Ремедиос Варо Уранга (шпан. Remedios Varo Uranga, 16 декември 1908 - 8 октомври 1963) — шпанско-мексиканска надреалистичка сликарка. Родена е во Шпанија, 1908, умира од срцев удар во Град Мексико во 1963. За време на Шпанската граѓанска војна пребегала во Париз, каде што била силно повлијаена од надреалистичките струи. За време на нацистичката окупација на Франција, се преселила во Мексико во 1941 година. Мексико го сметала за свое привремено засолниште, но и покрај тоа, останала таму до крајот на својот живот.

Ремедиос Варо
Remedios Varo
„Бескорисната наука на алхемичарот“ (1955)
Роден(а)16 декември 1908(1908-12-16)
Англес, Жирона
Починал(а)8 октомври 1963(1963-10-08) (возр. 54)
НационалностШпанка
Познат(а) посликарство
Правецнадреализам

Во Мексико се запознала со месните творци Фрида Кало и Диего Ривера, но сепак нејзините најголеми врзувања ќе бидат со луѓе - протерани од сопствените земји и изгнаници , а особено ќе биде забележана нејзината блиска врска со Леонора Карингтон. Нејзината последна значајна врска ќе биде со Австриецот Валтер Груен,кој престојувал во некои концентрациони логори, и подоцна побегнал од Европа. Груен бескрајно и верувал на Варо и и давал безрезервна поддршка за да твори усилено.

Во делата на Ремедиос Варо, насликани после 1949, се гледа нејзиниот впечатлив и зрел стил, препознатлив и длабоко енигматичен. Често работела во маслена техника и масонитни плочи, кои ги подготвувала сама.

Умрела кога била на самиот врв на нејзината кариера.

Влијанија

уреди

Творечки влијанија

уреди

Алегоричната природа на многу од делата на Варо напомнуваат на стилот на Јероним Бос, и некои критичари, како на пример Дин Свинфорд, ја опишуваат нејзината уметност како „постмодерна алегорија“, и со многу дух од иреализмот.

Варо црпи влијанија и од Франциско Гоја, Ел Греко, Пикасо и Брак. Во Мексико пак, била под влијание на предколумбијските култури.

Нејзината слика „Љубовниците“ е искористена од страна на Мадона за имиџот нејзиниот видеоклип од 1996 година "Bedtime story".

Философски влијанија:

уреди

Од филозофски аспект, Ремедиос Варо била под влијание на многу мистички и херметички текови, како западни, така и не-западни.Со особен интерес го истражувала Карл Густав Јунг, како и теориите на Георгиј Ѓурџиев, Успенски, Елена Блаватска, Мајстор Екхарт, традициите на суфиите, била одушевена од легендата за Светиот Граал, светата геометрија, алхемијата и И-Чинг. Во сево ова таа видела можност да сублимира и комбинира многу човечка свест.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди