Рупишта

град во Костурско, Егејска Македонија, Грција
(Пренасочено од Рупишча)

Рупишта или Хрупишта (дијалектно: Рупишча; грчки: Άργος Ορεστικό, Аргос Орестико, до 1926 г. Χρούπιστα, Хруписта[2]) — град во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта на Костурскиот округ, Грција. Населението брои 7.237 жители (2021).

Рупишта
Άργος Ορεστικό
Центарот на Рупишта
Центарот на Рупишта
Рупишта is located in Грција
Рупишта
Рупишта
Местоположба во областа
Рупишта во рамките на Рупишта (општина)
Рупишта
Местоположба на Рупишта во општината Рупишта и областа Западна Македонија
Координати: 40°27.9′N 21°15.29′E / 40.4650° СГШ; 21.25483° ИГД / 40.4650; 21.25483
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостур
ОпштинаРупишта
Општ. единицаРупишта
Надм. вис.&10000000000000650000000650 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно7.237
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.522 00
Повик. бр.24670
Црквата „Св. Нектариј“ во Рупишта.

Географија и местоположба

уреди

Гратчето Рупишта е оддалечено 9 км од градот Костур, на северозападната страна на реката Бистрица на надморска височина од 650 метри[3].

Историја

уреди

Рупишта е стара македонска населба во која поради економскиот просперитет и сообраќајните врски почнале постепено да се населуваат турски, влашки и погрчени македонски семејства, така што тоа станало мешана населба со четири народносни групи[3]. Етнографски, гратчето Рупишта е мешано македонско-влашко-„грчко“ населено место на самата линија на разграничување на македонскиот и грчкиот јазик и етнос. По иселувањето на Турците во 1924 година, тука се населиле бегалски семејства со вкупно 863 лица[3]. За време на Граѓанската војна во Рупишта имало голема концентрација на жители од околните села, а по нормализирањето на состојбата во непосредна близина на гратчето биле изградени две нови населби - Каслас преименувана во Стадион во 1962 година и Аеродром (Аеродромион), кои по пописот од 1971 со наредба се споени со Рупишта и со тоа избришани и престанале да се водат како посебни населби во евиденцијата[3].

Стопанство

уреди

Освен со трговија, жителите на Рупишта се занимаваат главно со земјоделство и овоштарство, како исо изработка на ракотворби од кои прочуени се влашките јамболии[3]. Рупишта има доста големо стопанско и управно значење за поголемиот дел од јужниот крај на костурското подрачје. Рупишта е главниот центар на крзнарско-кожарската индустрија која што е застапена во поширокиот регион на западниот дел на Егејска Македонија и Костурско во областа на планините Вич, Грамошта и Пинд.

Население

уреди

Според бројот на жителите Рупишта, го зазема второто место во Костурскиот округ[4]. Според статистиката на К’нчов во Рупишта живееле 1.100 Македонци, 700 Турци, 720 Власи и 170 Роми, додека Бранков е пообјективен кога споменува дека тука живееле и 100 Грци[3]. Милоевиќ, пак споменува дека Рупишта се состои од 270 македонски, 180 влашки, 50 грчки или погрчени и 250 турски куќи, односно вкупно 750 куќи[3]. Според пописите во XXI век, во 2001 година Рупишта броела 7838 жители, а во 2011 имала 7473 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 4.215 4.196 5.104 5.147 5.979 6.653 7.558 7.473 7.237
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Општествени установи

уреди

Гратчето е седиште на поголем дел од костурското подрачје на југ од Рупишта и во него се концентрирани повеќе административни и други служби[3]. Поради големината и стопанското значење Рупишта е прогласено за градска општина и има статус на град.

Културни и природни знаменитости

уреди

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Личности родени во Хрупишта:

  • Марика Макриевска — учесник во Грчката граѓанска војна. Член на музичката група Костурчанки.

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Χρούπιστα -- Άργος Ορεστικό
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Симовски, Тодор (1998). „Костурски округ (VIII/1)“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 39.
  4. Симовски, Тодор (1998). „8“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 39.

Надворешни врски

уреди

Надворешни врски

уреди