Ракитово
Ракѝтово (бугарски: Ракитово) — град во Јужна Бугарија, административен центар на Општина Ракитово во Пазарџичката Oбласт. Има население од околу 8.638 жители (2022).[1]
Ракитово Ракитово | |
---|---|
град | |
Поглед на читалиштето во Ракитово | |
Местоположба на Ракитово во Бугарија | |
Координати: 41°59′23″N 24°05′12″E / 41.9898° СГШ; 24.086647° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Пазарџик |
Општина | Ракитово |
Управа | |
• Градоначалник | Костадин Хољанов (БЗНС) |
Површина | |
• Вкупна | 117,099 км2 (45,212 ми2) |
Надм. вис. | 814 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 8,638 |
• Густина | 74/км2 (190/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 4640 |
Повик. бр. | +359 03542 |
Мреж. место | rakitovo.bg |
Географија и местоположба
уредиГрадот се наоѓа во западниот дел на Родопите, во југоисточниот дел на Чепинската Котлина, во чиј среден дел се наоѓа градот Велинград, оддалечен на 12 километри. Ракитово се наоѓа на 43 километри од регионалниот центар Пазарџик и 134 километри од главниот град Софија.
Историја
уредиТериторијата на денешно Ракитово била населена уште од античко време. Археолошките ископувања и студии открија остатоци од неолитска населба кај Ракитово во локалитетот „Макаков мост“. Подоцна, западните Родопи биле населени од тракиското племе Беси. Тие изградиле неколку тврдини од стратешко значење: во локалитетите „Пашино Брдо“ и „Качаков Чарк“ кај градот Ракитово и „Алков Кам’к“ кај градот Костаново. Во месноста „Ремово“ пронајдени се остатоци од тракиска населба и рударска дејност.
Првите христијански центри во Чепинско се појавиле уште во доцната антика. Тие се во континуитет во средниот век, кога биле изградени цркви и манастири. На местото на ранохристијанската базилика во месноста „Николица“ бил изграден манастирот познат како „Свети Никола“, кој била уништен при турските наезди во Чепинско во 17 век.
Информации за населбите во Чепинското корито од времето на османлиското владеење, вклучително и за Ракитово, може да се најдат во османлиските даночни документи. Во 1516 година, во селото Ракитовец, имало 85 христијански домаќинства, 3 вдовици, една невенчана и 6 муслимански семејства. Даночните пописи на Џелепкешаните (овчарите) од 1576 година покажуваат дека Ракитово било населба со најголем приход за локалната спахија - знак за голема бугарска населба. Но, статистиката од следните векови покажува постепена промена во односот меѓу муслиманите и христијаните кои живеат во селото. Промената на верската припадност на локалното население се случила поради економска корист (муслиманите плаќале помалку данок), при што многу Бугари доброволно го прифатиле исламот.[2]
За време на бугарската национална преродба Ракитово доживувало економски и духовен просперитет. Од 19 век се здобило со слава како абаџиски и текстилен центар. По уништувањето на старата црква во локалитетот „Николица“, во селото долго време немало православен храм, поради што христијаните заминале во селото Каменица. По Хатихумајун (1856)со кој се дала верска еднаквост на сите поданици во Отоманската Империја, во 1861 година Ракитовчани стекнувале своја црква, која ја нарекле „Света Недела“. Во нејзината изградба учествувале христијани и муслимани.
По ослободувањето на Бугарија во 1878 година, Чепинскиот крај потпаднал во автономниот регион Источна Румелија, после 1886 година станал дел од Кнежевството Бугарија. Во 1963 година Ракитово било прогласено за планинско климатско одморалиште, а во 1969 година добило статус на град.
Наводи
уреди- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
- ↑ „Свети Места“ - Ракитово
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место на Општина Ракитово Архивирано на 3 февруари 2018 г.