Естонска Советска Социјалистичка Република
(Пренасочено од Естонска ССР)
| |||||
Државно мото: Kõigi maade proletaarlased, ühinege (превод: Работници од целиот свет, обединете се!) | |||||
службен јазик | естонски, руски (де факто) | ||||
Главен град | Талин | ||||
Основана Во рамките на СССР: - од - до |
21 јули 1940 6 август 1940 20 август 1991 | ||||
Површина - Вкупно - % вода |
Рангирана како 13-та во СССР 45,226 км2 4.56% | ||||
Население - Вкупно (1989) - Густина |
Рангирана 15-та (последна) во СССР 1,565,662 31,6/км2 | ||||
Валута | Рубља (rubla) | ||||
Часовен појас | UTC + 3 | ||||
Химна | Химна на Естонската ССР |
Естонската Советска Социјалистичка Република, кратко: Естонска ССР (на естонски: Eesti Nõukogude Sotsialistlik Vabariik, кратко: Eesti NSV) било името дадено на 21 јули 1940 на сателитската држава создадена за време на Втората светска војна на територијата на претходно независната Република Естонија, по окупацијата од Советската армија на 17 јуни 1940. Естонската ССР беше претходно анексирана во Советскиот Сојуз на 6 август 1940, кога номинално постана 16-та составна република на СССР. Нејзината територија била претходно освоена од Германија во 1941, па потоа повторно анексирана и освоена од Советите во 1944.