Виетнам

(Пренасочено од СР Виетнам)

Социјалистичка Република Виетнам (виетнамски: Cộng Hoà Xã Hội Chủ Nghĩa Việt Nam), или скратено Виетнам е земја во југоисточна Азија. Се протега на полуостровот Индокина, и граничи на север со Кина, на запад со Лаос, на југозапад со Камбоџа, како и со Јужнокинеското Море на исток. Таа е најнаселена земја на копното на Југоисточна Азија.

Социјалистичка Република Виетнам
Cộng hòa Xã hội chủ nghĩa Việt Nam
Знаме Амблем
ГеслоĐộc lập – Tự do – Hạnh phúc
„Независност-слобода-среќа“
ХимнаTiến Quân Ca
"Армиски марш"
Местоположба на Виетнам.
Местоположба на Виетнам.
Местоположба на Виетнам.
Главен градХаној
21°2′N 105°51′E / 21.033° СГШ; 105.850° ИГД / 21.033; 105.850
Најголем град Хо Ши Мин
Службен јазик виетнамски
Официјално писмо виетнамска азбука
Демоним Виетнамец
Уредување Унитарна социјалистичка,
еднопартиска република
 •  Претседател Труонг Тан Санг
 •  Премиер Нгујен Тан Дунг
Законодавство Национално собрание на Виетнам
Основање
 •  Даи Виет 1054 
 •  Француска колонизација 1853 до 1883 
 •  Независност 2 септември 1945 
 •  Обединување 2 јули 1976[1] 
 •  Сегашен устав 15 април 1992 
Површина
 •  Вкупна 331,698 км2 (65th)
 •  Вода (%) 1.3
Население
 •  Попис 2011 90,549,390 (13th)[2] 
 •  Густина 259 жит/км2 (46-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2010 г.
 •  Вкупен $273.967 милијарди[3] 
 •  По жител $3,104.179[3] 
БДП (номинален) проценка за 2010 г.
 •  Вкупно $104.600 милијарди[4] 
 •  По жител $1,168[3] 
Џиниев коеф. (2002)37
среден · 59-та
ИЧР (2013) 0.638[5]
среден · 121ва
Валута донг (₫)[6] (VND)
Часовен појас ICT (Индокинеско време) UTC+7 (UTC+7)
 •  (ЛСВ)  (UTC+7)
Се вози на десно
НДД .vn
Повик. бр. 84
1. Според официјалното име од уставот од 1992.

Потекло на поимот

уреди

Гиа-Лонг, виетнамски владетел, на своето крунисување во 1802 година, посакал неговото кралство да се вика Нам Виет и испратил гласник за да добие согласност од Пекинг. Но, Синот на Небото Манчу (кинескиот цар) настојувал името да биде Виет Нам. Причината за оваа инверзија е следново: Виет Нам (на кинески Јуех-нан) значи, приближно, јужно од Виет (Јуе), подрачје кое било освоено од кинеската династија Хан седумнаесет векови порано и за кое се смета дека ги опваќало и денешните кинески провинции Квантунг и Квангси, како и долинината на Црвената Река. Нам Виет за Гиа-лонг значело Јужен Виет (Јуех), односно претензија врз старото царство. Според Александар Вудсајд: тешко дека виетнамските владетели од пред еден век го почитувале името Виетнам како целина еманирано од Пекинг, онака како што се почитува во овој век (20 век б.н). Како вештачки службен назив, не го употребувале многу ни Кинезите ни Виетнамците. Кинезите се залепиле за навредливиот Т‘ анг збор Анам... Виетнамскиот двор, од друга страна, на своја рака измислила ново име за своето кралство во 1838-39 и не чувствувал потреба да го информира кинескиот двор за тоа. Новото име Даи Нам, Големиот Југ или Империјалниот Југ, редовно се појавувало во дворските документи и службените историски компилации. Но, не опстанало до денес.[7]

Историја

уреди

Географија и клима

уреди

Политички систем

уреди

Административна поделба

уреди
 
Карта на покраините во Виетнам

Виетнам се дели на 58 покраини (виетнамски: tỉnh) и 5 општини од ист степен како покраините (thành phố trực thuộc trung ương). Владата ги групира покраините во 8 региони, но истите се користат нередовно и класификацијата не е строга и постојат други алтернативни групирања.

Покраините се делат на окрузи (huyện), покраински градови (thành phố trực thuộc tỉnh) и околиски градови (thị xã), кои пак се поделени на општински градови (thị trấn) или општини ().

Општините се поделени на рурални окрузи (huyện) и урбани окрузи (quận), поделени на реони (phường).

Со покраините раководи „народен совет“ кој го избираат жителите. Советот назначува „народен комитет“, кој претставува извршен огранок на покраинската управа. Ваквата поставеност е упростена варијанта на државната управа на земјата. Покраинските управи се потчинети на централната влада.

Стопанство

уреди

Демографија

уреди
 
Бр. Name Покраина Нас. Бр. Name Покраина Нас.
1 Хо Ши Мин Општина 8,146,300 11 Буон Ма Туот Дак Лак 340,000  
Хајфонг
 
Да Нанг
2 Ханој Општина 7,216,000 12 Хуе Тија Тијен-Хуе 333,715
3 Хајфонг Општина 1,763,000 13 Тај Нгујен Тај Нгујен 330,000
4 Да Нанг Општина 1,328,000 14 Вунг Тау Ба Жија-Вунг Тау 327,000
5 Кантхо Општина 1,248,000 15 Куј Њон Бињ Дињ 311,000
6 Бијен Хоа Донг Нај 1,104,495 16 Лонг Сујен Ан Жјанг 280,300
7 Ња Чанг Хањ Хоа 792,397 17 Вјетчи Фу То 277,539
8 Вин Нге Ан 490,000 18 Бак Нин Бак Нињ 272,634
9 Хај Зионг Хај Зионг 403,893 19 Ту Дау Мот Бињ Зуонг 271,000
10 Да Лат Лам Донг 356,393 20 Тај Бин Тај Бињ 270,000

Религија

уреди
Верници во Виетнам
Виетнамска народна религија
  
73,2 %
Будисти
  
12,2 %
Католичка црква
  
6,8 %
Каодисти
  
4,8 %
Протестанти
  
1,5 %
Таоисти
  
1,4 %
Други
  
0,4 %

Култура

уреди

Виетнам како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Наводи

уреди
  1. Robbers, Gerhard (2007-01-30). Encyclopedia of world constitutions. Infobase Publishing. стр. 1021. ISBN 9780816060788. Посетено на 1 July 2011.
  2. „CIA – The World Factbook“. Архивирано од изворникот на 2018-12-24. Посетено на 2011-07-27.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Vietnam“. International Monetary Fund. Посетено на 2010-04-21.
  4. „GDP năm 2010 của Việt Nam vượt 100 tỷ USD – VnExpress“. Архивирано од изворникот на 2011-08-03. Посетено на 2011-07-27.
  5. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  6. „Local Currency“. Архивирано од изворникот на 2011-05-10. Посетено на 2011-07-27.
  7. Бенедикт Андерсон, Замислени заедници, размислувања за потеклото и ширењето на национализмот, ревидирано издание, Скопје, Култура, 1998
  8. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 112.
  9. Discogs, Minutemen ‎– Double Nickels On The Dime (пристапено на 22.1.2021)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди
Општо
Влада