Сенека Помладиот

(Пренасочено од Сенека)

Луциј Анеј Сенека, познат како Сенека Помладиот (латински: Lucius Annaeus Seneca, 4 п.н.е. - 65) — римски државник, поет, драматург и филозоф.

Луциј Анеј Сенека
Сенека Помладиот
Роден(а)ц. 4 п.н.е.
Кордоба, Хиспанија
Починал(а)65 (на 68–69 г.)
Рим
НационалностРимјанин
Други имињаСенека Помладиот, Сенека
ПериодАнтичка филозофија
ПодрачјеЗападна Филозофија
ШколаСтоицизам

Животопис

уреди

Сенека се родил во Кородба, од татко М. Анеј Сенека (познат ретор) и од мајка Хелвија (благородна и надарена жена). Роден во богато семејство, почетното образование го стекнал во Рим. Како што напишал подоцна во книгата „За краткотрајноста на животот“: „Физичките родители не можеме да ги избираме, но можеме духовните“, така тој за свои духовни родитлеи ги избрал Сотион од Александрија (припадник на еклектичката школа на Квинт Секстиј), стоичарот Атал, секстиевецот Фабијан Папириј и киничарот Деметриј. За време на царувањето на Калигула, станал член на Сенатот, меѓутоа започнал љубовна врска со сестрата на Калигула, Јулија Лавила и поради тоа, во 41 год., поттикнат од Месалина, Калигула го испратил во прогонство на Корзика. Осум години подоцна, на молба на Агрипина (втората жена на Калигула), царот му дозволил на Сенека да се врати, го назначил за претор и го поставил за учител на својот син Нерон, а кога тој станал цар, во 57 год., Сенека, заедно со Афраниј Бур, станал конзул. Притоа, Сенека му бил советник на Нерон, па дури и управувал со Римското Царство, а тоа време се смета за златниот период на империјата. Според тоа, Сенека бил мислител и државник, а во делото „De otio (5, 8)“ пишува за себе: „Природата ме одредила и за едното и за другото, за практично дејствување, како и за слободно теориско размислување“ (Natura utrumque facere me voluit, et agere et contemplationi vivere). Сенека наследил голем имот, но самиот заработил огромно богатство (300 милиони сестерции) работејќи како лихвар. Иако во делото „De tranquilitate animi“ пишуав дека политичката активност е морална должност на секој граѓанин, во 62 год. веќе почнал да се повлекува од јавниот живот. Во 65 год., поради учеството во заверата против Нерон, организирана од Калпурниј Писон, Сенека бил осуден на смрт и бил принуден да си ги пресече вените.[1][2][3]

Творештво

уреди

Сенека бил учен и сестрано надарен човек, голем мислител и еден од најплодните писатели во римската книжевност и еден од најголемите стилисти во историјата на светската книжевност. Тој пишувал поезија и проза, а од неговото богато творештво се сочувани следниве дела:[2][4]

  • Дијалози“ (во 12 книги) кои содржат разговори за среќниот живот, душевниот мир, гневот, краткотрајноста на животот, итн. Инаку, наспроти насловот, ова дело (освен еден исклучок) не е напишано во форма на дијалози.
  • Писма до Лукилиј“ (20 книги) - 124 писма со морална содржина во кои дава упатства за добар живот.
  • За добродетелството“ (7 книги)
  • За благоста“ (2 или 3 книги)
  • Тој е автор и на девет трагедии.

Филозофски погледи

уреди

Во својата книга „За природата“ го разгледувал прашањето зошто нивото на океаните останува исто покрај непрекинатиот прилив на вода од реките и дождовите. Тој сметал дека мора да постои некој механизам со кој водата од морињата се враќа во воздухот и на копното и како објаснување ја понудил првата верзија на хидролошкиот циклус.

Наводи

уреди
  1. Miloš N. Đurić, „Stoička škola i Marko Aurelije“, во: Marko Aurelij, Samom sebi. Beograd: Dereta, 2004, стр. 18-19.
  2. 2,0 2,1 „Lucije Anej Seneka“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 101.
  3. „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 142.
  4. Miloš N. Đurić, „Stoička škola i Marko Aurelije“, во: Marko Aurelij, Samom sebi. Beograd: Dereta, 2004, стр. 20.