Скифат
Скифат — поим во нумизматиката кој означува разни вдлабнати (чашкести) византиски монети од XI до XIV век.
Поимот влегол во употреба во XIX век, кога погрешно е протолкувано дека зборот скифат (scyphatus), забележан во јужнојиталијански извори од XI и XII век, доаѓа од грчкиот збор скифос (σκύφος, „чашка“). Подоцна оваа грешка е исправена, и сега се знае дека впрочем потекнува од арапскиот поим шефа, „раб, обод“, и се однесува на карактеристичната обрабра на првобитните златници — хистамени.[1] Должејќи се на ова недоразбирање, поимот скифат подолго време се применува за златни, сребрени и бакарни монети од доцниот византиски период и странските кованици кои ги имитирале. Ваквите монети всушност се нарекуваат трахии (од грч. τραχύ, трахи; „груб, нерамен“).[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Grierson 1999, стр. 59 ; ODB, стр. 1857.
- ↑ ODB, стр. 1857, 2101.
Извори
уреди- Grierson, Philip (1999). Byzantine Coinage (PDF). Washington, DC: Dumbarton Oaks. ISBN 978-0-88402-274-9. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-03. Посетено на 2020-12-21.
- Kazhdan, Alexander, уред. (1991). The Oxford Dictionary of Byzantium. Oxford and New York: Oxford University Press. ISBN 0-19-504652-8.