Отвори го главното мени

Мистицизам

(Пренасочено од Мистика)

Мистицизам (од грчки: μυστικός, мистикос) е тежнеење кон заедништво со божественото или духовната вистина, или дури и со самиот Господ преку директни искуства, преку интуиција или увиди. Мистиците (грчки: μύσται, латински: mystae) се посветени во некоја света тајна (грчки: μύστήρια). Мистицизмот може да е дуалистички и да прави разлика меѓу „јас“ и „божественото“, но не мора. Различни религиозни традиции го опишуваат основното мистично искуство на различни начини:

Просветлување или илуминација се зборовите кои најчесто се користат за овој феномен. Мистичните традиции се еден вид поткултура на поголемите религиозни традиции, како на пример Кабалата во јудаизмот, суфизмот во исламот, веданта во хиндуизмот, христијанскиот мистицизам во христијанството, но секогаш се земаат со недоверба. Во античкиот свет, познати биле Елеузинските мистерии посветени на божицата Деметра, Дионизиските мистерии посветени на богот Дионис, Кабирските мистерии на Самотраки и орфичките мистерии, кои извршиле огромно влијнаие врз христијанската есхатологија.[1]

Мистиката како тема во уметноста и во популарната култураУреди

  • „Во мистичното“ (Into the Mystic) - песна на ирскиот музичар Ван Морисон (Van Morrison) од 1970 година.[2]

НаводиУреди

  1. „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 107.
  2. YouTube, Van Morrison - Moondance Full Album (Vinyl) (пристапено на 24.12.2017)