Василиос Ставропулос

Василиос Ставропулос, познат како Капетан Коракас (грчки: Βασίλειος Σταυρόπουλος, Καπετάν Κόρακας), бил андартски капетан, деец на грчката вооружена пропаганда и учесник во Борбата за Македонија.

Василиос Ставропулос
Роден 1876
Артотина, Грција
Починал ?
 ?

Биографиja

уреди

Коракас е роден во селоto Артотина, Дорида, Грција. Во 1897 година бил доброволец во Грчко-турската војна [1]. По засилувањето на грчката вооружена пропаганда доаѓа во Македонија, а во 1907 година грчкото конзулартсво од Солун го испратило во Бер, со цел организирање на андатрски чети кои требало да се борат со Македонската револуционерна организација, како и притисок врз Романската пропаганда во Македонија која делувала меѓу Власите.

По Младотурската револуција заминал за Тракија, каде исто така ја помагал грчката вооружена пропаганда. Учествувал во Балканските војни. Во 1937 година се пензионирал од грчката армија како генерал-мајор.

Новите грчки власти, во Бер именувале еден плоштатд по него, а таму се наоѓа и негов споменик [2][3]

Извори

уреди
  1. „Βασίλειος Σταυρόπουλος“. Архивирано од изворникот на 2007-12-18. Посетено на 2011-01-28.
  2. Προτομή του Μακεδονομάχου Βασιλείου Σταυρόπουλου (Καπετάν Κόρακα)[мртва врска]
  3. ΤΟ ΡΟΥΜΛΟΥΚΙ - ΙΣΤΟΡΙΑ – ΛΑΟΓΡΑΦΙΑ – ΣΥΜΜΕΤΟΧΗ ΣΤΟ ΜΑΚΕΔΟΝΙΚΟ ΑΓΩΝΑ[мртва врска]