Расоманик или Рапсоманик (грчки: Ραψομανίκι, книжевно: Ραψομανίκιον, Рапсоманикион) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Расоманик
Ραψομανίκι
Расоманик is located in Грција
Расоманик
Расоманик
Местоположба во областа
Расоманик во рамките на Гида (општина)
Расоманик
Местоположба на Расоманик во општината Гида и областа Централна Македонија
Координати: 40°33′N 22°21′E / 40.550° СГШ; 22.350° ИГД / 40.550; 22.350
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Општ. единицаАнтигониди
Надм. вис.&1000000000000002300000023 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно206
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на дванаесет километри североисточно од градот Бер и на петнаесет километри југозападно од градот Гида, во непосредна близина на реката Бистрица и на железничката пруга што води од Солун до Бер, на надморска височина од 23 метри.[2]

Сместено е во областа Урумлак.

Историја

уреди

Неговите жители уште од постаро време биле Грци.[2]

По Првата светска војна во 1922 година, во селото се населени грчки бегалци. Во 1928 година, селото имало 17 бегалски семејства со вкупно 50 жители.[3].

Стопанство

уреди

Благодарение на тоа што се наводнува од системот за наводнување изграден од реката Бистрица, земјата е многу плодна. Основни производи се памукот и шеќерната репка, додека сточарството, поради ограничените пасишта, е слабо развиено.[2]

Население

уреди
 
Младотурскиот офицер Серафетин и четниците на Василиос Ставропулос - Продромос Скотидас (од лево на младотурскиот офицер) и Јоанис Симаникас (од десно на младотурскиот офицер). Ставропулос како грчки офицер не е присутен на фотографијата[4]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Расоманик (Рапсиманик), Берска каза, живееле 135 Грци христијани.[2][5] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година навел дека во Росоманик Рапсиманик (Rossomanik Rapsimanik) (Skilitch Chkilitchi) живееле 130 Грци.[6]

Во 1913 година е споменато со 142, а во 1920 година со 131 жител. По 1923 година биле сместени и 17 бегалски семејства со 50 жители, така што селото во 1928 година како мешана населба пораснало на 173 жители. Во 1940 година биле попишани 242, во 1951 година 277, во 1961 година 285, во 1971 година 237, во 1981 година 280, а во 1991 година 227 жители.[2]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 206 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 206 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 242 277 285 237 280 227 206 206
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Антигониди со седиште во селото Кавасила, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Шеразмен, во кој покрај селото Расоманик се наоѓа и селото Шеразмен.

Личности

уреди
Родени во Расоманик

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 24.
  3. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  4. Συλλογή Φωτογραφιών[мртва врска]
  5. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 143.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 222 - 223.