на големи длабочини пред да се издигнат во помали магматски огништа.
Еруптивна историја
уредиПовеќето активности во Сабанкаја се јавуваат во форма на лавини куполи и текови, од кои една е датирана во околу 5.440 ± 40 година [8]. Ефузивната активност започнала непосредно по почетокот на холоценот. Пирокластичните ерупции се поретки и имаат низок волумен, со една таква појава во 8.500 години пред сегашноста. Постојат докази кои докажуваат дека раните ерупции редовно доведувале до избувнување на лава, додека вулканот во холоценот бил поексплозивен во својата активност. Можно е Инките да правеле човечки жртви како одговор на ерупциите на Сабанкаја за да ги смират планинските божества[10].
Шпанските хроники ги спомнуваат можните ерупции во 1752 и 1784, кои можеби оставиле слоеви на тефра[11]. По XVIII век, вулканот не бил активен околу двесте години. Кон крајот на 1986 година зголемена фумаролска активност го најавил почетокот на нов период на ерупција[8], и сателитските снимки забележале појава на црни точки каде што мразот се стопил. Во ова време, смрт на животни била забележана во областа. Своја кулминација вулканот ја доживеал во мај 1990 година, кога се случила ерупција со индекс на вулканска експлозија од 2-3. Оваа ерупција исфрлила пепел на растојание од 12 километри од врвот и била проследена со силна земјотресна активност. Ерупцијата и понатамошната активност, во 1990 година, го зголемиле кратерот на врвот и предизвикале формирање на нови редови на фумароли. Хемиската анализа, на вулканските карпи, укажува на тоа дека оваа фаза на вулканска активност започнала со инјектирање на мафичната магма во магматското огниште [12]. Оваа ерупција раселила помеѓу 4.000 и 1.500 луѓе во регионот[13].
Во март и април 2013 година, била зголемена фумаролната активност кое довело до оштетување на локалната инфраструктура[14]. Ерупцијата се случила во август 2014 година [15]. Овој пулс на активност бил проследен со зголемено ослободување на SO2, кој бил емитуван со стапка од 1.000 тони дневно во 2014 година. Пепелта била исфрлувана од вулканот повеќепати до 2014 и 2015 година[16].
Понатамошно зголемување на фумаролошката активност било забележано во 2016 година, кога се појавиле нови фумароли и сулфурниот флукс се зголемил на 6.000 тони дневно. Ерупциите од пепел се појавиле од 6 ноември 2016 година, а висината на ерупција станала 3 км пет дена подоцна. Започнувајќи од јуни 2017 година, постојан гас се наоѓа над вулканот и се случуваат повторни емисии на пепел, што резултирало со неколку известувања за месното население[16].
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Предлошка:Cite GVP
- ↑ Gerbe & Thouret 2004, стр. 541.
- ↑ Warner & Gregg 2003, стр. 5.
- ↑ Juvigné и др. 2008, стр. 160.
- ↑ Gerbe & Thouret 2004, стр. 542.
- ↑ Thouret и др. 1994, стр. 49.
- ↑ Gerbe & Thouret 2004, стр. 543.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 Gerbe & Thouret 2004, стр. 544.
- ↑ Gerbe & Thouret 2004, стр. 549.
- ↑ Chávez Chávez, José Antonio (July 2001). „INVESTIGACIONES ARQUEOLÓGICAS de ALTA MONTAÑA en el Sur del Perú“. Chungará (Arica) (шпански). 33 (2): 283–288. doi:10.4067/S0717-73562001000200014. ISSN 0717-7356.
- ↑ Thouret и др. 1994, стр. 51.
- ↑ Gerbe & Thouret 2004, стр. 558.
- ↑ Annen, Catherine; Wagner, Jean-Jacques (2003-11-01). „The Impact of Volcanic Eruptions During the 1990s“. Natural Hazards Review. 4 (4): 171. doi:10.1061/(ASCE)1527-6988(2003)4:4(169).
- ↑ Kern и др. 2017, стр. 3544.
- ↑ Jay и др. 2015, стр. 2787.
- ↑ 16,0 16,1 Предлошка:Cite GVP, Weekly Reports