Разговор:Филип Петровски
Ова е разговорната страница за расправа во врска со подобрувања на статијата „Филип Петровски“ |
||||
---|---|---|---|---|
|
|
Од кога рекламата на самиот себе е дозволена на Википедија МК? AStyle (разговор) 20:57, 4 август 2015 (CEST)
Пристап за уредување на страницава
уредиСакам да додадам некои информации на страницава, ама таа е заштитена и се вели дека пристап имаат само докажани корисници. Како можам да добијам пристап? Освен тоа, гледам дека страницава како да си ја пишувал некој сам за себе или некој близок до него. Во секој случај, потребни се и стилски поправки. ГП (разговор) 20:44, 12 ноември 2016 (CET)
- Во ред е сега, можеш да уредуваш, доколку има потреба потоа повторно ќе ја заштитиме--Тиверополник 22:21, 12 ноември 2016 (CET)
Внес на нова содржина
уредиЗа да се разреши дискусијата во врска со употреба на извор од списанието „Фокус“ и внес на содржина објавена во тоа списание, ги повикувам корисници @Виолетова:, @ГП: и @Retrohead:, да ги изложат своите аргументи тука, со цел одлука на поголема група за внес на тие извори и таа содржина во статијата. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 20:37, 2 мај 2017 (CEST)
- Тони, на три места објаснував. Веќе ми е дегутантно да повторувам кога и онака Виолетова нити мисли да постигне консензус или компромис, туку едноставно си вика ќе биде или по мое или по ничие.--Retrohead (разговор) 20:43, 2 мај 2017 (CEST)
- Не може така, мора да има дискусија и мора да се реши проблемот. --Ehrlich91 (разговор) 20:49, 2 мај 2017 (CEST)
- Сугестија Да се дозволи користење на Фокус како печатено списание и информациите кои призлегуваат од него. Мислам ако Виолетова се сомнева во вистинитоста по мејл да и се скенираат бараните страници.--Retrohead (разговор) 20:50, 2 мај 2017 (CEST)
- Нема забрана за користење на било каков извор, така што содржината од понуденото списание треба да биде вклучена, кога се однесува за релевантните теми. Ќе се повторам, ова е енциклопедиска содржина која пренесува извори, а не е автобиографија. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 21:02, 2 мај 2017 (CEST)
- Не сум побарала скенирање. Retrohead се однесува реванишстички. Ова не е автобиографија, ниту Си-Ви, како и било која статија за македонски политичар. - Виолетова (разговор) 21:11, 2 мај 2017 (CEST)
- Значи, овде се бараа предлози, а не меѓусебна пресметка. Жане, јас навистина не гледам проблем во употребата на изворот, како што гледам и ти немаш проблем со печатениот извор на информацијата, па така јас веќе сум збунет што е за тебе е проблемот и зашто си ги вратила уредувањата. Пак ќе повторам, секоја информација која се однесува за дадената личност, објект, градба, и слично, треба и мора да биде внесена во соодветната статија. Не е никакво оправдување наведување на статии на други политичари, затоа што знаеме дека немаме скоро ниеден корисник кој уредува теми само на Македонија. Се знае дека доколку некој во иднина сака тоа да го внесе и кај другите, нека повели, со навремено известување на страниците на разговор, со што ќе се избегнат вакви моменти. --Ehrlich91 (разговор) 21:22, 2 мај 2017 (CEST)
- Уредувањата беа вратени, затоа што Retrohead ги враќаше сите уредувања направени од мене на таа страница. Да повторам : Се работи за измени наравени од мене. Линковите се непостоечки, и се избришани и/или заменети со други постоечки, а некаде беа користени како потврда линкови од блог (кои ги избришав). Спорната реченица за која овде се дискутира, избришана е од статијата не само што е нерелевантна за статија за биографија, туку и нема соодветен линк, освен пишан текст во Фокус во кој е пренесено од анкетени лист доставен до Антикорупциската комисија. Го опоменав корисникот Retrohead да не ги враќа промените и да види што сè враќа (ги враќаше сите ромени и на непостоечките линкови и на избришаните блогови), но откако двапати ги врати измените, ја заклучив статијата, за да нема уредувачки војни. Заклучување страница се прави заради избегнување на уредувачка војна. Консензус за секои промени не треба да се обезбедува, инаку Википедија не би можела да се надградува, ниту текстовите ќе бидат веродостојни. Поздрав - Виолетова (разговор) 21:30, 2 мај 2017 (CEST)
- Исусе Христе, по 4. пат—на Тебе е обврската да обезбедиш консензус за измени кои сакаш да ги направиш, а се оспорени од друг корисник. Не обратно.
- По 4. пат—нема линкови од печатени извори, бидејќи се печатени, не електронски. И да, може да се користат.
