Резерват на природата Волга-Кама

Резерват на природата Волга-Кама (руски: Волжско-Камский заповедник) — руски заповедник (строг еколошки резерват или резерват од затворен тип) кој се наоѓа во сливот на трите реки: Волга, реката Кама и реката Миоша. Резерватот има два дела, едниот е на левиот брег на реката Волга, точно на местото каде се влеваат трите реки, а другиот дел е околу 100 км од Волга кон западната периферија на градот Казањ. Резерватот се наоѓа во окрузите Зеленодолски и Лајшевски округ на Татарстан.[1][2] Резерватот официјално бил формиран во 1960 година за да се заштитат преостанатите шумски и шумско-степски живеалишта во регионот на средна Волга, и има површина од 8.024 хектари. Посебен фокус на научните истражувања е влијанието на вештачкото Кујбишевско Езеро врз локалната средина. Изградбата на Кујбишевското Езеро била завршена во средината на 1950-тите години и е најголемото вештачко езеро во Европа. Резерватот на природата Волга-Кама е дел од резерватите на биосфера на УНЕСКО.

Резерват на природата Волга-Кама
руски: Волжско-Камский заповедник
Езерото Раиф, во склоп на резерватот
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 411: Malformed coordinates value
МестоТатарстан
Најблизок градКазањ
Координати55°18′10″N 49°17′10″E / 55.30278° СГШ; 49.28611° ИГД / 55.30278; 49.28611
Површина8024 хектари
Воспоставен(а)1960 (1960)
Управно телоМинистерство за природни ресурси и животна средина (Русија)
Мрежна страницаhttps://vkgz.ru

Топографија

уреди

Резерватот на природата Волга-Кама се состои од две области:

  • Раиф (30 км западно од градот Казањ). Областа Раиф е претежно рамна, или на места со брановиден карстен пејзаж, со потоци и клисури, карстни езера, и е покриена со шумска покривка од јужен тип на тајга шуми. Голем дел од шумата е со мошне стари дрва, стари и до 250-300 години. Долината на реката Сумка се протега од североисток кон југозапад, сѐ до Волга, преку целата област Раиф. Значајна одлика на овој северен сектор на резерватот е езерото Раиф, кое е најголемо од бројните езера и мочуришта во овој сектор.
  • Саралинско (60 км јужно од Казањ). Областа Саралинско е полуостров, кој се наоѓа на квартарните тераси на Кујбишевското Езеро. Кујбишевското Езеро било изградено во 1956 година, и е со длабочина која варира од 49 до 53 метри. Оваа област е претежно покриена со листопадни шуми.[2]

Речните долини од северната област се со надморска височина од 66 метри; повисоките предели кои се на север и на југ на областа Раиф можат да достигнат и до 120 метри надморска височина.

Клима и екорегија

уреди

Резерватот на природата Волга-Кама се наоѓа во јужноевропскиот шумско-степски екорегион, и е транзитна зона меѓу листопадните шуми на север и тревнатите предели на југ. Овој екорегион се одликува со мозаик од шуми, степи и речни мочуришта.[3]

Климата во резерватот на природата Волга-Кама е влажна континентална со ладни лета, според Кепеновата класификација на клима. Оваа клима се одликува со големи варијации во температурата, и дневни и сезонски, со умерени лета и ладни и снежни зими. Просечната температура во Резерватот на природата Волга-Кама се движи од -12,2 °С во јануари до 19,5 °С во јули. Количината на врнежи е меѓу 490 – 640 mm/годишно.[2]

Флора и фауна

уреди

Двата сектори на резерватот припаѓаат на две различни биогеографски зони. Се протегаат долж контурите на демаркација на влагата која ги раздвојува мешаните зимзелени-листопадни шуми на север од листопадни шуми на југ. Шумскиот аранжман во областа Раиф е најчесто од смрека и белиот бор. Зелениот мов е важен во областа Раиф, а во мочуришниот дел на истава област се наоѓаат сите видови на мов од овој род. Шумите на јужниот дел на Саралинско се претежно од листопадни дрвја, со дабови заедници и секундарни шуми од липа и јасика. Во резерватот се забележани над 600 видови алги и над 700 видови габи. Научниците во резерватот регистрирале 844 видови на васкуларни растенија.[4]

Фауната во северната област (Раиф) е типична за фауна на јужната тајга: водни стаорци, ровчици, шумски глувци, лилјаци, верверици, куни, лисици, зајаци и лос. Фауната во областа Саралинско е со повеќе јужни одлики, и се среќаваат зајаци, диви свињи, и срни. Дабрите биле повторно населени во 1996 година. Научниците во резерватот евидентирале околу 50 видови на цицачи. Видовите на застапените птици се одраз на различните живеалишта во областа на резерватот и тука се вклучени и шумските птици и водните птици. Регистрирани се околу 230 видови на птици. Во реките се регистрирани 41 видови на риби.[4]

Екоедукација и пристап

уреди

Како строг природен резерват, резерват на природата Волга-Кама најчесто е затворен за општата јавност, иако научниците и екологистите можат да направат договор со управата на паркот за посети. Меѓутоа, во резерватот има ограничени екотуристички правци, кои се отворени за месните жители, но треба да се добијат дозволи однапред. Резерватот спонзорира арборетум и музеј на природата кои се посетени од над 10 илјади луѓе. Управата на резерватот е со седиште е во градот Казањ.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Служба охраны природы КГУ“. web.archive.org. 2002-12-03. Архивирано од изворникот на 2016-12-21. Посетено на 2019-04-15.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. 2,0 2,1 2,2 „Волжско-Камский государственный природный биосферный заповедник ● Каталог ООПТ ● Особо Охраняемые Природные Территории (ООПТ)“. www.zapoved.ru. Посетено на 2019-04-15.
  3. „Global Species : Ecoregion : East European forest steppe“. globalspecies.org. Архивирано од изворникот на 2018-08-14. Посетено на 2019-04-15.
  4. 4,0 4,1 „Волжско-Камский государственный природный биосферный заповедник ● Каталог ООПТ ● Особо Охраняемые Природные Территории (ООПТ)“. www.zapoved.ru. Посетено на 2019-04-15.

Надворешни врски

уреди