Мисти, исто така познат како Путина[2] или Гуагуа Путина[3]стратовулкан од андезит, дацит и риолит[4], кој се наоѓа во јужниот дел на Перу, во близина на градот Арекипа. Со својот сезонски снежен покриен симетричен конус, Мисти се издига на 5,822 метри надморска височина и се наоѓа помеѓу планината Чачани (6,075 метри) и вулканот Пичу Пичу (5,669 метри). Последната ерупција се случила во 1985 година, 198 години по нејзината претходна документирана ерупција[1].

Мисти
Највисока точка
Надм. вис.5822 м [1]
Истакнатост1785 м
Заведена какоUltra
Координати16°17′40″S 71°24′32″W / 16.29444° ЈГШ; 71.40889° ЗГД / -16.29444; -71.40889[1]
Географија
Мисти на карта

Карта

МестоАрекипа, Перу
Матичен венецАнди
Геологија
Видстратовулкан
Вулкански лак/појасЦентрална Вулканска Зона
Последен избув1985

Опис

уреди

Мисти има три концентрични кратери. Активни фумароли или вулкански отвори за гас може да се видат во внатрешниот кратер[5]. Во близина на внатрешниот кратер, шест инкиски мумии и ретки инкиски артефакти биле пронајдени во 1998 година за време на едномесечното ископување во режија на археолозите Јохан Рајнхард и Хосе Антонио Чавес. Овие наоди моментално се чуваат во музејот во Арекипа.

До врвот на вулканот има две главни качувачки линии. Патеката Пасторес започнува на 3.300 метри. Обично кампот е направен на 4.500 метри во Нидо де Агилас. Патеката Агуада Бланка започнува на 4.000 метри во близина на резервоарот Агуада Бланка, а кампот е направен на 4.800 метри во Монте Бланко (кампот е именуван по Монблан, чиј врв е приближно ист според надморската височина). Патеките за искачување не содржат технички потешкотии, но и двете се сметаат за напорни поради стрмните песочни падини.

Околина

уреди

Долгата историја на ерупции од Мисти и неговите соседни вулкани предизвикало локалната почва да биде исклучително плодна, со што околината е една од најкорисните во Перу[5]. Месните жители, исто така, прават широка употреба на бела вулканска карпа наречена силар, која е лесно употреблива[5]. Градот Арекипа има значителен број на градби изградени со силар, што резултира со неговиот прекар „Белиот град[5].

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „El Misti“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. Посетено на 2008-12-21. (англиски)
  2. Thomas Besom, Of Summits and Sacrifice: An Ethnohistoric Study of Inka Religious Practices, An ethnohistoric study of Inka religious practices, University of Texas press, 2009
  3. „Global Volcanism Program | El Misti“. volcano.si.edu (англиски). Посетено на 2017-08-16.
  4. http://gsabulletin.gsapubs.org/content/113/12/1593
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Scheffel, Richard L.; Wernet, Susan J., уред. (1980). Natural Wonders of the World. United States of America: Reader's Digest Association, Inc. стр. 251. ISBN 0-89577-087-3.

Литература

уреди
  • Reinhard, Johan (2005). The Ice Maiden: Inca Mummies, Mountain Gods, and Sacred Sites in the Andes. Washington, D.C.: National Geographic Society. ISBN 0-7922-6838-5.

Надворешни врски

уреди