Марко Валериј Марцијал

(Пренасочено од Марцијал)

Марко Валериј Марцијал, познат како Марцијал, (латински: Marcus Valerius Martialis, околу 40 - околу 104) - римски поет.

Животопис

уреди

Марцијал се родил околу 40 година во Билбилис ([[западна Арагонија]]), каде што се школувал, а подоцна, за време на царот Нерон, се преселил во Рим. Иако не бил имотен, тој не сакал да се вработи, туку преживувал благодарение на помошта на пријателите и земјаците. Бил познат како човек кој им ласка на другите, а особено на Домицијан. Бил близок пријател со Сенека и со другите најугледни писатели. Во Рим престојувал непрекинато цели 34 години, а потоа пак се вратил во родното место, каде умрел.[1][2]

Творештво

уреди

Марцијал напишал 15 книги со епиграми од кои последните две имаат хеленски наслови: Xenia и Apophoreta. Претпоследната книга содржи епиграми кои гостите им ги подаруваат на домаќините при гозбите, а последната книга содржи натписи на даровите кои за време на свечените гозби домаќинот им ги дава на гостите. Всушност, последните две книги содржат епиграми во вистинската смисла на зборот, додека останатите содржат сатирични епиграми. Во своите сатирични епиграми, тој ги критикувал лошите страни на римското општество. Подоцна, Марцијал влијаел врз сите европски писатели на епиграми, а неговите дела се сметаат за врв во овој жанр.[3] Според Лесинг, епиграмите на Марцијал останале ненадминати во целата светска книжевност, а тој бил пример за Шилеровите и Гетеовите славни „Ксении“.[4]

Наводи

уреди
  1. „Marko Valerije Marcijal“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 102.
  2. Jevrosima Drašković, „Razvitak rimske lirike“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 112.
  3. „Marko Valerije Marcijal“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 102-103.
  4. Jevrosima Drašković, „Razvitak rimske lirike“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 112-113.