Роглевска тврдина

археолошко наоѓалиште во Македонија
Роглевска тврдина


Карта

Местоположба 41°58′4″N 21°9′55″E / 41.96778° СГШ; 21.16528° ИГД / 41.96778; 21.16528
Основни податоци
Место Рогле
Општина Желино
Тип

 тврдина


Период римско време
Портал „Археологија“

Роглевска тврдинакрепост на месноста Кука, на рид висок 250 м, 1 км северно од селото Рогле, Тетово, што од југ ја наткрилува теснината на рекичката Фуш. Низ теснината се пробива магистралниот пат СкопјеПологОхрид (античкиот пат СкупиЛихнид). Од ридот се контролира овој пат многу километри на запад и исток и во теснината може лесно да се блокира.[1]

Наоѓалиште

уреди

Претставува утврдена населба од раноантичкото и доцноантичкото време и црква од старохристијанското време. Се наоѓа на 1 км североисточно од селото, на висок рид со зарамнето плато, што доминира над околината, каде се гледаат темели од повеќе објекти, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови (сликани вази со црн фирнајс). Околу целото плато се гледаат темели од бедемот и кулите, градени од кршен камен и варов малтер. Во северозападниот дел на тврдината е откриена старохристијанска црква со мозаичен под. Во подградието на североисточната и јужната падина се среќаваат многу фрагменти од керамички садови, питоси и згура од топено железо. Најдени се и бронзени монети од IV и V век.[2]

Изглед

уреди

Пред источното лице на кастелот се протега гранична камена преграда, наречена денес „Марков Ѕид”. Долга е повеќе километри — до Бојане и до падините на Жеден на север и до Раович и масивот на Сува Гора на југ. Преградата (клаустра) е свртена со лицето на исток, кон Скопското Поле и се совпаѓа со граничната линија меѓу провинциите Дарданија и Превалитана. Задачата и била да ги блокира сите споредни гранични премини на тој простор.

Наоди

уреди

Најстари остатоци

уреди

На врвот од Кука во доцноантичко време бил подигнат кастел со големина од 120 × 90 м (0,7 ха). Обѕидието е градено во цврст малтерен слог, со три кули на аглите. Во средината доминира голема базилика со мозаичен под (V-VI век). Најдени се монети од доцниот IV, V и VI век, потоа печки за топење на бакар и боење на стаклени мозаични тесели со хромни оксиди.[3]

Средновековни остатоци

уреди

Меѓу површинските наоди се утврдени е и неколку средновековни предмети: византиски монети — бакарни скифати од XII-XIII век; тока за ремен, дел од бронзен крст — енколпион и прстен (X-XII век); железни врвови за стрели за пробивање оклоп.

Намена

уреди

Очигледно е дека оваа стратешки многу значајна крепост била користена низ целото средновековие, демнејќи го магистралниот пат од Скопје кон Полозите и граничните премини кон српските земји на северозапад како и кон Охрид на југозапад.

Поврзано

уреди
  • Прој Роглес — населба од доцноантичко време и старохристијанска базилика;
  • Марков Ѕид — населба од римско време.

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  2. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  3. Нови наоди од доцноантичките крајпатни кастели на кај Рогле, Свиларе, Сопот (ad Cephalon) и Фариш, Историја 88-89/XXIV-XXV/ Бр. 1-4, Скопје 1991, 145-154, Т. V-XII (резиме: New Findings of Late Antique Fortresses at Rogle, G. Svilare, Sopot (ad Cephalon) and Fariš, 154)