Убинас
Убинас — стратовулкан кој се наоѓа на Андите од јужниот дел на Перу, околу 70 километри северозападно од Арекипа. Вулканот не бил активен повеќе од 40 години, кога се активирал во 2006 година.
Убинас | |
---|---|
Убинас | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 5672 м [1] |
Координати | 16°21′18″S 70°54′11″W / 16.35500° ЈГШ; 70.90306° ЗГД [1] |
Географија | |
Место | Мокегва, Перу |
Матичен венец | Централна Вулканска Зона, Анди |
Геологија | |
Вид | стратовулкан |
Последен избув | март до август 2015 (во тек)[1] |
Убинас се наоѓа во јужниот дел на Перу. Вулканот претставува сложен конус изграден на високото плато кое било формирано од олигоцено-миоценски игнимбрити и интрузивни карпи. Убинас се состои од два објекти кои делат два главни периоди на своето еруптивно однесување. Првиот е долниот вулкан под 600 метри, познат како Убинас 1 (период на ерупција> 376 ка), кој се распаднал и формирал остатоци од лавини текови до 12 километри од Рио Убинас. Овој колапс бил проследен со ерупција на игмнибрити. Убинас се наоѓа на 230 километери источно од Перуанско-чилеанскиот Ров и околу 150 км Вадати-Бениоф зона, каде што Насканската Плоча е подложена на натопи во опсег од 20 - 30˚.
На 22 април 2006 година, вулканот ја прекинал својата 40-годишна пауза и избувнал, произведувајќи фумароли и пепел. На 23 април 2006 година, властите на Перу прогласиле вонредна состојба во градовите во близина на вулканот.
На 28 април 2014 година, и покрај неодамнешниот пад на земјотресите, од вулканот Убинас избувнал пепел.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- NASA Earth Observatory page Архивирано на 1 октомври 2006 г.
- Instituto Geofísico del Perú
- "Volcán Ubinas, Peru" on Peakbagger