Руско-естонски односи
Руско-естонските односи (руски: Российско-эстонские отношения) се надворешни односи меѓу Естонија и Руската Федерација. Дипломатски односи меѓу РСФСР и Естонија биле склучени на 2 февруари 1920 година.
Естонија |
Русија |
---|
Историја
уредиВо 1918 - 1920 година се одвила Естонската војна за независност, за време на Граѓанската војна во Русија. На 2 февруари 1920 година меѓу Руската советска федеративна социјалистичка република (РСФСР) и Естонската република бил склучен мировен договор, со кој двете страни меѓусебно се признале. Првата Естонска Република опстоила до 1940-тите години. Во 1939 - 1940 година станала дел од СССР, иако некои држави (САД, Велика Британија, Канада, Австралија, Швајцарија, Ирска, Ватикан и др.) продолжувале де јуре да ја признаваат како Естонската Република во својство на независна држава. На 29 септември 1960 година, Советот на Европа ја осудил воената окупација на балтичките земји од страна на СССР.
На 16 ноември 1988 година бил објавен суверенитетот на Естонска ССР.
Руско-естонските односи биле обновени во јануари 1991 година, кога претседателите на Врховниот Совет на Русија и Естонија, Борис Елцин и Арнолд Рујтел се сретнале во Талин и потпишале договор за регулирање на односите меѓу двете земји.[1][2]. Русија повторно ја признала Естонија на 24 август 1991 година по неуспешниот државен удар. Дипломатските односи биле воспоставени на 24 октомври 1991 година.
Во советскиот период процентот на оние кои го зборувале рускиот јазик во Естонија се зголемил од помалку од 10% до повеќе од 30% кое претставувало речиси половина од населението во главниот град Талин, па дури и мнозинство во некои региони во североисточна Естонија. По обновувањето на независноста на Естонија, естонскиот јазик повторно станал единствен службен јазик. Во есента 1991 година Естонија започнала да спроведува нова политика за државјанство. Државјанство им било одбиено на поголем дел на Руси. На 1 јули 1993 година како одговор на естонскиот Закон за странците, Високиот Совет на Русија прифатил резолуција "За мерките во врска со кршењето на човековите права на територијата на Естонската Република", која предвидувала санкции во однос на Естонија[3].
Во февруари 2002 година заменик-министерот за надворешни работи на Русија Евгениј Гусаров му доставил на амбасадорот на Естонија Карин Јани неофицијален документ - список од седум барања кои Естонија мора да ги исполни со цел подобрување на односите меѓу двете земји. Овие барања вклучувале:
- рускиот јазик да стане службен јазик во областите каде што Русите претставуваат мнозинство;
- да се обезбеди државјанство преку натурализација на минимум 20.000 жители годишно;
- официјална регистрација на Руската православна црква;
- осигурување на средно и високо образование на руски јазик[4]..
Русија учествувала во улога на трета страна во случајот на рускиот воен пензионер Миколенко против Естонија во Европскиот суд за човекови права [5].
Естонија била обвинета повеќепати од официјални претставници на Русија и од еврејските верски водачи, како и од меѓународни организации, во соработка со Нацистичка Германија за време на Втората светска војна [6][7][8][9][10][11][12][13][14]. .
Во 2002 година во Естонија бил подигнат споменик на естонскиот војник кој војувал на страната на Хитлер во Втората светска војна. Споменикот бил наречен Споменик на СС од некои новински агенции, вклучувајќи ја и BBC[15]. Сепак тој не бил поставен по демонстрациите и по критиките од страна на меѓународната заедница. Во 2004 година истиот споменик повторно бил поставен во градот Лихула, но бил соборен од естонската влада по 9 дена[16].
Наводи
уреди- ↑ Kristina Kallas, Eesti Vabariigi ja Vene Föderatsiooni riikidevahelised läbirääkimised aastatel 1990–1994 Архивирано на 25 февруари 2009 г. – Tartu 2000
- ↑ Eesti Ekspress: Ta astus sajandist pikema sammu – Boriss Jeltsin 1931–2007 Архивирано на 27 септември 2007 г., 25.04.2007
- ↑ Text available online. Accessed 22.07.2010
- ↑ DELFI: Moskva nõudis KGB töötajatele tagatisi
- ↑ Ответ официального представителя МИД России А. А. Нестеренко на вопрос СМИ в связи с признанием Европейским Судом по правам человека нарушений прав российского военного пенсионера Н.Миколенко в Эстонии
- ↑ „Estonia is Encouraging a Resurgence of Nazism in Europe“. Voice of Russia. 2006-11-10. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2007-07-25.
- ↑ „Europe must assess neo-Nazism in Estonia — Kokoshin“. Interfax. 2006-11-13. Архивирано од изворникот 2007-09-30. Посетено на 2007-07-25.
- ↑ „State Duma condemns Estonia's 'glorification' of fascism, wants world to 'adequately' assess it“. Interfax. 2006-11-15. Архивирано од изворникот 2007-09-30. Посетено на 2007-07-25.
- ↑ Bruce Jones (2007-05-01). „Estonia blames memorial violence on Russia“. London: The Daily Telegraph. Посетено на 2007-07-25.
- ↑ Interfax-Religion
- ↑ „Breaking News – JTA, Jewish & Israel News“. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2012-11-22. no-break space character во
|title=
во положба 14 (help) - ↑ Interfax-Religion
- ↑ Estonia's Nazi fete assailed – Jewish News of Greater Phoenix
- ↑ Об участии эстонского легиона СС в военных преступлениях в 1941–1945 гг. и попытках пересмотра в Эстонии приговора Нюрнбергского трибунала[мртва врска] (руски)
- ↑ Estonia removes SS monument
- ↑ Estonia unveils Nazi war monument[мртва врска]