- Ако во мојот реверт сум избришал измени кои не требало, врати ги тие што требало, не терај инат со пинг понг ревертирање.--Retrohead (разговор) 21:40, 2 мај 2017 (CEST)
- Уредувањата беа вратени, затоа што Retrohead ги враќаше сите уредувања направени од мене на таа страница. Да повторам : Се работи за измени наравени од мене. Линковите се непостоечки, и се избришани и/или заменети со други постоечки, а некаде беа користени како потврда линкови од блог (кои ги избришав). Спорната реченица за која овде се дискутира, избришана е од статијата не само што е нерелевантна за статија за биографија, туку и нема соодветен линк, освен пишан текст во Фокус во кој е пренесено од анкетени лист доставен до Антикорупциската комисија. Го опоменав корисникот Retrohead да не ги враќа промените и да види што сè враќа (ги враќаше сите ромени и на непостоечките линкови и на избришаните блогови), но откако двапати ги врати измените, ја заклучив статијата, за да нема уредувачки војни. Заклучување страница се прави заради избегнување на уредувачка војна. Консензус за секои промени не треба да се обезбедува, инаку Википедија не би можела да се надградува, ниту текстовите ќе бидат веродостојни. Поздрав - Виолетова (разговор) 21:30, 2 мај 2017 (CEST)
- Дали може да чепнам јас и да видите дали се ок новите промени?--Никола Стоіаноски 21:45, 2 мај 2017 (CEST)
- Секако дека може. Провери ги измените Поздрав - Виолетова (разговор) 21:47, 2 мај 2017 (CEST)
- Комбинирав уредувања направени од двете страни. Некои банални тривијални работи не се потребни и не ги вметнав. Објавување имот во енциклопедиска статија е сосема непотребно. Видете па кажете--Никола Стоіаноски 21:53, 2 мај 2017 (CEST)
- Како и да е, благодарност до Виолетова што ми изгуби толку време во непродуктивни дебати за да на крај пак не сфати што беше суштината на спорот и колку глупаво постапила. Ова е втор и последен пат јас да отворам дискусии во име на друг.--Retrohead (разговор) 22:09, 2 мај 2017 (CEST)
- Комбинирав уредувања направени од двете страни. Некои банални тривијални работи не се потребни и не ги вметнав. Објавување имот во енциклопедиска статија е сосема непотребно. Видете па кажете--Никола Стоіаноски 21:53, 2 мај 2017 (CEST)
- Секако дека може. Провери ги измените Поздрав - Виолетова (разговор) 21:47, 2 мај 2017 (CEST)
- Се намачив читајќи што сè е напишано на четири различни места за да разберам што се случува и можам да ги изнесам следните заклучоци.
- Прво, ги повикувам Жане и Игор да ги смират страстите и да се воздржат од меѓусебни препукувања. Ваквото однесување само одзема време, непотребно ја развлекува дискусијата и ја прави потешка за читање, а не придонесува со ништо продуктивно за проектот.
- Второ, ги повикувам сите вклучени во дискусијата да се фокусираат на содржината за којашто се дискутира и да не наведуваат минати случаи и други статии како аргументи. Во случај да постои спор со други статии, истите треба да се разрешат на соодветните страници за разговор.
- Трето, сакам да ја опоменам Жане дека како вклучена страна во спорот нема право да ги употребува своите админстраторски привилегии. Потребно е да се побара мислење од друг администратор кој ќе посредува во разрешување на спорот. Ваквото однесување претставува администраторска злоупотреба.
- Четврто, значајноста за тоа дали некои информации треба да ги има во статијата или не се утврдува преку постигнување консензус на соодветната страница за разговор.
- Петто, прашањата на професорот се на место и во продолжение ќе се обидам да дадам соодветен одговор. На Википедија на македонски јазик не постои правило со кое се забранува да се цитираат книги, весници, списанија, трудови или друга литература којашто не е слободно достапна во електронски облик, така што оспорувачот најпрво е потребно да ја провери веродостојноста од печатените изданија пред истата да ја оспори. Во конкретниот случај, списанието „Фокус“ несомнено е веродостоен извор на информации и истото може да се цитира без притоа да мора да се наведува врска до мрежна страница, бидејќи всушност истото не е слободно достапно во електронски облик и таква мрежна страница не постои (вакво нешто ќе беше можно доколку се работеше за весници и списанија кои овозможуваат слободен пристап до мрежни страници со содржините на нивните статии, како на пример „Нова Македонија“, „Дневник“, „Вест“, „Утрински весник“ итн.).
- Шесто, сакам да ги повикам учесниците вклучени во дискусијата да се воздржат од меѓусебни обвинувања врз основа на политички ставови. Ваквите обвинувања претставуваат лични напади и може да влијаат врз мотивацијата за уредување на другите корисници.
