Пјер Луис
Пјер Феликс Луис (француски: Pierre Louÿs, роден на 10 декември 1870 во Гент - починал на 6 јуни 1925 во Париз) — француски писател и поет, автор на дела во жанрот еротска литература. Пишувал под псевдонимот Хрисис (Chrysis), Петер Луис (Peter Lewys) и Пибрак (Pibrac).
Пјер Луис | |
---|---|
Роден/а | Пјер Феликс Луис 10 декември 1870 Гент, Белгија |
Починат/а | 6 јуни 1925 Париз, Франција | (возр. 54)
Почивалиште | Montparnasse Cemetery |
Псевдоним | Хрисис, Петер Луис, Пибрак |
Занимање | романист, поет |
Јазик | француски |
Период | 1891–1925 |
Жанр | еротска литература |
Книжевно движење | симболизам |
Значајни дела | Песните на Билитис |
Потпис |
Животопис
уредиПјер Феликс Луј е роден на 10 декември 1870 година во Гент, Белгија, во семејството на Пјер Луј Филип (1812 - 1889) и втората негова сопруга Клер Селин Малдан (1832 - 1879). Имал поголем брат од првиот брак на неговиот татко. Кога бил мал, неговото семејство се преселило во Париз. Студирал на Париското елзаско училиште, каде се спријателил со својот соученик Андре Жид, со кого водел кореспонденција во текот на целиот живот.
Во 1890 година се запознал со ирскиот драматург Оскар Вајлд, со кого се движил во хомосексуалните кругови. Од истата година започнал да го користи името Луис, како начин на изразување на својата приврзаност кон класичната грчка култура.[1]. Своите први еротски текстови започнал да ги пишува на 18 години, покажувајќи интерес кон парнасизмот и симболизмот.
Во 1881 година објавувал во литературното списание „La Conque“ ја објавил својата прва колекција стихови „Astarté“ во елегантен и софистициран стил. Во 1884 година била издадена поемата „Песните на Билитис“, зборник од 143 песни, каде била опфатена женската сексуалност и различни лезбејски теми[2][3]. Тие се поделени на три дела, посветени на животот на Билитис - пасторали во Памфилија, елегии во Митилини и епиграми на островот Кипар. Во некои од текстовите Клод Дебиси направил музички адаптации.
Во 1886 година, Пјер Луис го објавил својот прв роман „Афродита“, опишувајќи го животот на проститутките во древна Александрија. Романот станал еден од најголемите бестселери на своето време. Во 1898 година бил издаден романот „Жената и кукла“, кој станал еден од најпознатите екранизирани негови дела и според него е направена во 1910 година и истоимена драма.
Неговите следни дела - „Дијалози на куртизана/Лукијан“, „Авантурите на кралот Паузол“ и „Посмртни бденија“, исто така имале голем успех. Романот „Три ќерки на нивната мајка“ се смета за ремек дело на драматичната негова сензуалност. Неговите дела се богато илустрирани од голем број познати во тоа време еротски уметници. Голем дел од неговото творештво било објавено по неговата смрт поради премногу непристојни текстови.
Пјер Феликс Луј бил награден со одликувањето Кавалер на Легијата на честа во 1909 година, а потоа и Офицер на Легијата на честа во 1925 година[4].
Во 1919 година, Пјер Луј објавил две статии во кои ја изложил хипотезата дека делата на Молиер всушност се напишани од Пјер Корнеј. Како страстен библиофил, низ животот тој собрал вкупно околу 20.000 тома литература. Како ненаситен еротоман тој бил фотографски аматер на голо тело и поседувал збирка од над 10.000 еротски фотографии.
Во 1899 година се оженил за неговата прва сопруга Луиз со која немале деца, а подоцна се разведеле. Во 1923 година се оженил за Алин Стијнакер, со која живеел од 1917 година до неговата смрт, и двајцата имале три ќерки.
Пјер Луис починал од емфизем на 4 јуни 1925 година во Париз, Франција.
