Почетен курс за Википедија



Mikrosam Akademija 2, добредојдовте на Википедија на македонски јазик, слободна on-line енциклопедија започната во август 2003 година!

Ве повикуваме на заедничка соработка при создавањето на нови енциклопедиски содржини и подобрување на постоечките 148.088 статии.


Еве неколку страници кои може да ви бидат од помош:


Своите придонеси во статиите не ги потпишувајте, додека коментарите на соодветните страници за разговор, корисничките страници и селската чешма Ве молиме да ги потпишувате на тој начин што ќе притиснете на копчето од лентата со алати или ако напишете 4 тилди (~~~~).

Сопствената корисничка страница (Корисник:Mikrosam Akademija 2) можете да ја уредувате по сопствена желба во согласност со правилата за уредување на корисничките страници.


Ве молиме не вметнувајте заштитени материјали без дозвола од нивниот сопственик!

Не копирајте содржини од други веб страници ако немате добиено изрична согласност за тоа. Ако имате добиено согласност, напишете го тоа на страницата за разговор или едноставно додадете го тоа овде. Но задолжително, прво тоа направете го, а потоа започнете со вметнување на преземените содржини.

Ве молиме, имајте во предвид дека сите придонеси на Википедија се смета дека се објавени под ГНУ-овата Лиценца за слободна документација.


If you are not able to speak, understand or write Macedonian, please visit our Village Pump for non-Macedonian speakers if you have any suggestions or comments.


Поздрав, MacedonianBoy, 22:49, петок, 27 декември 2024



Џон Бон Џови

уреди

Здраво. Сакам да ви укажам дека не смеете да создавате статии на македонксава Википедија кои не се напишани на македонски јазик. Таквите статии веднаш се бришат. Исто така насловот треба да биде исклучиво на македонски јазик, освен некои поими. За подетално именување на наслови видете Википедија:Конвенции за именување. Поздрав --Никола Стојаноски 12:13, 13 јули 2009 (UTC)

ПС:Веќе има статија за Џон Бон Џови, можете да ја дополните на македонски јазик постоечката.

За „Бон Џови“ статијата.

уреди

Здраво Mikrosam Akademija 2, најпрвин добредојде, гледам дека си нов/а. Имам неколку забелешки околу статијата Бон Џови. Најпрвин поради твоето неискуство би ти препорачал да ги следиш упатствата од англиската Википедија, што значи веќе кога преведуваш види точно како е таму и пренеси тука на ист начин. Ќе наведам некои од твоите грешки како на пример користењето на англиските наводници, нашите наводиници се „“, а не ""! Тоа е многу важно да го знаеш. Потоа иако сè уште не сме ги усолгасиле концвенциите за именување на одредени нешта, ти треба да знаеш дека имињата на песните, музичките бендови, музичките албуми и сл. се во оригинал, секогаш. Но, имињата на филмовите, градовите, државите, покраините и сл. се транскирбираат на македонски. Тоа треба да го знаеш. Но, кога станува збор за градови и филмови знам дека е малку потешко бидејќи не го знаеш секогаш нивното име на македонски, во тој случај, нешто што јас научив во текот на годините е да импровизираш, што значи преведи така како што е, ако станува збор за филм само преведи го како ти се чини, а ако станува збор за град тогаш според изговорот транскрибирај. Пишувај исклучиво литературно, користи што помалку англицизми, ставај викиврски, дури и на статии што ги немаме итн. И за крај би ти посочил нешто кога ставаш викиврска направи го следново:

1. Прво на англиската статија влези во дадената викиврска, таа ќе те доведе до бараната статија каде ти ќе видиш дали има викиврска на македонски.

2. Ако има тогаш името на таа статија ќе го ставиш во викиврската на статијата на која работиш.

Во, главно тоа е тоа. Поздрав и ако имаш какви било прашања за кои би можел да ти помогнам кажи! :) --Макс(разговор) 09:00, 29 јули 2009 (UTC)

Викимедија Македонија

уреди

Здраво. Ве известуваме дека во последните неколку месеци се трудиме да основаме здружение Викимедија Македонија, коешто ќе има за цел да ја промовира Википедија на македонски јазик и останатите Викимедија проекти. Доколку сте заинтересирани, додаете го Вашето корисничко име овде. Доколку немате отворено корисничка сметка на Мета, сторете го тоа и притоа внимавајте да биде идентична како на Википедија.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:54, 11 август 2009 (UTC)

Џон Бон Џови

уреди

Здраво. Како е? Ја гледав статијата за Џон Бон Џови и мислам дека е ок, ама мислам дека треба да се направат некои мали измени, па ќе поработам на неа ако немаш ништо против. Најпрво треба да се стават многу повеќе вики врски и веќе ставив некои. После треба да се напишат на кирилица и на македонски некои ствари што се напишани на англиски (таков ни е правописот, инаку и јас повеќе сакам кога некои ствари се пишуваат во оригинал и имав многу проблеми и дискусии кога дојдов на википедија за темава, хех). Па се надевам дека не ти пречи да правам измени. Ти продолжи да учиш и да правиш статии на википедија:). Поздрав. --MrBones (разговор) 11:04, 21 август 2009 (UTC)

Покрај викифицирањето и ставањето референци, може да се додаде уште некоја секција (превод од англиската ако ви е полесно). Нема референци статијата, мора да има.--Никола Стоіаноски 11:23, 21 август 2009 (UTC)
Статијата е викифицирана и останува уште да се стават референци. Тоа се прави ако ги копираш од англиската верзија (кога ќе кликнеш уреди на англиската и под секој пасус кој е референциран ќе ги најдеш референците и ќе ги копираш) и ако додаваш уште некој пасус статијата би била супер. За на крај треба да се додадат само уште некои слики (ако има), да се провери за правописни грешки и готова е. Поздрав--Никола Стоіаноски 11:46, 21 август 2009 (UTC)
ПС:Имињата на албумите и сингловите ги оставив во оригинал, така се имаме договорено. --Никола Стоіаноски 11:47, 21 август 2009 (UTC)
Да му дозволиме сè сам да среди! А јас ќе се погрижам да го направи тоа правилно - еве! --Макс(разговор) 11:55, 21 август 2009 (UTC)
Немам ништо против да поработите на статијата. Фала за помошта а јас ќе се потрудам да направам некои статии бидејќи гледам на статијава има многу викиврски за кои нема статии. Благодарам уште еднаш. Поздрав, Mikrosam Akademija 2 (разговор) 13:39, 21 август 2009 (UTC)

Вики средба

уреди

Здраво. Ве известуваме дека на 4 август, со почеток во 19:00 во Пјаца Либерта, Скопје ќе се одржи Вики средба. Доколку сте во можност и сте заинтересирани да присуствувате Вашето присуство или евентуално отсуство може да го најавите овде. Доколку не сте присуствувале на некоја Вики средба и сакате да добиете повеќе информации, може да испратите порака на vikipedija@lists.softver.org.mk, по што навремено ќе добиете одговор со потребните информации. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:57, 28 јули 2010 (CEST)Одговори