Венцел I (војвода на Саксонија-Витенберг)
Венцел I (германски: Wenzel I., Herzog von Sachsen-Wittenberg, роден во 1337 - починал на 15 мај 1388 во Целе) — владетел од династијата Аскани како војвода од Саксонија, изборен кнез од Саксонија и кнез од Линебург во периодот од 1370 до 1388 година.
Венцел I | |
---|---|
Изборен кнез на Саксонија | |
На престол | 1370-1388 |
Претходник | Рудолф II |
Наследник | Рудолф III |
Кнез од Линебург | |
На престол | 1370-1388 |
Претходник | Магнус II |
Наследник | Бернард I и Хајнрих I |
Роден(а) | ок. 1337 |
Починал(а) | 15 мај 1388 Целе |
Сопруги | Сесилија |
Деца |
|
Династија | Аскани |
Татко | Рудолф I |
Мајка | Агнес |
Рани години
уредиВенцел бил син на војводата Рудолф I (починал во 1356) и на неговата трета сопруга Агнес од Линдов , ќерка на Улрих I од Линдов.
Управување
уредиВо декември 1370 година Венцел го наследил својот починат полубрат Рудолф II, бидејќи тој немал наследници. Во 1376 година како изборен кнез учествувал во изборот на Венцел IV Мрзливиот за германски крал и во 1377 година во Алтмарк помагнал во изборот на Карло IV за цар на Светото Римско Царство.
Венцел починал ненадејно од тешка болест за време на опсадата на Целе. Најверојатно бил отруен.
Семејство
уредиРудолф II се оженил на 23 јануари 1367 година за Сесилија од Карара, ќерка на Франческо I Карара, грофот на Падова. Тие имале 6 деца:
- Рудолф III
- Венцел
- Ерих
- Ана
- Албрехт III
- Маргарита
Литература
уреди- Lorenz Friedrich Beck: Herrschaft and Territorium des Herzöge of Saxe-Wittenberg (1212–1422). Potsdam, 2000. ISBN 3-932981-63-4
- Heinrich Kühne: Die Askanier. Drei Kastanien Verlag, 1999. ISBN 3-933028-14-0
- Georg Hirschfeld: Geschichte der Sächsisch-Askanischen Prince-Electoren. Julius Sittenfeld, Berlin 1884.
- W. of Sommerfeld (1896), „Wenceslas“, Allgemeine Deutsche Biographie (ADB) (германски), 41, Leipzig: Duncker & Humblot, стр. 735–736
Надворешни врски
уреди- http://www.genealogie-mittelalter.de/Wenceslas Prince-Elector of Saxe-Wittenberg Архивирано на 4 јуни 2011 г.
Венцел I (војвода на Саксонија-Витенберг) Роден(а): about 1337 Починал(а): 15 мај 1388
| ||
Владејачки титули | ||
---|---|---|
Претходник Рудолф II |
Изборен кнез на Саксонија 1370–1388 |
Наследник Рудолф III |
Претходник Магнус II |
Кнез од Линебург 1370–1388 со неговиот внук Албрехт (1370–1385) |
Наследник Бернард I и Хајнрих I |