Разговор:Туркиски јазици

(Пренасочено од Разговор:Турски јазици)
Последен коментар: пред 6 години од MacedonianBoy на темата Туркиски јазици
Оваа статија е дел од ВикиПроект Јазици, чии цели се создавање стандардизиран, информативен и лесен за користење извор за јазици. Ако сакате да земете учествувате во овој проект, ве молиме посетете ја страната на проектот, каде можете да се приклучите на проектната екипа.


brest-bot проверка на правопис

уреди
  • Податотека наместо Image, вики клучни зборови на македонски.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 15:24, 28 јули 2009 (UTC), управуван од Brest.

Туркиски јазици

уреди

Здраво Рашо, видов дека и ти имаше дискусии со корисникот Sashko1999, и јас истото го имав со него долго време, но тој ми изнајде македонски извори дека групата турски јазици во македонската литература се сретнува како „туркиски“, иако затоа и се измислени овие страници за разговор, за да може да се разговара терминологијата употребена во именувањето на статијата. При пребарување на Гугл, мене покрај книга на професорка од Универзитетот „Гоце Делчев“ ми излезе и презентација во МАНУ, каде исто така се користи терминот „туркиски“ за именување на оваа група на јазици. --Ehrlich91 (разговор) 11:39, 6 април 2018 (CEST)Одговори

Јас лично не сум сретнал. Но ти велиш се сретнува. Колку е тоа? Најверојатно на прсти може да се изброи визави научните трудови кои ние ги знаеме и се многу многу повеќе од тие иавори кои се сретнуваат чат пат. Мене ми изгледа како намерно наметнување на поим кој им е поблаг на (про)бугарите. Жалам што немам толку време да се посветам на овој проблем. Само да не испадне сега и на некои од македонските дејци да им лепиме називи како „македонистки“. --Рашо  17:26, 6 април 2018 (CEST)Одговори
Се сложувам Рашо, затоа и можеби најдобро е луѓе како Бојан, Никола, кои многу повеќе се занимавале со јазици, да се изјаснат за овој проблем. И мене не ми е природен терминот „туркиски“. --Ehrlich91 (разговор) 18:16, 6 април 2018 (CEST)Одговори

Правилниот израз е за оваа група на јзици е туркиски, а не турски. Ако ги погледнете останатите верзии на Википедија ќе видите дека секаде постојат два различни термини, еве ќе ја посочам англиската верзија како прва, а потоа и верзиите кои се најблиску до македонскиот јазик, тоа се бугарската, српската, босанската, хрватската и словенечката.

https://en.wikipedia.org/wiki/Turkish_language https://en.wikipedia.org/wiki/Turkic_languages

https://bg.wikipedia.org/wiki/Турски_език https://bg.wikipedia.org/wiki/Тюркски_езици

https://sr.wikipedia.org/wiki/Турски_језик https://sr.wikipedia.org/wiki/Туркијски_језици https://bs.wikipedia.org/wiki/Turski_jezik https://bs.wikipedia.org/wiki/Turkijski_jezici

https://hr.wikipedia.org/wiki/Turski_jezik https://hr.wikipedia.org/wiki/Turkijski_jezici

https://sl.wikipedia.org/wiki/Turščina https://sl.wikipedia.org/wiki/Turški_jeziki

Плус, јас поставив и извори за тоа дека се нарекуваат туркиски, изворите се релевантни бидејќи се од академската фела. Како што кажа Ehrrlich91, има книга од универзитетска професорка во која овие јазици се именуваат како туркиски, исто така, има и презентација од МАНУ во која овие јазици се именуваат како туркиски, мислам дека тоа е врвна институција која не би си дозволила грешки во терминологијата. Покрај овие два докази, јас најдов и уште еден, се работи за билтен на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во кој се зборува за турскиот и туркиските јазици. Еве го целиот белтен, а еве го и делот каде што се зборува за турскиот и туркиските јазици.

Патем, нема ниту еден доказ дека овие јазици се нарекуваат турски.

http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/bilten/2015/1095-02.03.2015.pdf

Врз основа на конкурсот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, објавен во весниците „Дневник“ и „Коха“ од 9.12.2014 година, за избор на еден наставник во сите наставно- научни звања во наставно-научната област туркологија, односно по предметите морфологија на турскиот јазик и синтакса на турскиот јазик, и врз основа на Одлуката на Наставно-научниот совет, бр. 04-282/1, донесена на 28.1.2015, формирана е Рецензентска комисија во состав: д-р Ариф Аго, редовен професор (во пензија) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, д-р Мирјана Теодосиевиќ, редовен професор на Филолошкиот факултет при Универзитетот во Белград (Република Србија) и д-р Виктор Фридман, редовен професор на Универзитетот во Чикаго (САД). Како членови на Рецензентската комисија, по прегледувањето на доставената документација го поднесуваме следниов И З В Е Ш Т А Ј На објавениот конкурс за избор на наставник во сите наставно-научни звања во научната област туркологија, односно по предметите морфологија на турскиот јазик и синтакса на турскиот јазик, во предвидениот рок се пријави кандидатот д-р Октај Ахмед. 9. БИОГРАФСКИ ПОДАТОЦИ И ОБРАЗОВАНИЕ Кандидатот д-р Октај Ахмед е роден на 24.11.1967, во Скопје. Средно образование завршил во училиштето „Орце Николов“ во Скопје во 1985. година. На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ се запишал во академската 1989/90 година и со високо образование се стекнал на Катедрата за турски јазик и книжевност на истиот Факултет. Дипломирал во 1993 година. Покрај македонскиот и мајчиниот турски јазик, кандидатот одлично го познава и активно се служи со англискиот јазик. Од балканските јазици се служи со албанскиот, како и другите јужнословенски јазици. Како турколог, одлично се служи со азербејџанскиот, а во помал обем и други туркиски јазици (туркменски, ујгурски, узбечки, казачки, киргиски и др.). Sashko1999 (разговор) 19:49, 6 април 2018 (CEST)Одговори

Правилно е туркиски јазици, така стои во учебниците за оние кои го учат ова. Ама овде имаме многу работа да се средат статиите, категориите, шаблоните... - Виолетова (разговор) 20:53, 6 април 2018 (CEST)Одговори
Ако е така според експерти, тогаш нека биде така. Само да не испадне за германските и романските јазици по некоја година да ги нарекуваме германиски и романиски јазици. --Рашо  20:58, 6 април 2018 (CEST)Одговори

   Тогаш нека бидат „туркиски“. Ќе се потрудам ова да го сменам секаде. --Б. Јанкулоски (разговор) 07:04, 7 април 2018 (CEST)Одговори

Ќе помогнам и јас во средувањето. Sashko1999 (разговор) 13:58, 7 април 2018 (CEST)Одговори

Назад на страницата „Туркиски јазици“.