Дела
уреди- Astarté (1891)
- Chrysis ou la cérémonie matinale (1893)
- Lêda ou la louange des bienheureuses ténèbres (1894)
- Ariane ou le chemin de la paix éternelle (1894)
- La Maison sur le Nil ou Les apparences de la vertu (1894)
- Песните на Билитис: Книга за античната љубов, Les Chansons de Bilitis (1894)
- Danaë ou le malheur (1895)
- Афродита, Aphrodite (1896) – издфадена и како „Ancient Manners“
- Жената и куклата, La Femme et le Pantin (1898)
- Byblis ou l'enchantement des larmes (1898)
- Дијалози на куртизанките/Лукијан, Mimes des courtisanes de Lucien (1899)
- Les Aventures du Roi Pausole (1901)
- Sanguines (1903)
- Archipel (1906)
- La Femme et le Pantin (1910) – пиеса, со Пјер Фронде
- Isthi (1916)
- Pervigilium Mortis (1917)
- Poëtique (1917)
- издадени посмртно
- Manuel de civilité pour les petites filles à l'usage des maisons d'éducation (1926)
- Trois filles de leur mère (1926)
- Pybrac (1927)
- Histoire du roi Gonzalve et des douze princesses (1927)
- Douze douzains de dialogues ou Petites scènes amoureuses (1927)
- Psyché (1927)
- Au Temps des Juges (1933)
- L'Île aux dames – незавършен роман
- Manuel de Gomorrhe (1991)
Екранизации
уреди- 1920 The Woman and the Puppet – по романот „Жената и куклата“
- 1929 La femme et le pantin – по романот „Жената и куклата“
- 1933 The Merry Monarch – по романот „The Adventures of King Pausole“
- 1933 Die Abenteuer des Königs Pausole – по романот
- 1933 Les aventures du roi Pausole – по романот
- 1946 Laabet el sitt – по романот „Жената и куклата“
- 1948 Du sang, de la volupté et de la mort, part I: Psyche – по новелата „Psyché“
- 1959 La femme et le pantin – по романот
- 1966 Take Me Naked – по поезијата
- 1977 Bilitis – по романот „Песните на Билитис“
- 1977 Cet obscur objet du désir – по мотив на „Жената и куклата“
- 1982 Aphrodite – по романот „Афродита“
- 1985 Les filles de leur mère – ТВ филм
- 1992 La grande collection – ТВ серија, по романот „Жената и куклата“
- 2007 La femme et le pantin – ТВ филм, по романот
Книги за Пјер Луис
уреди- Paul-Ursin Dumont, Pierre Louÿs, l'ermite du hameau, Vendôme, Libraidisque, 1985, 315 p.
- Dominique Bona, Les Yeux noirs: les vies extraordinaires des sœurs Heredia, Paris, Jean-Claude Lattès, 1989, 369 p.
- Jean-Paul Goujon, Pierre Louÿs, Paris, Fayard, 2002, 872 p.
- Jean-Paul Goujon, Dossier secret Pierre-Louÿs-Marie de Régnier, Paris, Christian Bourgois, 188 p.
- Jean-Paul Goujon, L'Œuvre érotique de Pierre Louÿs, Paris, Sortilèges, 1994, 1083 p.
- Rober Cardinne Petit, Pierre Louÿs intime, le Solitaire du hameau, Paris, Jean Renard, 1942, 180 p.
Наводи
уреди- ↑ „Pierre Louÿs: An Inventory of His Papers in the Carlton Lake Collection at the Harry Ransom Humanities Research Center“. Research.hrc.utexas.edu:8080. Архивирано од изворникот на 2010-06-06. Посетено на 2013-09-02.
- ↑ David Grayson, "Bilitis and Tanagra: afternoons with nude women" in Jane F. Fulcher (ed.), Debussy and his world. Princeton: Princeton University Press, 2001, ISBN 0-691-09042-4, pp. 117-140
- ↑ Peter Cogman, "Louÿs, Pierre" in The Encyclopedia of Erotic Literature, Edited by Gaétan Brulotte and John Philips (pp. 828-835). London : Routledge, 2006, ISBN 978-1-57958-441-2
- ↑ French government record archives
Надворешни врски
уреди- Дела од Pierre Louÿs на проектот „Гутенберг“
- Дела од или за Пјер Луис на Семрежниот архив
- Дела од Пјер Луис на LibriVox (аудиокниги во јавна сопственост)
- Author Pierre Louÿs, from the Oldpoetry Poetry Archive
- A Catalogue of the Erotic Works of Pierre Louÿs Архивирано на 28 мај 2012 г.
- The Songs of Bilitis full text
- Pierre Louÿs на Семрежната филмска база на податоци (англиски)