Рудолф I (војвода на Саксонија-Витенберг)

Рудолф I (германски: Rudolf I, роден во 1284 - починал во 12 март 1356 во Витенберг) — владетел од династијата Аскани како војвода од Саксонија (1298-1356), изборен кнез од Саксонија (1355-1356) и рајхсмаршал на Светото Римско Царство (1298-1356).

Рудолф I
Војвода од Саксонија
На престол1298-1356
ПретходникАлбрехт II
НаследникРудолф II
Изборен кнез на Саксонија
На престол23 февруари 1623 – 24 октомври 1648
Претходникновосоздадено
НаследникРудолф II
На престол1355-1356
Роден(а)ок.  1284
Починал(а)12 март 1356(1356-03-12)
Витенберг
Почивалиште
СопругиБригита
Кунигунда
Агнес
Деца
  • Албрехт
  • Јохан
  • Ана
  • Рудолф II
  • Елизабета
  • Агнес
  • Отон
  • Беатриса
  • Миско
  • Вилхелм
  • Венцел I
  • Хелена
ДинастијаАскани
ТаткоАлбрехт II
МајкаАгнес
ВероисповедРимокатоличка црква

Рани години

уреди

Рудолф I потекнувал од династијата Аскани од Саксонија-Витенберг. Тој бил син на изборниот кнез и рајхсмаршал Албрехт II (починал на 25 август 1298) и неговата сопруга Агнес (1257-1322), која била сестра на римско-германскиот крал Албрехт I од династијата на Хабсбурговците.

Управување

уреди

По смртта на неговиот татко на 25 август 1298 година, Рудолф I бил уште малолетен. Од страна на својата мајка во 1290 година го добил како наследство округот Брена, кои биле најпрвин управувани од неа. Во тоа време таа го испратила на воспитување кај својот брат Албрехт I и како регентка на Саксонија-Витенберг била до 1302 година.

На старите жители во неговата територија тој го забранил употребата на словенскиот јазик и под влијание на неговата мајка започнал прогонување на Евреите од Витенберг. Во 1340 година тој ја изградил палата Витенберг. Во 1308 година по убиството на неговиот чичко Албрехт I тој својот глас на 27 ноември 1308 година му го доделил на грофот Хајнрих VII од Луксембург и му помогнал со пари и војска. Така Рудолф ја стекнал поддршката на идниот цар на Светото Римско Царство.

Рудолф I починал на 12 март 1356 година во Витенберг, каде најпрвин бил погребан во францисканската црква но во 1883 година бил преместен дворската црква.

Семејство

уреди

Во 1298 година се оженил со Јута (Бригита) од Бранденбург, ќерка на маркгроф Отон V од Бранденбург. Тие имале осум деца:

  • Албрехт
  • Јохан
  • Ана
  • Рудолф II
  • Елизабета
  • Агнес
  • Отон
  • Беатриса

На 28 август 1328 година се оженил со Кунигунда од Полска (1298; † 9 април 1333), ќерка на кралот Владислав I Локетек од Полска. Со неа имал едно дете:

  • Миско (исто Месико)

Во 1333 година се оженил со Агнес од Линдов. Тие имале три деца:

Литература

уреди
  • Jirí Louda and Michael Mac Lagan, Heraldry of the Royal Families of Europe. Little, Brown and Company, London, 1999
  • Johann Franzl, Rudolf I. Der erste Habsburger auf dem deutschen Thron.
  • Beck, Lorenz Friedrich: Rudolf I. Neue Deutsche Biographie (NDB). Band 22, Duncker & Humblot, Berlin 2005, ISBN 3-428-11203-2, S. 184 f. (Digitalisat).
  • Otto von Heinemann: Rudolf I. (Herzog von Sachsen-Wittenberg). Allgemeine Deutsche Biographie (ADB). Band 29, Duncker & Humblot, Leipzig 1889, S. 554 f.

Надворешни врски

уреди
  • Otto von Heinemann (1889), „Rudolf I. (Herzog von Sachsen-Wittenberg)“, Allgemeine Deutsche Biographie (ADB) (германски), 29, Leipzig: Duncker & Humblot, стр. 554–555
  • genealogie-mittelalter.de Архивирано на 16 септември 2009 г.
Рудолф I (војвода на Саксонија-Витенберг)
Роден(а): ок. 1284 Починал(а): 12 март 1356
Претходник
Албрехт II
Војвода од Саксонија
1298–1356
Наследник
Рудолф II
Новосоздадено Изборен кнез на Саксонија
1355–1356