Германска заедница во Белгија

Германска заедница во Белгија (германски: Deutschsprachige Gemeinschaft Belgiens, DG; француски: Communauté germanophone de Belgique; холандски: Duitstalige Gemeenschap van België) или Источна Белгија[2] (германски: Ostbelgien; француски: Belgique de l'est; холандски: Oost-België) — една од трите сојузни заедници на Белгија.[3] Зафаќа површина од 854 км2 во рамки на покраината Лиеж (германски: Lüttich) во Валонија, опфаќајќи девет од единаесетте општини на Ојпен-Малмеди. Традиционално се користат повеќе различни дијалекти, меѓу кои мозелфранконски. Населението во заедницата изнесува околу 78.000 жители, околу 7% од покраината Лиеж и околу 0,7% од вкупното население на Белгија.[1]

Германска заедница во Белгија
Deutschsprachige Gemeinschaft  (германски)
Communauté germanophone  (француски)
Duitstalige Gemeenschap  (холандски)
Заедница на Белгија
Поглед на Германска заедница во Белгија
Знаме на Германска заедница во БелгијаГрб на Германска заедница во Белгија
Местоположба на Германска заедница во Белгија
Држава Белгија
Област Валонија
Основана1984
Главен градОјпен
Управа
 • Извршна властВлада на германската заедница во Белгија
 • Владејачки партии (2014–2019)ПроДГ, PS, PFF
 • Министер-претседателОливер Паш (ProDG)
 • Законодавна властСобрание на германската заедница во Белгија
 • ПретседателКарл-Хајнц Ламберц (PS)
Површина
 • Вкупна854 км2 (330 ми2)
Население (1 јануари 2020)[1]
 • Вкупно77,949
 • Густина0,091/км2 (0,24/ми2)
Ден на германската заедница15 ноември
Јазикгермански
Мреж. местоdglive.be

Заедницата се граничи со Холандија, Германија и Луксембург и поседува свое собрание и влада во Ојпен. Германската заедница во Белгија е составено од германските говорни подрачја на територијата која била припоена од Германија во 1920 година. Дополнително, во денешна Белгија има и други области каде германскиот се говори (разликата помеѓу германскиот, холандскиот, луксембуршкиот и лимбуршкиот е многу мала) кои припаѓале на Белгија и пред 1920 година, но моментално службено не се дел од германската заедница во Белгија: Блајберг-Велкенрат-Бален во североисточниот дел на покраината Лиеж и Арелерланд (градот Арлон и некои од неговите околни села во југоисточната покраина Луксембург). Меѓутоа, во овие области, германскиот јазик е во опаѓање поради растот на францускиот.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „On 1 January 2020, Belgium had 11,492,641 inhabitants“. Statistics Belgium. 2020-05-26. Посетено на 2021-02-08.
  2. „East Belgium - Official Tourism Website - East Belgium“. www.ostbelgien.eu. Посетено на 2021-08-24.
  3. „The German-speaking Community“. Dglive.be. Архивирано од изворникот на 2014-05-04. Посетено на 2014-06-11.
  4. Society for Threatened Peoples: gfbv.it

Надворешни врски

уреди