- Во иднина, ве повикувам сите да се придржувате кон основните начела на Википедија на македонски јазик и споровите да ги решавате по пат на дискусија на страниците за разговор. Благодарам.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:07, 2 мај 2017 (CEST)
- Што било било и мислам дека се се среди. Видете ги моите последни промени и ако се ок, ве молам да се смириме и заедно да продолжиме да го подобруваме проектот. Мислам дека дискусијава и целава фама може да се стави при крај.--Никола Стоіаноски 22:15, 2 мај 2017 (CEST)
- Во врска со содржината
„Според анкетниот лист доставен до Антикорупциската комисија, Петровски се јавува како сопственик на две приватни трговски друштва: на почетокот на 2014 година станал сопственик на друштвото „Виртувио“, а претходно бил управител на оваа фирма во перодот 2011-2015. Во 2015 година, тој бил еден од основачите на трговското друштво „Меквили“.<ref>Влатко Стојановски, „Како Филип Петровски е избран за доцент и зошто се здружил со газдите на сендвичарницата „Вили“?“, ''Фокус'', број 1101, 11 ноември 2016, стр. 20-23.</ref>“
- сметам дека истата е енциклопедиска и релевантна за да се најде во статијата. Очигледно е дека не станува збор за список на лична сопственост, туку се споменуваат податоци од минатото на самата личност. Треба да се напомене дека ова не е статија за Филип Петровски како политичар, професор или директор на државни установи, туку општо како личност со повеќе занимања. Според тоа, отстранувањето на неговото минато како управител на приватни фирми е неоправдано исто како што би било отстранувањето на неговото минато како политичар, професор или директор на државни установи.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:19, 2 мај 2017 (CEST)
- Апсолутно не е релевантно и не е енциклопедиски. Кога сме читале за имотни спорови и сопственишта за Црвенковски или Георгиевски на пример? Личноста е позмата по политичко-општествените дејности, јавни, а не поради приватните. Затоа ги нема спомнати приватните градежни компании на Георгиевски на пример. Сепак да се придржуваме за релевантбоста, да не си правиме трач муабети од статиите. Најдобро намерно искажувам мислење.--Никола Стоіаноски 22:24, 2 мај 2017 (CEST)
- ПС: Сериозно другари може да престанеме да трошиме време и зборови за банални тривијални работи?--Никола Стоіаноски 22:26, 2 мај 2017 (CEST)
- Тоа е мое мислење. Да оставиме што мислат другите.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:36, 2 мај 2017 (CEST)
- ПС: Сериозно другари може да престанеме да трошиме време и зборови за банални тривијални работи?--Никола Стоіаноски 22:26, 2 мај 2017 (CEST)
- Апсолутно не е релевантно и не е енциклопедиски. Кога сме читале за имотни спорови и сопственишта за Црвенковски или Георгиевски на пример? Личноста е позмата по политичко-општествените дејности, јавни, а не поради приватните. Затоа ги нема спомнати приватните градежни компании на Георгиевски на пример. Сепак да се придржуваме за релевантбоста, да не си правиме трач муабети од статиите. Најдобро намерно искажувам мислење.--Никола Стоіаноски 22:24, 2 мај 2017 (CEST)
- Јас мислам дека треба да пишува за имотна состојба и фирми кои Петровски ги основал. Ако Никола може да најде имотна состојба за Црвенковски и Георгиевски уште подобро, мене (а верувам и останатите читатели) таков податок многу би ги интересирал доколку е од релевантни извори.--Retrohead (разговор) 10:03, 3 мај 2017 (CEST)
- Не сум сигурен што се спори: релевантноста на информацијата или кредибилноста на изворот? Информацијата е и тоа како релевантна, и неслучајно политичари и функциониери треба да приложат анкетни листови, кои се информации од јавен карактер. Освен тоа избришаната информација директно се однесува на неговата политичка кариера. За второто, Фокус е магазин со прилично долга традиција, и покрај тоа што е напати контраверзен, претставува релевантен извор. За секој случај, може да се пише „Според Фокус итн. итн.“. --FlavrSavr (разговор) 22:56, 3 мај 2017 (CEST)
- Очигледно уредничката не разликува печатен од електронски медиум и треба да ѝ е јасно дека имотната состојба на јавни личности меѓу кои и политичари може да се објави. На англиската Википедија постои статија за Богатството на американските претседатели, што е навистина интересна статија. Сметам дека нејзиниот обид за затскривање имот и дипломатски скандали на лицето Ф.Петровски е тенденциозен и контрапродуктивен.--Retrohead (разговор) 10:31, 4 мај 2017 (CEST)
- Политичката кариера на Филип Петровски е исто така слабо некако покриена, особено периодот во Демократска десница. Има едно интервју каде што вели дека го следат тајните служби на Никола Груевски. :) Инаку, додека зборуваме кружата гласини дека ДАРМ уништува документи. --FlavrSavr (разговор) 16:27, 4 мај 2017 (CEST)
- Ако имаш линк од интервјуто ќе видам што можам да извадам. А инаку ако ја отвориш историјата на страницата, ќе видиш дека корисникот Filippetrovski (најверојатно самиот тој) си ја уредувал статијата, што претставува злоупотреба на Википедија за себепромоција.--Retrohead (разговор) 20:47, 4 мај 2017 (CEST)