Куни
Период: Ран миоцен - денес
Црни ласици, Mustela putorius
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Ред: Carnivora
Подред: Caniformia
Натсемејство: Musteloidea
Семејство: Mustelidae
G. Fischer de Waldheim, 1817
Потсемејства

Lutrinae
Melinae
Mellivorinae
Taxideinae
Mustelinae

Куните (латински: Mustelidae) се семејство на месојадни цицачи од редот на ѕверови. Таа е меѓу семејствата најбогати со видови. Куните се појавиле пред 40 милиони години и тие се мали грабливи животни (во споредба со другите грабливци). Во ова семејство припаѓаат куната, норката, видрата, јазовецот, ласицата и други животни. Куните се способни да се прилагодат на различни услови, што им овозможило да се распространат во сите делови на Земјата.

Физички опис

уреди

Припадниците на ова семејство се разликуваат меѓусебно по градбата на телото, забалото и обликот на нозете, и тоа многу повеќе одошто е случај со останатите семејства на ѕверови.

Претставниците се средно големи до мали животни. Најмали се малите ласици (со должина до 20 cm), а најголеми се џиновските видри кои можат да израснат и до 1,8 m и да се тешки повеќе од 30 кг.

Овие животни имаат издолжено, витко и свитливо тело со многу ниски нозе на кои имаат 4-5 прсти со нокти кои не можат да се вовлечат. Забалото е потполно, има 38 заби, при што песјаците се многу силни.

Распространување

уреди

Куните се широко распространети. Отсуствуваат само на Антарктикот, Фокландските и Галапагоските острови, потоа Мадагаскар, Исланд и на некои острови на Карибите, Северноледениот Океан и Тихиот Океан. Тие се доведени во Австралија и Нов Зеланд.

Исхрана

уреди

Куните се исхрануваат со различен вид на плен. Јазовецот се храни најчесто со дождовни црви и полжави, кои чинат делче од неговата телесна тежина. Хермелинот лови и зајаци кои можат да бидат и до десет пати потешки од него. Освен наведеното, се хранат и со разни мали и средно големи цицачи, птици со големина на гуски, јајца, инсекти, бобинки, овошје и буклинки.